73 - 80 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 5 | 6 | 7 |
Тробоен солен ролат >
Сосотојки:
За ТЕСТО:
5 јајца
1/2 лажичка сол
5 лажици брашно
5 лажици зејтин
3 лажици кисела павлака
1 прашок за печиво
2-3 лажици ајвар
2-3 лажици обарен спанаќ
За ФИЛ:
250 гр. павлака
85 гр. мајонез
200 гр. шунка
5-6 кисели краставички
100 гр. сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со половина лажичка сол за да добиете хомогена смеса и додајте ги останатите состојки. Поделете ја смесата на три еднакви делови.
Во првиот дел додадете го ајварот и убаво измешајте да се соедини.
Во вториот дел додадете го обарениот спанаќ и повторно убаво промешајте да се соедини.
Со помош на кеси и додаток од кујнски шприц, редете ги смесите во тавата за печење наизменично. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 200 степени. Топлото тесто замотајте го во крпа како ролат.
Исечкајте ги краставичките и шунката, издробете го сирењето и измешајте ги со павлаката и мајонезот. Убаво измешајте да се соединат и премачкајте го тестото.
Замотајте го ролатот и оставете го да отстои за да се спои.
Сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Фински пирошки со шунка >
Сосотојки:
За тесто
брашно - 120 гр
масло - 100 гр
павлака - 2 супени лажици
За фил
шунка - 100 гр.
сирење - 50 г Ементалер
печурки - 100 гр.
јајца - 2 парчиња
брашно - 1 супена лажица
бибер
павлака - 1/2 чаша за чај
Упатства:
Од брашното, маслото и павлаката замесете меко тесто и оставете го околу 30 минути во фрижидер.
Намачкајте ги со маргарин калапите за мафини и обложете по малку од тестото на калапите. Исечете ги шунката и сирењето на коцки и измешајте ги со печурките, јајцата, брашното, павлаката и биберот. Распределете го филит во сите калапи. Печете на 200 степени околу 20 минути
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Фокача со маслинки и рузмарин >
Сосотојки:
еден сув квасец
прстофат шеќер
400 гр. брашно
175 мл. млеко
3 лажици маслиново масло
1 лажица сол
За фил:
6 лажици маслиново масло
неколку гранчиња рузмарин
100 гр. црни маслинки
крупна сол
Упатства:
1. Во подлабок сад, добро промешајте го брашното и квасецот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто како за пица.
2. Тестото прекријте го со кујнска крпа и оставете го на собна температура околу еден час. Загрејте ја рерната на 200 степени.
3. Вака подготвеното тесто ставете го на хартија за печење, избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со маслиновото масло.
4. Одозгора наросете со неколку гранчиња рузмарин, додадете ги исецканите маслинки и посипете со крупна сол. Лесно притиснете го тестото за да се залепат состојките, а потоа печете околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Царска пита >
Сосотојки:
- 3 јајца
- 1 чаша зејтин
- 1 чаша јогурт
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
Упатства:
Се мати и по желба се додава ситно сецкана шунка (или суво месо), дробено сирење, сецкан кашкавал, може и кисели краставички, печурки итн.
Се прави комбинација на дополнителни состојки по желба. Се посолува и се посипува со оригано. Се пече на 200 степени додека не добие боја.
Се послужува со јогурт, кисело млеко или павлака.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Цигар бурек >
Сосотојки:
500 гр. готови кори
600 гр. сирење
2 јајца
сол
масло
Упатства:
Готовите кори пресечете ги на половина (на два правоаголници) а потоа попречно така што ќе добиете два правоаголници.
За филот изматете едно јајце и една жолчка и додадете го дробеното сирење, па измешајте ја смесата.
На секој триаголник ставете една лажица фил, преклопете ги страниците на кората навнатре и замотајте ги како цигара. Врвот на кората намачкајте го со изматена белка за да се залепи.
Замотаниот цигар-бурек испржете го во загреано масло додека не добие златно жолта боја и послужете го.
Наздравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизбургер стапчиња од тортиљи >
Сосотојки:
250g мелено месо
1 ситно сечкан кромид
Сол и бибер по вкус
? лажичка лук во прав
3 лажици доматно пире
2 шолји кашкавал по желба
8 тортиљи
Упатства:
Испржете го месото со кромидот и другите зачини. Ставете го доматното пире и кашкавалот да се растопи. Наполнете ги тортиљите и потпечете ги во рерна.
Вкусно!
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Шарена солена торта >
Сосотојки:
Тесто:
2 јајца
1 дцл. јогурт
1 дцл. масло
6 супени лажици брашно
малку сол
? кесиќка прашок за печиво
Фил:
600 гр. меко сирење
1 маргарин
1 чаша кисела павлака
400 гр. салама
Упатства:
Смесата за жолтото тесто истурете ја во подмачкан плех и печете околу 20 минути на 200 степени. Направете уште две теста со истите состојки со тоа што во едната смеса ќе додадете обарен, исецкан и исцеден спанаќ, а в другата две лажици ајвар или црвена пипер.
Состојките од филот посолети ги и соединете ги. Филувајте најпрво на жолтата кора, па црвената, па зелената кора. Премачкајте со мешавина од павлака и сирење. Декорирсјте по сопствена желба и ставете ја тортата во фрижидер пред сервирање.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Шпанска пита >
Сосотојки:
1 чаша јогурт,2 чаши брашно,1/2чаша зејтин,3јајца, 1 пециво, кисели крставички ситно сецкани, 100-150гр.сувомеснато исецкано на коцки, 150гр.кашкавал исто исецкан на коцки
Упатства:
Се матат сите состојки, ги додаваме краставичките,сувомеснатото и кашкавалот. Има доволно смеса за плех со 12 отвори(како за мафинс)секоја се премачкува со малку маргарин и се полни 3/4 од отворот
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот