49 - 60 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Пилешко во тесто > Сосотојки: 300 гр пилешко филе, исечкано на коцки
1 главица кромид, ситноо исечкана
2 лажици масло
1 чаша бело вино
200 гр маринирани шампињони
сол, бибер, црвен пипер
ситно сечкан магдонос
2 пакување лиснато тесто
1 јајце и 1 жолчка
Упатства: Пилешките коцки зачинете ги со сол и бибер и маринирајте ги со сенф. Во тава загреана на средна температура ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло пржете го кромидот. кога ќе омекне, ставете ги шампињоните. Зачинете со сол, црвен пипер и бибер. Намалете го огнот на најмала температура и ставете ги коцките пилешко. Промешајте и кога пилепшкото ќе побели, ставете го виното и оставете да испари. Гответе околу 1 час, додека да омекне месото. По потреба, во текот на динстањето, додавајте малку вода. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го на чинија настрана. Првата кора лиснато тесто расукајте ја и од неа одвоете 4 кругови. На некој од круговите распоредете го филот. На краевите намачкајте со изматена белка или изматено јајце.
Второто лиснато тесто расукајте го и од него исто така одвојте 4 идентични кругови. Секој наполнет круг со пилешко преклопете го со друг, празен круг. Двете теста убаво притиснете ги од страните за да не истече филот при печење. Од преостанатиот дел од тестото, направете форми и облици по ваша желба, со помош на нож.
На крај, секое парче премачкајте го со жолчка. Готовите теста наредете ги во тавче за печење, намачкано со маргарин. Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 30 минути.
Кога ќе бидат готови, направете мал отвор горе на секое тесто и во него полијте малку разматена кисела павлака.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско месо со павлака и печурки > Сосотојки: 4 свински шницли
1 кромид
2 супени лажици маргарин
225 гр печурки (маринирани или свежи)
2 супени лажици сок од лимон
150 мл павлака
сол и црн пипер (по желба)
Упатства: Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко со лук > Сосотојки: 25 чешниња лук исецкани по должина
8 парчиња пилешко (батаци и карабатаци)
Околу 4 лажици маслиново масло
100 мл бело суво вино
2 лажици брашно
400 мл пилешки бујон (2 мали коцки на пола литар вода)
Магдонос (околу 1 голема лажица)
Сол
Бибер
Упатства: Во подлабоко тавче се пржи лукот околу 5 минути на тивкок оган во 2 лажици масло. Треба да се внимава да не потемни. Се вади од тавчето и се трга на страна.
Се додаваат уште 2 лажици масло и во истото тавче се пржи месото по околу 10-на минути од едната и од другата страна. Се посолува и забиберува.
Во меѓувреме се подготвува бујонот.
Кога месото е зацрвенето од двете страни се додава лукот, бујонот и виното, се поклопува со капак и се остава да се динста околу половина час.
На крај, се доваат 2 лажици брашно, при што треба да се внимава да не се направат грутки, се додава магдоносот, по вкус се додава сол или бибер и се остава на тивок оган уште 10-на минути.
Се сервира прво месото, се прелива со сосот од лук и се декорира со свеж магдонос.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Богат ролат од месо > Сосотојки: Свинска удина
Шницли од телешко, пилешко и мисиркино месо
2 палачинки
4 виршли
4 лажици грашок
12 парчиња морков
сол,
бибер,
вегета,
масло
вода
За прилог:
400 гр. грашок
1-2 чешниња лук
1-2 лажици маслиново масло
першун
вода по потреба
Упатства: Шницлите добро истолчете ги, посолете ги и забиберете ги. На секоја шницла ставете по една палачинка во која ќе завиткате виршла и лажица грашок. Во средината ставете ја свинската удина. Наредете ги и морковите завиткајте ролат и по потреба зацврстете го со чечкалици или кујнски конец. Ставете вегета и други зачини по Ваша желба и оставете го во садот во кој ќе го печите. Намастете го садот со маслиново масло.
Печете на темпетарура од 200 C, додека ролатот убаво не се зацрвени. По печењето извадете ги чечкалиците, или кујнскиот конец и исечете го.
Динстран грашок: Исечкајте ги лукот и першунот и испршете ги на маслиново масло. Кон тоа додадете го грашокот и вода и оставете да се динста. Сервирајте со ролатот.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки батаци во маринада од матеница > Сосотојки: 6 пилешки батаци
За маринадата:
1 чаша матеница
1 лажица маслиново масло
5 мелени чешниња лук
неколку гранчиња магдонос, сецкани
сол и бибер по вкус
Упатства: Сите состојки за маринадата се комбинираат и се мешаат многу добро. Батаците може да се маринираат во сад. Прелијте ги со маринада, покријте го садот со свежа фолија и ставете го во фрижидер најмалку 12 часа, по можност 24 часа. Потоа истурете во соодветен сад за печење со маринадата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или додека не завршите. Послужете со гарнир по ваш избор.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Турска лепиња полнета со месо и зеленчук > Сосотојки: 500 гр брашно
160 мл вода
160 мл млеко
3 лажички сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Полнење
1,5 кг месо по ваш избор (телешко, пилешко, јагнешко)
Упатства: Прво, замесете тесто. Оставете го тестото да стаса на топлина, додека го печете месото од сите страни во подлабока тава. Покријте и додадете малку вода колку што е потребно за да зоврие (времето на вриење зависи од видот на месото). Кога месото е речиси на половина, додадете зеленчук по ваш избор и зачини.
3
Покријте, мешајќи повремено, додајте течности и продолжете додека не завршите.
4
Добиеното топче тесто поделете го на два дела, едниот треба да биде малку поголем, на пример 60% од тестото треба да биде во долната кора, која треба да биде малку подебела во однос на „капакот“.
5
превртете се на набрашнета површина и ставете ги во плех каде што имате намера да печете. Наредете го месото и зеленчукот на тестото, но внимавајте рабовите на тестото да ги оставите слободни на околу 2 см од крајот.
7
Рабовите каде што се составуваат горното и долното тесто треба се добро склопени, така што тестото да не се разделува за време на печењето.
8
Одозгора можете да го премачкате со жолчка или масло и да посипете со сусам или лен
9
печете на 180 С во загреана рерна додека не се добие прекрасна боја на лепињата. Ви требаат околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Мусака од печени пиперки и мелено месо > Сосотојки: 10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)
500 грама мелено месо
200 грама кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
1 главица кромид
150 грама ориз
Свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер
Упатства: Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло, додадете го меленото месо, зачинете и додадете го сварениот ориз. Откако целата смеса добро ќе се испржи додадете сецкан магдонос и тргнете од оган .
Во сад измешајте ја павлаката со јацата и зачинете. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, на дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени, потоа врз пиперките премачкајте од павлаката со јајца, па потоа нанесете еден слој од смесата со мелено месо.
Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата количина на продукти, одозгора прелијте со павлаката и јајцата.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки копани во сос од павлака > Сосотојки: 4 пилешки копани со подкопани
450 гр. кисела павлака
4-5 лици сенф
малку лук
масло
сол
3-4 компири по желба
Упатства: Во сад измешајте ја киселата павлака, сенф, малку масло, сол, бибер и рендан лук и добро измешајте.
Копаните и подкопаните ставете ги во смесата и потоа ставете ги во намрсена тава.
По желба додадете и компири исечени на парчиња.
Тавата покријте ја со фолија и печете околу 50 минути на 200 степени.
Потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата во рерна уште 10 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Печено јагнешко месо со компири > Сосотојки: Јагнешки бут
Една дланка морска сол
Пет чешниња лук
Рузмарин
Бибер
200 грама маслиново масло
два килограми млади компири
Упатства: Во добро измиеното јагнешко месо втријте ја морската сол и бибер, ставете од рузмаринот и замотајте го месото во фолија, а потоа оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.Кога ќе го извадите од фрижидер, прелијте го со маслиново масло и ставете го во тава и во ладна рерна, која потоа треба да ја уклучите на 180 степени. На тој начин јагнешкото ќе се пече побавно и поради тоа ќе биде посочно.Печете го околу 60 минути, а потоа додадете малку вода и со маша свртете го да се испече рамномерно од сите страни. По 30 минути одново треба да го свртите и да го прелиете со сосот од печењето.Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во тава за печење. Обарените компири ќе впијат малку масло и ќе бидат многу вкусни. Зависи од големината на компирите, но нив ќе треба да ги печете од 25 до 35 минути.Пред крај на печењето, додајте само ситно сецкан лук. По печењето на месото, ќе бидат потребни околу 15 минути јагнешкото да се опушти за да биде помеко и посочно. Потоа може да се сече. Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пијана кокошка > Сосотојки: Пиле од 1-1,5кг
сол,
црн бибер
со масло
1 пиво
компири
моркови
печурки по желба
Упатства: Пиле од 1-1,5кг, се зачинува со мешан зачин,сол,црн бибер и се премачкува со масло.Се набодува на претходно измиено и исцистено(од лепенките) шише со пиво, отворено.Така се става на средина на тавата.Тавата ја полниме со сецкани(крупно) компири и моркови(може и печурки) Ги попрскуваме со масло,умерено ги зачинуваме со сол,мешан зачин,оригано и ги мешаме за да се изедначи зачинот
Така приготвената тава ја печиме на 200 степени околи час и половина. Во текот на печењето не е потребно пилето да се завртува,тоа се пече рамномерно,исто така кога пивото ке почне да врие,постепено го натура пилето.Тоа добива сочен вкус.
Кога е веке убаво заруменето,го вадиме од рерна,чекаме да се излади,за да му го отстраниме шишето и го подготвуваме за јадење.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчко гиро > Сосотојки: Свински врат без коски - 500 гр.
6 тортиљи
1 главица кромид
5 лажици маслиново масло
1 лажица мед
1 лажица јаболкова киселина
сол по вкус
зачин за гирос - микс од оригано, кромид и лук во прав, першун, мајчина душица, црвена пиперка, бибер
За сервирање
домат
помфрит
сос - по желба
Упатства: Направете маринада за месото така што ќе ги измешате зачините со маслиново масло, мед, киселина и сол. Кромидот исечете го на полумесечинки. Ставајте го кромидот меѓу месото. Оставете го во фрижидер неколку часа.
Кога ќе биде готово, испечете го месото во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.
Исечете го месото на танки и долги парчиња. Тортиљата свиткајте ја како фишек и ставете месо, помфрит, домати и сосови по желба.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети патлиџани со пилешко и киноа > Сосотојки: 3 патлиџани со средна големина, исечени на половина по должина
200 гр пилешко
? с.л. сол
3 лажици маслиново масло
1 црвен кромид исечкан на коцки
4 чешниња лук, мелени
4 средни домати, исечени на коцки
3 лажици доматно пире
ким
? лажичка црвена црвена пиперка
1 чаша киноа
копар за попрскување
Упатства: Исечете го пилешкото и пржете го. Загрејте ја рерната на 200 степени. Издлабете ја внатрешноста на патлиџаните и исечете го нивното месо на коцки. Посипете со сол, како и самите модри патлиџани.
Додадете кромид, лук, модар патлиџан и домати во тавата со пилешко. Гответе околу 10 минути, мешајќи.
Додадете доматно пире, ким и црвен пипер. Мешајте додека не се рамномерно зачинети сите состојки. Тргнете од оган.
Варете ја киноата во топла вода неколку минути.
Пополнете ги модрите патлиџани со смесата и печете во загреана рерна околу 30 минути. Украсете со копар и уживајте!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|