1 - 12 рецепти од 82 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 7 |
Пилешко со лимон >
Сосотојки:
• 100 милилитри Суво бело вино
• малку Сол
• 1200 грама Пилешко
• малку Оригано
• 4 лажица/ци Масло
• 6 чешниња Лук
• 1 парче/чиња Лимон
• 1 Китка магдонос
Упатства:
Од месото остранете ја кожата. Измијте го лимонот, исечете го на половина, па секоја половина исечете ја на 6 дела.
Главицата лук поделете ја на чешниња без да ги лупите, ставете ги во тава со месото, парчињата лимон и 4 лажици масло. Посолете ги и измешајте ги состојќите. Додајте го виното, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го месото на 200 степени 30 минути.
Тргнете ја фолијата и продолжете со печењето уште 20 минути. Посипете го пилешкото со исечан магдонос и сервирајте го.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен клуб сендвич со сланина и пилешко >
Сосотојки:
2 парчиња сланина
3 парчиња тост леб
3 лажици мајонез
2 листови зелена салата
30 гр пилешко месо, рендано
2 парчиња домати
2 парчиња кашкавал по ваш избор
Упатства:
Испечете го лебот. Ако е можно, исечете го на триаголници. Загрејте малку маснотии во тава на висока топлина и пржете ја сланината од сите страни. Исцедете на хартија. Намачкајте мајонез на парчињата леб. Наредете ја зелената салата на едно парче. Покријте го со рендано месо, парче домат и парче кашкавал.
Повторете се на второто парче, кое ќе го поставите на првото. Конечно, третото парче служи како капак за сендвичот. Се мачка и со остатокот од мајонезот.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пилешко со корнфлекс >
Сосотојки:
1/2 кгр. пилешки стек
корнфлекс
масло за јадење
зачини по желба
Упатства:
Пилешкото исечете го на коцки и премачкајте го со сенф. Оставете го да постои 1/2-1 час или преку нок?. Корнфлексот изблендирајте го или измелете го и по желба зачинете. Пилешкото извалкајте го прво во корнфлекс, во јајце, па повторно во корнфлекс. Пржете ги на загреано масло на средна температура.
За сосот измешајте мајонез, павлака, сенф и сок од лимон.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети колбаси со сланина >
Сосотојки:
500 грама полутрајни колбаси
120 грама кашкавал
120 грама листови сланина
масло
Упатства:
Колбасите ги сечиме на парчиња од 5 сантиметри.
Кашкавалот го сечкаме на стапчиња.
Секое парче колбас го засекуваме попречно и во просторот ставаме кашкавал. Ги замотуваме во лист сланина.
Во тефлонско тавче загреваме малку масло и ги ставаме колбасите со сланината надолу за да се залепи. Се пржат убаво да поруменат од сите страни.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Гнезда од мелено месо >
Сосотојки:
600гр мелено месо,1 главица кромид, магдонос, 2 јајца, 2 лажици презла и кашкавал
Упатства:
Од горе наведените состојки се замесува тесто за ќофтиња, со рака од месото се формираат гнезда и внатре се става рендан кашкавал. Се става во тава од шпорет, се става зејтин и малку вода и се печат на 200 степени..
Време потребно за подготовка: 35 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчко ќофте >
Сосотојки:
за сос:
3 жолчки
3големи лажици павлака
малку лимонов сок
се разматува заедно се додава црн пипер и сол и се остава на страна
за ќофте:
1 главица кромид ситно сецкан
300-400 грама мелено месо
црн пипер
вегета
сол
трошки од 3 парчиња леб
1 јајце
ситно сецкан магдонос( од една киска магдонос половината се става во место за ќофтето )
Упатства:
Се меси убаво месото и од него се формираат средно големи топчиња и се прпелкаат во останатата половина ситно сецкан магдонос
(доколку немате или не го сакате магдоносот може и без него и така се убави)
Се редат во тавче и се преливаат со вода и се ставаат да се варат на тивко.
Кога ке се сварат ќофтињата се прави запршка од масло(малку повеке) и брашно(без пипер) и се додава во водата во која се варат ќофтињата и се оставаат уште малку да провријат заедно.
Потоа се вадат ќофтињата на страна и во водата во која се вареле се тура претходно приготвената павлака со жолчки и се вари да се згусни.
Откако е готово со овој сос се преливаат ќофтињата .Потоа се сервираат.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијанско ќофте >
Сосотојки:
- 700 гр. мелено месо
- 1 јајце
- 1 пак. пармезан
- 1 лажица презла
- 1 чешне лук
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче пипер
- 1/3 чаша млеко
- 1/2 лажица оригано
Упатства:
Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои два часа во фрижидер.
Направете ќофтиња во облик и големина по Ваша желба и малку испржете ги во врело масло. Во истата тава направете сос од домати. Вратете ги ќофтињата во сосот и варете ги околу 15 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинески пилешки топчиња >
Сосотојки:
100 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 прстофат сол
1 лажичка масло
125 мл вода
Масло за пржење во длабока тава
За пилешко:
5 лажици пченкарно брашно
бел или црн бибер
4 парчиња пилешки гради исечени на коцки
Упатства:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво и солта. Додадете масло и вода, мешајќи постојано, додека не се изедначи. Конзистентноста треба да биде кремаста. Доколку е потребно, додадете повеќе вода. Оставете ја смесата да одмори 30 минути.
Загрејте го маслото за пржење на висока температура. Во посебен голем сад измешајте го пченкарното брашно со пиперката. Превртете ги коцките пилешко во неа, така што добро се лепат насекаде. Потоа потопете ги во крем смесата и ставете ги во тавата да се пржат околу 5-6 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ручек готов за половина час >
Сосотојки:
500 грама пилешко месо
500 милилитри Хопла за горвење
2 кесички инстант супа од печурки
Упатства:
Супите проварете ги неколку минути во 500 милилитри зовриена вода.
Потоа, додадете ја хоплата, соединете добро и прелијте го месото.
Печете околу 30 минути на 200 степени целзиусови.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња во доматен сос >
Сосотојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол,
црн пипер
? лажичка мелен ким
? лажичка мелена лут пипер (чили)
ЗА СОС: 500 г доматен сос/ домати од конзерва 1 чешне лукче
Упатства:
ПОСТАПКА:
Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест.
Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер.
Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.
Ќофтенцата вадете ги на чинија, а истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.
Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Телешки медаљони >
Сосотојки:
- 1-1,5 кгр. телешко месо
- маслиново масло
- сол
- суви зачини
- лук
- пченкарно брашно
- црвена пипер
- јајце
- масло
Упатства:
Телешкото месо измијте го, исечете го и пресечете го на медаљони. Најдобро е да го подготвите од претходниот ден и да го оставите во маринада од маслиново масло, бибер, сол, сув зачин и лук во прав. Следниот ден секој медаљон ставете го во мешавина од пченично и пченкарно брашно, во кое има и една лажица црвена пипер.Потоа месото ставете го во јајце и презла и пржете во многу масло. Извадете ги медаљоните и оставете ги на хартија да се впие маснотијата.Служете со ладен сос направен од две лажици мајонез, две, две лажици кисела павлака, лажица сенф и лажица кечап
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнето пилешко со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
- пилешко месо
- Mama`s ајвар
- магданос
Упатства:
Испечете го пилешкото месо на скара. Превиткајте го на половина и во внатрешноста ставете Mama`s ајвар. Одозгора ставете магданос
Пријатен ручек
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот