1 - 12 рецепти од 80 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 7 |
Киш Лорен >
Сосотојки:
- 200 гр брашно
- 100 гр путер
- Сол
- Жолчка (за тестото)
- 150 гр чадена сланина
- Павлака
- Путер
Упатства:
Оваа полнета торта е карактеристично јадење за регионот Лорена во североситочна Франција и е познато во целиот свет.
За да се подготви основата измешајте го брашното со путерот, жолчката, водата и ставете малку сол. Тестото откако ќе се соедини ставете го во тепсија подмачкана со малсо.
За филот , сланината исечена на парчиња пропржете ја на путер, изматете ги јајцата, жолчката и павлката во еден сад. Врз тестото ставете ја сланината испечена на коцкички и смесата од јајца, павлака и путер. Се пече во рерна од 34 до 40 минути и се остава малку да се излади.
Препорака:
Послужете ја тортата откако убаво ќе се излади и прелијте ја со топена павлака.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Влашки Тиганици >
Сосотојки:
1/2 кгр. брашно
100 гр. масло
150 гр. ореви
сол
вода
Упатства:
Замешајте гo брашното со обична вoда и направете тесто како за палачинки и ставете малку сoл. Пржете ги палачинките од двете страни со тоа што тавата ќе ја мачкате со масло со парче чиста газа. Секоја палачинка ставете ја на не многу јака плотна и испечете ја од двете страни и кога ќе биде испечена завиткајте ја во салвета. Така пoстапете додека не ги испржите и испечете сите. Во 1/2 лит. вoда ќе ги ставите оревите и маслото. Ќе го посoлите и ќе го ставите на оган да зоврие. Вo една тава наредете еден ред oд тиганиците, порoсете ги со течноста и така се додека не ја потрошите течноста и тиганиците. На крај исечете ги на коцки и прелијте ги со остатокoт од сокoт. Покријте ги со друга тава одозгора да постoи 10 минути и потоа сервирајте ги. (по желба може да се стави вo водата 1-2 чешнина лук ).
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи пирошки од бајат леб >
Сосотојки:
1 бајат леб
3 јајца
презла
сирење (или кашкавал)
салама
млеко
сол, бибер, вегета
Упатства:
Лебот се крши на ситни парчиња, па се полева со млако млеко да покисне околу 10-15 минути.
Во меѓувреме ситно се сечкаат сирењето и саламата, а може и да се изрендаат.
Во посебен сад се матат трите јајца.
Откако лебот убаво ќе покисне малку се замесува со рака, а ако има вишок млеко се цеди. Потоа се додаваат јајцата, сирењето и саламата, па по желба се става сол, бибер и вегета. Додека се меси смесата во неа полека се додава презла колку што е потребно за да се добие убава хомогена смеса од којашто ќе може да се формираат пирошки. Секоја пирошка се валка во презла и се пржи во масло додека да зарумени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовен киш >
Сосотојки:
Тесто:
300 гр. брашно
139 гр. путер или маргарин
1 јајце
1/2 лажичка сол
4 лажици ладна вода
Фил:
3 јајца
300 гр. сирење
блитва
Премаз:
1 жолчка
2 лажици млеко
Упатства:
Подготовка на тестото:
Ставете го во сад брашното, солта и маргаринот, исечен на листови. Потоа додадете ја водата и јајцата и направете компактно тесто. Ставете го во фрижидер околу 30 минути.
Подготовка на филот:
Обарете ја блитвата и исцедете ја. Изматете ги јајцата и на таа маса додадете сирење и сецканата и цедена блитва.
Изработка:
Поделете го тестото на два дела. Работната маса посолете ја со брашно и на неа расукајте го првиот дел од тестото. Кората ставете ја во калапот каде ќе го печите тестото и отстранете го вишокот тесто.
Другиот дел од тестото исукајте го во округла форма.На неколку места од тестото извадете со калап форми на срце.
На првото тесто ставете го филот, а врз филот ставете го второто тесто.
Премачкајте го кишот со жолчка разматена со млеко.
Извадените форми на срца наредете ги на горниот дел и премачкајте ги со жолчка.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини пици >
Сосотојки:
* 3-4 мини теста за пици
* малку путер или маслиново масло
* 3 сос од домати
* 90 г шунка или пилешко исечено на ленти
* 60 г (2 / 3 чаша) рендано сирење
Упатства:
Пред да започнете со подготвување на овој рецепт загрејте ја рерната на 240 C.
Лесно намачкајте ги тестата за пица со путер или маслиново масло. Така намачкани ставете ги во подготвениот сад за печење, и на нив додадете доматен сос и сецкана шунка, и на крај рендано сирење.
Така подготвени тестата ставете ги во рерна за да се печат 8-10 минути, или додека сирењето се топи и не добие златна боја.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза пица >
Сосотојки:
Потребно за тесто:
2 чаши за млеко брашно
1 чаша за млеко, кисело млеко
1 филџан за кафе зејтин
1 прашок за печиво
1/2 мала лажица сол
Потребно за фил:
200гр. кашкавал
200гр. свинска шунка
100гр. пилешка шунка
5-7 кисели краставички
300гр. сечкани маринирани шампињони
2-3 јајца
кечап
зачини по вкус (бибер,оригано...)
Упатства:
Се помешуваат сите состојки за тестото и се месат додека на се добие еднолична смеса, па во намрсен плех се распоредува рамномерно секаде со раце.Целото тесто се премачкува со кечап па се става филот.Пицата се пече 20-25 мин на загреана рерна на 200 степени, па се ставаат разматените јајца и се остава уште 10-тина мин.Зачините може да се стават или во јајцата или откога ќе се извади од рерна.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешка салата >
Сосотојки:
1,5кг копани или 1кг стек
1 тегла кисели краставички
1 тегла маринирани шампињони
300гр кашкавал
300-500гр кисела павлака
3-5 лажици мајонез
сол, бибер, вегета
Упатства:
Се варат копаните(стекот) во вода во која додаваме сол и 1 главица кромид, откако ќе се свари месото го цедиме и го делиме од коските па ситно го сецкаме, на коцки ги сецкаме и печурките, краставичките,шампињоните, и кашкавалот.Ги помешуваме состојките и додаваме зачини и мајонезот и павлаката.
Добар апетит
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Рости >
Сосотојки:
- 800 гр компири
- 100 гр чадена сланина
- Сол
- Мелен црн пипер
- 4 лажици масло
Упатства:
Опис на јадењето:
Рости се тортички од компири, кои се прават лесно и се типични за рустикалната швајцарска кујна. Може да бидат одличен додаток или вистински оброк.
Начин на приготвување на рецептот:
Компирите се варат со лушпа 10 минути, потоа се цедат и се оставаат да се изладат. Компирите крупно се рендаат, а сланината се сече на коцкички. Компирите и сланината се мешаат и се додава сол и црн пипер. Се загреваат две лажици масло во тава за пржење, се става од смесата и се притиска со виљушка. Прженицата се пржи 7 – 10 минути од секоја страна на умерен оган.
Препорака:
Сервирајте со топка од солена павлака.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ и фета сирење >
Сосотојки:
* 1 лажичка маслиново масло
* 2 млади кромитчиња,
* 3 чешниња лук
* 3/4 шолја млеко
* 1 лажица пченкарен скроб
* 1/2 лажичка оригано
* 250 г замрзнат спанаќ, или свеж
* 50 г фета сирење
* 1 јајце изматено
* кори за баклава
Упатства:
Во тавче пропржете ги кромидот и лукчињата околу 5 минути.
Во посебен сад измешајте го млекото, скробот, ориганото, спанаќот, фета сирењето, јајцето па во смесата додадете го и кромидот.
Загрејте ја рерната на 180 ° C. а тавчето во кое ќе ја печете питата посипете го со маслиново масло, ставете неколку готови кори на дното, а потоа ставете од смесата рамномерно на целата кора и покријте го со уште два слоја од кори.
Повторете, додека не ја потрошите целата смеса. На крајот горната кора лесно, премачкајте ја со маслиново масло.
Печете додека питата не добие златно-кафеава боја, околу триесет минути.
Откако ќе ја извадите од рерна покријте ја питата со крпи околу 10 минути, а потоа исечете на коцки сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици од ориз >
Сосотојки:
* 50 g путер
* 80 g кромид
* 200 г ориз
* малку шафран ако имате
* 500 ml вода
* 1 лажица вегета
* 50 g рендано сирење пармезан
* 200 г свежо кравјо сирење
* 1 лажица свежо исечен босилек
* 80 g брашно
* 1 јајце
* Масло за пржење
Упатства:
Во зејтинот кратко пропржете го сецканиот кромид, а потоа додадете го оризот и пржете се заедно околу една минута.
Додадете шафран, топла вода, вегета и сето тоа оставете да се динстува околу 5 минути. Садот со ориз отстранете го од ринглата и додадете го ренданиот пармезан, сирење и босилек и промешајте.
Оставете ја смесата покриена 1 час.
За крај промешаје 50 g брашно и јајца и додадете го тоа во подготвената смеса со ориз а потоа формирајте ги топките по желба.
Извалкајте ги топките во преостанатото брашно и пржете го во длабоко добро загреано масло околу 5 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Варени компири со пршута >
Сосотојки:
• малку Сол
• 50 грама Пршута
• 20 милилитри Оцет
• 4 лажица/ци Масло
• малку Магдонос
• 400 грама Компир
• малку Црн пипер
Упатства:
Измијте ги компирите, ставете ги во сад за варење на пареа, садот ставете го врз сад со зовриена вода, па варете ги 20 минути.
Во еден сад ставете оцет, малку сол,масло и црн пипер. Исцедете ги компирите, без да ги лупите, исечете ги на тенки кришки и ставете ги во чинија. Сe уште топли зачинете ги со оцетот. Пршутата исечете ја на парчиња.
Ставете ги во тава со масло и пржете ги сe додека не станат крцкави. Извадете ги со лажица-цедилка и додајте ги на компирите, Измешајте ги и сервирајте ги
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Манастирско сирење >
Сосотојки:
600 гр. бело cирење
80 гр. растопен путер
8 чешниња рендан лук
20 гр. буковска пипер
40 гр. пресно млеко
Упатства:
Сирењето се ренда на ситно ренде, се додава путерот, млекото, лукот и буковската пипер. Се меша со жица за матење се додека се изедначи смесата. Потоа се сервира на подлога од зелена салата, свеж патлиџан, краставичка, се декорира по желба и вкус.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот