49 - 60 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Печено јагнешко бутче со компири >
Сосотојки:
- 2 кгр. јагнешки бут
- 1 кгр. компири
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша вода
- вегета, сол, бибер, рузмарин
Упатства:
Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со вегета, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите.
Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина.
Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.
Време потребно за подготовка: 220 минути
<< Сокриј го рецептот
Јагнешко бутче во тесто >
Сосотојки:
- 1 јагнешко бутче
- јагнешки џигери
- 500 гр. претходно приготвено тесто
- 100 мл. бело вино
- 100 мл. масло
- 1 лажичка сол
- 1 жолчка
- 5 грама мелен црн бибер
- рузмарин
Упатства:
Обезкостете го бутчето и во него направете отвор за полнење. Исечете ги џигерите и испржете ги на малку масло во тава. Посолете ги, додајте мелен црн бибер, рузмарин и бело вино. Со таа смеса наполнете го бутчето и зашијте го отворот со готварски конец. Посолете го и посипете го бутчето со црн бибер од сите страни. Намачкајте го со масло. Ставете го да се пече околу 60 минути во претходно загреана рерна, додека добро не се испече. Извадете го и оставете го да се излади.
На набрашнета површина развлечете го тестото, ставете го бутчето насредина и добро обвиткајте го во тестото. Одозгора украсете го самото тесто (може да направите цвет или лист).
Намачкајте ја површината со жолчка. Печете го во загреана рерна околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети колбаси со сланина >
Сосотојки:
500 грама полутрајни колбаси
120 грама кашкавал
120 грама листови сланина
масло
Упатства:
Колбасите ги сечиме на парчиња од 5 сантиметри.
Кашкавалот го сечкаме на стапчиња.
Секое парче колбас го засекуваме попречно и во просторот ставаме кашкавал. Ги замотуваме во лист сланина.
Во тефлонско тавче загреваме малку масло и ги ставаме колбасите со сланината надолу за да се залепи. Се пржат убаво да поруменат од сите страни.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко со лук >
Сосотојки:
25 чешниња лук исецкани по должина
8 парчиња пилешко (батаци и карабатаци)
Околу 4 лажици маслиново масло
100 мл бело суво вино
2 лажици брашно
400 мл пилешки бујон (2 мали коцки на пола литар вода)
Магдонос (околу 1 голема лажица)
Сол
Бибер
Упатства:
Во подлабоко тавче се пржи лукот околу 5 минути на тивкок оган во 2 лажици масло. Треба да се внимава да не потемни. Се вади од тавчето и се трга на страна.
Се додаваат уште 2 лажици масло и во истото тавче се пржи месото по околу 10-на минути од едната и од другата страна. Се посолува и забиберува.
Во меѓувреме се подготвува бујонот.
Кога месото е зацрвенето од двете страни се додава лукот, бујонот и виното, се поклопува со капак и се остава да се динста околу половина час.
На крај, се доваат 2 лажици брашно, при што треба да се внимава да не се направат грутки, се додава магдоносот, по вкус се додава сол или бибер и се остава на тивок оган уште 10-на минути.
Се сервира прво месото, се прелива со сосот од лук и се декорира со свеж магдонос.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско месо со павлака и печурки >
Сосотојки:
4 свински шницли
1 кромид
2 супени лажици маргарин
225 гр печурки (маринирани или свежи)
2 супени лажици сок од лимон
150 мл павлака
сол и црн пипер (по желба)
Упатства:
Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки >
Сосотојки:
- 1 кгр. мелено месо
- 2 главици кромид
- 3 домати
- першун
- 1/2 филџан ориз
- сол
- бибер
- 1 лажица црвена пипер
- масло за јадење
- пиперки за полнење
Упатства:
Меленото месо испржете го со малку путер. Додадете го ситно исечканиот кромид, црвената пипер, вегета, посолете и забиберете по вкус. Кога ќе испари вишокот вода, додадете го оризот и ситно сечканиот першун. Мешајте додека смесата не се изедначи и тргнете ја тавата од оган.
Во меѓувреме исчистете ги пиперките од семките. Oд доматите исечете кругови со кои ќе ги затворите пиперките.
Пиперките наполнете ги со подготвената смеса од месо, затворете ги со парчињата домати, ставете им 1 филџан вода во тавата и масло и ставете ги во рерна да се печат.
Пријатен неделен ручек.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат од месо >
Сосотојки:
- 500 гр. мелено месо по избор
- 2 жолчки
- 1-2 лаж. презла потопени во вода, вегета и бибер по вкус
- 2 варени јајца
- спанаќ околу 500 гр.
- шунка и фета сирење по желба
Упатства:
Месото посолете го и додајте ја презлата потопена во вода, две жолчки и се добро измешајте.
Месото развлечете го на намрсена фолија.
Спанаќот попарете го, исцедете го исечете го и пржете го на масло, додавајќи млеко.
На месото прво наредете ја шунката, спанаќот, ситно исецканите јајца и фета сирењето. Завиткајте ролат
и печете го на 250 C од 40-45 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијанско ќофте >
Сосотојки:
- 700 гр. мелено месо
- 1 јајце
- 1 пак. пармезан
- 1 лажица презла
- 1 чешне лук
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче пипер
- 1/3 чаша млеко
- 1/2 лажица оригано
Упатства:
Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои два часа во фрижидер.
Направете ќофтиња во облик и големина по Ваша желба и малку испржете ги во врело масло. Во истата тава направете сос од домати. Вратете ги ќофтињата во сосот и варете ги околу 15 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Селско месо >
Сосотојки:
800 гр. свинска удина
1 китка магдонос- по желба
300 гр печурки
сол, бибер,
сув мешан зачин,
црвен пипер
лук
3-4 суви пиперки
Упатства:
Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос а потоа ги додавате печурките кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи,и заедно се пржи околу 10 минути. Во земјена тава или кавка имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магданос.
Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150 степени целзиусови и се готви два часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско суфлаки >
Сосотојки:
120 мл маслиново масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук, ситно исечкани
4 лажички лимонов сок
2 лажички вински оцет
2 лажички оригано
1 лажичка сол
пола лажиче бибер
700 гр свинско месо
стапчиња за раженчиња
ѕаѕики
Упатства:
Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад.
Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот.
По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара.
Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја.
Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото. Сервирајте со ѕаѕики и грчка салата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчки колбаси во сос >
Сосотојки:
(За колбасите):
500 гр мелено месо
2 кришки леб, без корките (натопени во малкуцрвено вино и исцедени)
1 главица кромид, ситно сечкана
3 чешниња лук, ситно сечкани
1 јајце, изматено
3 лажици свеж магдонос, ситно сечкан
1 лажиче кумин
сол, бибер
(За сосот):
2 лажици маслиново масло
1 главица кромид, ситно сечкана
400 гр домати (или пелати)
2 чешниња лук, ситно сечкани
пола лажиче цимет
сол, бибер
Упатства:
Прво, подгответе го сосот. Во тавче на оган ставете го маслото да се загрее на средна температура. Ставете ги кромидот и лукот и пржете додека да станат безбојни. Додадете ги доматите и зачините. Измешајте и оставете да крчка 25 минути, додека малку да се згусне. Потоа, направете ги колбасите така што сите состојки потребни за нив ќе ги ставите во длабок сад. Со рака измешајте ја целата смеса и сите состојки. Смесата ставете ја во фрижидер да отстои околу еден час. По еден час, формирајте колбаси со должина и дебелина по желба. Колбасите намачкајте ги со малку маслиново масло од сите страни и ставете ги во загреано тавче да се пржат, односно да фатат убава боја од сите страни. Кога ќе добијат убава кафена боја, префрлете ги во садот со сосот и гответе ги уште 10 минути на ниска температура, се убаво да искрчка. Сервирајте ги со варен ориз, компир салата, пржени компирчиња...
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко месо со јогурт и сенф >
Сосотојки:
30 g пилешки филети од градите (бело месо)
јогурт со малку маснотии
1 лажичка сенф
малку сол и бибер
магдонос
1 лажичка куркума
неколку коријандер семиња
Упатства:
Пилешко филе (без кожа!) Се сече на коцки и се пече 5 минути во тавата Повремено протресете ја тавата, за сите страни на пилешкото да се еднакво печени.
2. Потоа истурете јогурт, па додадете сенф, сол и бибер, па куркума и малку
семиња коријандер. Се промешува и се готви на средна топлина додека сета
течност не зоврие, за уште 5 минути.
3. Кон крајот посипете сецкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот