37 - 48 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Телешки медаљони >
Сосотојки:
- 1-1,5 кгр. телешко месо
- маслиново масло
- сол
- суви зачини
- лук
- пченкарно брашно
- црвена пипер
- јајце
- масло
Упатства:
Телешкото месо измијте го, исечете го и пресечете го на медаљони. Најдобро е да го подготвите од претходниот ден и да го оставите во маринада од маслиново масло, бибер, сол, сув зачин и лук во прав. Следниот ден секој медаљон ставете го во мешавина од пченично и пченкарно брашно, во кое има и една лажица црвена пипер.Потоа месото ставете го во јајце и презла и пржете во многу масло. Извадете ги медаљоните и оставете ги на хартија да се впие маснотијата.Служете со ладен сос направен од две лажици мајонез, две, две лажици кисела павлака, лажица сенф и лажица кечап
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат – Добрата снаа >
Сосотојки:
600 гр. Пилешки стек
400 гр. Спанаќ
5 јајца
400 гр. Сирење
1 с.л. брашно
Сол
Црвена пипер
Упатства:
Спанаќот се чисти и се бланшира.
Се мешаат јајцата со сирењето, се додаваат 1-2 лажици брашно, а потоа и спанаќот. Се додаваат зачини. Пилешкиот стек се чука и на него се распоредува филот. Се витка во ролат и се става во намастена тава, а потоа се покрива со фолија.
За да не се растури може да му се стават 1-2 чечкалици.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки копани во сос од павлака >
Сосотојки:
4 пилешки копани со подкопани
450 гр. кисела павлака
4-5 лици сенф
малку лук
масло
сол
3-4 компири по желба
Упатства:
Во сад измешајте ја киселата павлака, сенф, малку масло, сол, бибер и рендан лук и добро измешајте.
Копаните и подкопаните ставете ги во смесата и потоа ставете ги во намрсена тава.
По желба додадете и компири исечени на парчиња.
Тавата покријте ја со фолија и печете околу 50 минути на 200 степени.
Потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата во рерна уште 10 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Соган Долма >
Сосотојки:
10-тина главици кромид со средна големина
500 гр. месо
150-200 гр. ориз
2 моркови
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажица вегета
3 лажици першун сецкан
1 чаша сос од домати
Упатства:
Исчистете го кромидот од надворешниот слој, отсечете го коренот, за да можат внатрешните слоеви да се вадат подобро.
Замотајте по 3 главички кромид во водена кујнска хартија и печете во микробранова 3 минути. Потоа ставете ги следните три главички.
Во меленото месо додадете ориз и зеленчук и зачинете го по желба. Изладениот кромид раздвојте го на листови и полнете го со месо.
Во тавата налејте го сосот од домати, додадете врела вода колку да се покрие долмата.
Оставете да врие 10-15 минути, покријте со фолија и печете 45 минути на 200 C. Можете да ставите и мали слатки полнети пиперки во тавата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети компири >
Сосотојки:
7-8 средни компири
1 парче пилешки стек
2 страка праз
1 сува пиперка
1 морков (помал)
2 коцки за супа
2-3 гранчиња целер или магдонос
сол, црн пипер
Упатства:
Се варат компирите, но не до крај, се длабат со лажица и се редат во земјена тава
2.Се сецка пилешкиот стек на коцки, се става во тавче да се запржи, потоа му се додава празот и морковот, сецкани на поситно и се пржи уште малку.
3.Се полнат компирите со смесата, остатокот се става помеѓу компирите, се залева со водата во која се вареа компирите, на која и додаваат две коцки за супа.
4.Се сецка една сува пиперка и целерот или магдоносот, се ставаат врз компирите и тавата се става во рерна да се запече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Српски ловечки паприкаш >
Сосотојки:
- 750 гр. телешко месо
- 200 гр. чадена сланина
- 3 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 500 мл. бело вино
- сол
- бибер
- магданос
Упатства:
Месото исечете го на коцки со средна големина, а сланицата кромидот и пиперките на поголеми парчиња. Во тава ставете половина од месото па одозгора ставете го кромидот,, пиперките и сланината. Покријте со остатокот од месото. Посолете и забиберете. Додадете масло, налејте го белото вино и гответе го поклопено околу два часа на тивок оган. Послужете го со прилог од ориз и украсете го со сечкан магданос.
Време потребно за подготовка: 200 минути
<< Сокриј го рецептот
Поховани шницли >
Сосотојки:
1/2 кгр. свински шницли
1 коцка за супа
сол,, вегета
2 јајца
брашно
лебни трошки
Упатства:
Шницлите исечете ги, истолчете ги со чекан, ставете им сол и вегета. Во 3 садови ставете брашно, изматени јајца и лебни трошки. Ставете го месото во брашно, јајце и лебни трошки и ставете го да се пече во тепсија обложена со хартија за печење, во рерна. Ставете му малку масло и печете.
Кога месото е готово ставете го во подлабоко тенџере и налејте ја претходно сварената супа од коцка и покријте го. Варете околу 10 минути.
Месото ќе го задржи вкусот и ќе биде меко и сочно.
Послужете со пире од компири.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Кралска сарма >
Сосотојки:
1 голема зелка
500 гр мелено месо
500 гр. свинско месо
1 главица кромид
1 морков
300 гр. сецкани конзервирани шампиони
1 рака ориз
8 парчиња сланина
1 ливчиња ловор
1 лажица вегета
1 лажица црвена пипер
1/2 лажица бибер
сол по потреба
вода и масло
Упатства:
Ситно исечкајте ги кромидот и морковот. Исечете го свинското месо на ситни коцки (со големина на лешник). На загреано масло пропржете го кромидот и морковот додека не омекнат. Додадете ги парчињата свинско месо и динставјте на тивок оган додека месото не омекне. Додадете го меленото месо и пржете додека месото не ја смени бојата. Додадете ги печурките и динстајте 5 минути. Додадете го измиениот ориз, вегета, црвената пипер и сол по потреба. Промешајте.Одвојте ги листовите зелка и отстранете го дебелиот дел. Секој лист наполнете го со филот и завиткајте сарма. Во длабоко тенџере, претходно намастено ставете празни ливчиња зелка и редете ја сармата. Над сармата ставете ги парчињата сланина.
Ставете масло и покријте ја сармата со чинија. Додадете вода за да се покрие. Варете на тивок оган 3-4 часа и додавајте вода по потреба.
Време потребно за подготовка: 280 минути
<< Сокриј го рецептот
Медаљони од бело месо >
Сосотојки:
околу 500 гр. пилешко или мисиркино бело месо
1 јајце
2 лажици кисела павлака
вегета
презла
зачини по желба
масло
Упатства:
Исечете го месото на шницли со средна дебелина. Секоја шницла истолчете ја со чекан за месо.
Изматете ги јајцата со павлаката. Доколку имате помали јајца ставете две. Посолете со вегета и додадете уште некој зачин по желба.
Во добиената маса ставете го месото да биде потполно прекриено со јајцата и павлаката. Оставете го во фрижидер најмалку два часа, а може и повеќе. Најдобро е да го оставите цела ноќ, а следниот ден да го пржите.
Подготвеното месо извалкајте го во презла. Пржете го на масло од двете страни, додека не се зацрвени.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Богат ролат од месо >
Сосотојки:
Свинска удина
Шницли од телешко, пилешко и мисиркино месо
2 палачинки
4 виршли
4 лажици грашок
12 парчиња морков
сол,
бибер,
вегета,
масло
вода
За прилог:
400 гр. грашок
1-2 чешниња лук
1-2 лажици маслиново масло
першун
вода по потреба
Упатства:
Шницлите добро истолчете ги, посолете ги и забиберете ги. На секоја шницла ставете по една палачинка во која ќе завиткате виршла и лажица грашок. Во средината ставете ја свинската удина. Наредете ги и морковите завиткајте ролат и по потреба зацврстете го со чечкалици или кујнски конец. Ставете вегета и други зачини по Ваша желба и оставете го во садот во кој ќе го печите. Намастете го садот со маслиново масло.
Печете на темпетарура од 200 C, додека ролатот убаво не се зацрвени. По печењето извадете ги чечкалиците, или кујнскиот конец и исечете го.
Динстран грашок: Исечкајте ги лукот и першунот и испршете ги на маслиново масло. Кон тоа додадете го грашокот и вода и оставете да се динста. Сервирајте со ролатот.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазањи >
Сосотојки:
Бешамел
7,5 дцл. млеко
3 коцки путер
3 лажици брашно
1 лажица сол
1 пакетче шармезан
Месо
1/2 кгр, мелено месо
1 лажица вегета
1 ловоров лист
1 чепне лук
1 главица кромид
1 лажица црвена пипер
сол
бибер
1 лажица доматен сос
2 лажици маслиново масло
Кори
8 barilla кори за лазањи (не треба да се варат)
Упатства:
Издинстајте го кромидот и лукот, па додадете го месото. ставете гхо да се динста на тивок оган во водата од месото. Додајте ги зачините и добро измешајте. Месото треб ада се динста отприлика еден час со постојано додавање на вода.
За бешамел: Во ладно млеко додадете го путерот, брашното и солта. Ставете го на оган и цело време мешајте додека не се згусни. Кога ќе биде готов сосот додадете 1 кесичка пармезан.
Намастете го дното на огноотпорниот сад и ставете: 2 кори кои само малку ќе ги ставите во топла вода, 1/3 од месото и неколку лажици бешамел. Направете така три пати. На последните кори само излијте го остатокот од бешамелот.
Печете на 180 C околу 20-тина минути.
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот
Турлитава >
Сосотојки:
1 кг. мешано месо
компир, домати, пиперки
кромид, бамји
модар патлиџан, боранија
1 главичка кромид
масло за јадење,сол
црвен мелен пипер
црн пипер
Упатства:
Месото се сецка и се пржи на масло за јадење. Зеленчукот се сецка поситно, се додава на месото со уште малку масло за јадење и вода. Треба да се додаде доволно вода за да се свари смесата, а сепак после печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува кратко. Потоа се става во тава и се пече на 200 степени целзиусови околу час и половина. Во текот на печењето се промешува два до три пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот