25 - 36 рецепти од 82 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 7 |
Ролат со пилешко месо и леб >
Сосотојки:
Пилешки гради
400 гр брашно
400 грпрезла
4 јајца
200 мл масло за пржење
1 голем багет
10-12 парчиња моцарела
65 гр растопен путер
3 чешниња лук
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица пармезан
Упатства:
Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла.
Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја.
Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата.
Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри.
Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан.
Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко во бел сос >
Сосотојки:
1 гранче магдонос
1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
250 гр. јогурт
1 лажица млеко
1 лажица оцет
шеќер
2 јајца
300 гр. пилешки гради
4 лажици брашно
150 гр. презла
4 лажици путер
Упатства:
1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.
2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.
3.Сервирајте го местото и прелијте го со сосот.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни кебапи со ајвар >
Сосотојки:
– 750 грама мелено јунешко месо
– 400 грама мелено свинско месо
– 1 главица и 4 чешниња лук
– 2 лажички сода бикарбона
– 1 лажица црвен пипер
– 1 јајце
– 150 милилитри кисела вода
– маслиново масло
– 1 главица кромид
– 1 китка магдонос
– 6 тортиљи
Упатства:
Во голем сад ставете го јунешкото и свинското месо, потоа излупете и исецкајте четири чешниња лук. Додајте ја сода-бикарбоната, пиперот и зачините. Додајте јајце и со раце измешајте ја смесата, а потоа сипете кисела вода, за сето тоа да се соедини.
Месото поделете го на 10 или 12 делови, а потоа секој дел обликувајте го во форма на колбас т.е. ќебап – нека биде долг околу 10 сантиметри, а широк околу 2 сантиметри. Ставете ги ќебапите на подмачкана тепсија, прекријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер да отстојат.
Печете ги на скара, или во тава на шпорет на средна температура, не подолго од 15 минути (или додека не се готови).
Џејми предлага да ги послужите на топли тортиљи, премачкани со ајвар.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Француска пита со телешко месо >
Сосотојки:
лиснато тесто - 400 г
месо - 400 г телешко + 200 гр свинско
моркови - 1 парче
кромид - 1 главица
бело вино - 100 ml
јајца - 2 парчиња
павлака - 2 лажици
лук - 1 чешне
магдонос - ? китка
сол - 2 штипки
црн пипер - ? лажиче мелено
Упатства:
Морковите, лукот и кромидот се сечат на ситно. Магдоносот се сече на ситно. Во тенџере се мешаат двата вида месо, морковите, лукот, кромидот, 1 јајце, павлаката, виното, солта и црниот пипер.
Тестото се сучи малку и се дели на два нееднакви дела. Поголемиот се става во сад намачкан со маст.
Врз тестото се става филот и се покрива со останатото тесто. Краевите се стискаат и се мачкаат со жолчка. Печете 1 час на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Ловџиски суџук >
Сосотојки:
свинско месо - 2 кг
говедско месо - 2 kg
сланина - 1 кг
сол - 125 г
црн пипер - 10 г
Јенибар - 10 гц
црвен пипер - 10 г
шеќер - 1 лажица
свински црева за полнење
Упатства:
Се сечка месото на ситно, се додаваат сол и зачини и добро се промешува. Оставете го да отстои преку ноќ. Наполнете ги со смесата измиените црева, но без да стегате многу.
Исечете ги цревата на одделни пократки суџуци. Наредете ги на табла и потиснете ги со друга потешка табла одозгора. Оставете ги да отстојат така 2 дена, по што наредете ги да се сушат на промаја.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Пикантна пајка >
Сосотојки:
2 кг пајка
250 гр.круши
250 гр.компот од кајсии
1 ч.л.црвен пипер
1 ч.л. мајчина душица
1 с.л.брашно пченкарно брашно
1 прстофат црн пипер
1 ч.л.сол
Упатства:
Посолете ја пајката (претходно исчистена) однадвор и одвнатре. Исцедете ги крушите и кајсиите и наполнете ја пајката со нив.
Заврзете и ги нозете и крилата, посипете ја со црвен пипер и мајчина душица. Ставете малку вода во огноотпорен сад со капак и ставете ја пајката во него.
Печете 1 1/2 часа во рерна на 225 С. Исечете ја готовата пајка на порции.
Во маснотијата запржете брашно, додадете вода, сол и зачини и оставете да се згусне. Сервирајте како додаток.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки ражничи со зеленчук - кромид, тиквички и чери домати >
Сосотојки:
200 г пилешко месо
1 тиквичка
100 гр чери домати
1 главица кромид
100 гр печурки
1/2 лажиче црн пипер
1 лажиче оригано
сол
30 г путер
Упатства:
Тиквичката се сече на тркалца, а чери доматите и печурките се мијат темелно и се оставаат да се исушат.
Кромидот се лупи и сече на четвртинки.
Пилешкото месо, се сече на коцки.
На дрвени раженчиња се набодува месото и зеленчукот. Посипете со зачините и премачкајте ги состојките со путер.
Ражничите се печат на скара од сите страни додека поруменат.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиле Кентаки >
Сосотојки:
10 пилешки копани
150 гр. Путер или маргарин
300 гр. Рендано тврдо сирење или кашкавал
1 цела лажичка вегета
3 полни лажици презла
Упатства:
Вклучете ја рерната и оставете ја да се загрее до 180 степени.
Исчистете ги пилешките копани од кожата, не е потребно да ги солите. Растопете го путерот во мала тава за сос.
Во голем сад изрендајте го сирењето / кашкавалот, додадете ја вегетата и презлата и промешајте ги состојките со раце.
Земете парче месо и ставете го во садот со стопен путер да се премачка од сите страни, а потоа префрлете во садот со рендан кашкавал.
Тркалајте го така секое бутче соодветно во маста и смесата со сирење, лебни трошки и зачини.
Ставете го пилето во тава, не е потребно премачкување.
Кога целото месо е уредено во плехот, залејте го со остатокот од стопен путер, а потоа посипете го со остатокот од смесата со сирење, лебни трошки и зачини. Ставете го пилешкото во загреана рерна и печете околу 50 минути, или додека не потемни.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пијана кокошка >
Сосотојки:
Пиле од 1-1,5кг
сол,
црн бибер
со масло
1 пиво
компири
моркови
печурки по желба
Упатства:
Пиле од 1-1,5кг, се зачинува со мешан зачин,сол,црн бибер и се премачкува со масло.Се набодува на претходно измиено и исцистено(од лепенките) шише со пиво, отворено.Така се става на средина на тавата.Тавата ја полниме со сецкани(крупно) компири и моркови(може и печурки) Ги попрскуваме со масло,умерено ги зачинуваме со сол,мешан зачин,оригано и ги мешаме за да се изедначи зачинот
Така приготвената тава ја печиме на 200 степени околи час и половина. Во текот на печењето не е потребно пилето да се завртува,тоа се пече рамномерно,исто така кога пивото ке почне да врие,постепено го натура пилето.Тоа добива сочен вкус.
Кога е веке убаво заруменето,го вадиме од рерна,чекаме да се излади,за да му го отстраниме шишето и го подготвуваме за јадење.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Печено јагнешко месо со компири >
Сосотојки:
Јагнешки бут
Една дланка морска сол
Пет чешниња лук
Рузмарин
Бибер
200 грама маслиново масло
два килограми млади компири
Упатства:
Во добро измиеното јагнешко месо втријте ја морската сол и бибер, ставете од рузмаринот и замотајте го месото во фолија, а потоа оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.Кога ќе го извадите од фрижидер, прелијте го со маслиново масло и ставете го во тава и во ладна рерна, која потоа треба да ја уклучите на 180 степени. На тој начин јагнешкото ќе се пече побавно и поради тоа ќе биде посочно.Печете го околу 60 минути, а потоа додадете малку вода и со маша свртете го да се испече рамномерно од сите страни. По 30 минути одново треба да го свртите и да го прелиете со сосот од печењето.Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во тава за печење. Обарените компири ќе впијат малку масло и ќе бидат многу вкусни. Зависи од големината на компирите, но нив ќе треба да ги печете од 25 до 35 минути.Пред крај на печењето, додајте само ситно сецкан лук. По печењето на месото, ќе бидат потребни околу 15 минути јагнешкото да се опушти за да биде помеко и посочно. Потоа може да се сече. Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирошки со пилешко месо >
Сосотојки:
650 гр. брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
50 гр. шеќер
6 лажици вода ладна
220 гр. путер исечен на мали коцки
1 лажица павлака
1 жолчка
Фил:
600 гр. пилешки гради исечени на мали коцки
100 гр. компир исецкан
100 гр. морков исецкан
100 гр. грашок
50 гр. суво грозје
1 кромид ситно исецкан
4 чешниња лук испасиран
2 лажички шеќер
2 лажици соја сос
50 мл. вода
масло
сол и бибер
Упатства:
Во тава додадете малку масло и пропржете ги лукот и кромидот. Додадете го пилешкото и продолжете со пржење додека да добие златно жолта боја. Потоа додадете компири, моркови, соја сос, сол и црн бибер. Добро измешајте ја смесата и продолжете со готвењето уште 2 минути. На крај додадете суво грозје, грашок и шеќер и гответе уште 2 минути. Одстранете ја тавата од рингла и оставете ја смесата да се излади.
Во сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Потоа додадете путер и почнете со месење на тестото постепено додадавајќи вода. Откако тестото ќе се формира, разделете го на околу 15 топчиња и оставете го да отстои 30 минути.
Со сукало развлечете го секое топче од тестото во форма на мини пица. Ставете на средина по 2-3 лажици од предходно подготвената смеса со пилешко месо. Преклопете го тестото на половина и добро притиснете ги рабовите за да се залепат. По желба можете и малку да ги подвиткате навнатре.
Изматете една жолчка од јајце и една лажица павлака и со оваа смеса премачкајте ги пирошките.
Ставете ги пирошките во тава и печете ги во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека да добијат златно жолта боја.
Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнето пилешко со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
- пилешко месо
- Mama`s ајвар
- магданос
Упатства:
Испечете го пилешкото месо на скара. Превиткајте го на половина и во внатрешноста ставете Mama`s ајвар. Одозгора ставете магданос
Пријатен ручек
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот