13 - 24 рецепти од 82 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 7 |
Италијанско ќофте >
Сосотојки:
- 700 гр. мелено месо
- 1 јајце
- 1 пак. пармезан
- 1 лажица презла
- 1 чешне лук
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче пипер
- 1/3 чаша млеко
- 1/2 лажица оригано
Упатства:
Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои два часа во фрижидер.
Направете ќофтиња во облик и големина по Ваша желба и малку испржете ги во врело масло. Во истата тава направете сос од домати. Вратете ги ќофтињата во сосот и варете ги околу 15 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Јагнешко бутче во тесто >
Сосотојки:
- 1 јагнешко бутче
- јагнешки џигери
- 500 гр. претходно приготвено тесто
- 100 мл. бело вино
- 100 мл. масло
- 1 лажичка сол
- 1 жолчка
- 5 грама мелен црн бибер
- рузмарин
Упатства:
Обезкостете го бутчето и во него направете отвор за полнење. Исечете ги џигерите и испржете ги на малку масло во тава. Посолете ги, додајте мелен црн бибер, рузмарин и бело вино. Со таа смеса наполнете го бутчето и зашијте го отворот со готварски конец. Посолете го и посипете го бутчето со црн бибер од сите страни. Намачкајте го со масло. Ставете го да се пече околу 60 минути во претходно загреана рерна, додека добро не се испече. Извадете го и оставете го да се излади.
На набрашнета површина развлечете го тестото, ставете го бутчето насредина и добро обвиткајте го во тестото. Одозгора украсете го самото тесто (може да направите цвет или лист).
Намачкајте ја површината со жолчка. Печете го во загреана рерна околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Карамелизирано медено свинско месо >
Сосотојки:
2,5 кг цело парче чадена шунка
? чаша каранфилче
? чаша сируп од темен пченка
2 чаши мед
2/3 чаша путер
Упатства:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Направете засеци по целата должина на парчето шунка, па истото повторете го и од другата страна за да добиете ромбоидна форма. Ставете го целото каранфилче во процепите за да му дадете вкус на месото.
Загрејте ги сирупот од пченка, медот и путерот на пареа. Мешајте додека целосно не се измеша. Откако путерот целосно ќе се стопи, тргнете го од оган. Посипете го месото со сосот за глазура. Се става во рерна да се пече околу 1 час. Месото вадете го на секои 10-15 минути за повторно да го прелиете со сосот.
Во последните 4-5 минути од печењето зголемете ја температурата за уште подобро да се карамелизира. Оставете го месото да одмори малку пред да го послужите. Отстранете ги каранфилчињата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинески пилешки топчиња >
Сосотојки:
100 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 прстофат сол
1 лажичка масло
125 мл вода
Масло за пржење во длабока тава
За пилешко:
5 лажици пченкарно брашно
бел или црн бибер
4 парчиња пилешки гради исечени на коцки
Упатства:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво и солта. Додадете масло и вода, мешајќи постојано, додека не се изедначи. Конзистентноста треба да биде кремаста. Доколку е потребно, додадете повеќе вода. Оставете ја смесата да одмори 30 минути.
Загрејте го маслото за пржење на висока температура. Во посебен голем сад измешајте го пченкарното брашно со пиперката. Превртете ги коцките пилешко во неа, така што добро се лепат насекаде. Потоа потопете ги во крем смесата и ставете ги во тавата да се пржат околу 5-6 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинеско пилешко месо со лимон >
Сосотојки:
Пилешки стек
јајце
брашно/густин
лук
ѓумбир
лимон и кора од лимон
бибер
сол
Упатства:
Чекор 1: Пилешкиот стек исецкајте го на парченца. Во сад промешајте ги јајцето, белиот бибер и солта додека да се соединат. Додадете го стекот и мешајте да се покрие убаво.
Чекор 2: На рингла ставете ја длабоката тава со рачки и додадете масло. Во друг сад ставете го густинот и брашното и убаво измешајте. Додадете го месото. Месото испржете го и тргнете го на страна.
Чекор 3: Исецкајте го лукчето, ѓумбирот и изрендајте ја кората од лимон. Тавата ставете ја на оган со лажица масло и додадете ги сецканите лукче, ѓумбир, буковец и бело вино. Потоа додадете го соја сосот, оцетот, водата, шеќерот и на крај кората од лимон. На крај додадете го месото, промешајте и додадете лажица густин.
Чекор 4: Сервирајте со младо лукче или кромитче.
На здравје !
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кисела зелка со сланина и кромид >
Сосотојки:
400 гр кисела зелка
350 гр чадена сланина
1 голема главица кромид
2 ловорови листови
црн пипер
Упатства:
Сланината исечкајте ја на ленти или парчиња и лесно испржете ја во добро загреана маст (само неколку капки). Кога ќе поруменат, додадете го исечканиот кромид. Откако ќе омекне се додаваат сечканата кисела зелка, црниот пипер и ловоровиот лист.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Компири со џигер >
Сосотојки:
1 килограм компири,
250 телешки или јунешки дроб,
главица кромид,
црн пипер,
едно јајце,
млеко, маст, сол.
Упатства:
Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги на половина и со лажичка издлабете ги. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и измелете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете го малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте го со млеко и така компирите ќе бидат облеани и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна се додека да се вцрват.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња во доматен сос >
Сосотојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол,
црн пипер
? лажичка мелен ким
? лажичка мелена лут пипер (чили)
ЗА СОС: 500 г доматен сос/ домати од конзерва 1 чешне лукче
Упатства:
ПОСТАПКА:
Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест.
Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер.
Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.
Ќофтенцата вадете ги на чинија, а истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.
Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кралска сарма >
Сосотојки:
1 голема зелка
500 гр мелено месо
500 гр. свинско месо
1 главица кромид
1 морков
300 гр. сецкани конзервирани шампиони
1 рака ориз
8 парчиња сланина
1 ливчиња ловор
1 лажица вегета
1 лажица црвена пипер
1/2 лажица бибер
сол по потреба
вода и масло
Упатства:
Ситно исечкајте ги кромидот и морковот. Исечете го свинското месо на ситни коцки (со големина на лешник). На загреано масло пропржете го кромидот и морковот додека не омекнат. Додадете ги парчињата свинско месо и динставјте на тивок оган додека месото не омекне. Додадете го меленото месо и пржете додека месото не ја смени бојата. Додадете ги печурките и динстајте 5 минути. Додадете го измиениот ориз, вегета, црвената пипер и сол по потреба. Промешајте.Одвојте ги листовите зелка и отстранете го дебелиот дел. Секој лист наполнете го со филот и завиткајте сарма. Во длабоко тенџере, претходно намастено ставете празни ливчиња зелка и редете ја сармата. Над сармата ставете ги парчињата сланина.
Ставете масло и покријте ја сармата со чинија. Додадете вода за да се покрие. Варете на тивок оган 3-4 часа и додавајте вода по потреба.
Време потребно за подготовка: 280 минути
<< Сокриј го рецептот
Кременадли во пикантен сос од ајвар >
Сосотојки:
1,5 кг кременадли, без коска
350 гр лут ајвар
250 гр фета сирење
500 гр тестенини, сварени
малку брашно
сол, бибер
неколку ливчиња босилек
1-2 главици кромид
Упатства:
Кременадлите одвојте ги од коските или тоа нека го направи месарот во месарница за вас. Секое парче истолчете го со чук за месо и зачинете го со сол, бибер и зачини по желба. Извалкајте ги во брашно и вишокот брашно истресете го од кременадлите. На врело масло пржете ги кременадлите од двете страни, само колку да фатат боја. Извадете ги од тавчето и ставете ги на чинија. Во истото масло пржете го ситно сечканиот кромид. Вратете ги кременадлите во тавчето и прекријте ги со ладна вода. Поклопете го капак и гответе додека да омекнат кременадлите. Кога кременадлите ќе бидат печени (месото да биде многу меко) ставете ги ајварот и протресете го тавчето. Гответе уште 5 минути. При крај, ставете го сирењето, згмечено со вилушка и сосема на крај додадете ги ситно сечканите ливчиња босилек.
Кога ќе се растопи сирењето, тргнете од оган. Јадењето послужете го сварени тестенини.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Кременадли на италијански начин >
Сосотојки:
• 200 грама Шампињони
• малку Црн бибер
• малку Сол
• 500 грама Свинско
• 1 Пиперка/ки
• малку Оригано
• 1 лажица/ци Маслиново масло
• 2 чешниња Лук
• 100 грама Колбас
• 100 милилитри Доматен сок
Упатства:
Отстранете ги масните делови и коските од кременадлите и измијте ги со ладна вода.
Измешајте ги солта биберот и ситно исецканиот лук и премачкајте ги кременадлите со оваа смеса.
Во огноотпорен сад за пржење ги пржиме кремендалите подеднакво од двете страни додека не добијат убава златно-кафена боја.
Потоа додадете го филџанот доматен сос, зелената пиперка и печурките, во меѓувреме константно мешајте.
По неколку минути додадете го ориганото и доматниот сок за да ја ароматизира и освежи целокупната смеса.
Убаво промешајте, поклопете со капак и оставете да се готви. 5 минути пред да го одстраните од огнот, ова навистина ќе го оплемени и истакне присуството на месото, како по вкус така и по арома)
Извадете ги кременадлите во сад, и полејте од смесата сто останува во огнотпорнот сад.
Декорирајте со гранче магдонос или босилок или пак може и оригано.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазањи >
Сосотојки:
Бешамел
7,5 дцл. млеко
3 коцки путер
3 лажици брашно
1 лажица сол
1 пакетче шармезан
Месо
1/2 кгр, мелено месо
1 лажица вегета
1 ловоров лист
1 чепне лук
1 главица кромид
1 лажица црвена пипер
сол
бибер
1 лажица доматен сос
2 лажици маслиново масло
Кори
8 barilla кори за лазањи (не треба да се варат)
Упатства:
Издинстајте го кромидот и лукот, па додадете го месото. ставете гхо да се динста на тивок оган во водата од месото. Додајте ги зачините и добро измешајте. Месото треб ада се динста отприлика еден час со постојано додавање на вода.
За бешамел: Во ладно млеко додадете го путерот, брашното и солта. Ставете го на оган и цело време мешајте додека не се згусни. Кога ќе биде готов сосот додадете 1 кесичка пармезан.
Намастете го дното на огноотпорниот сад и ставете: 2 кори кои само малку ќе ги ставите во топла вода, 1/3 од месото и неколку лажици бешамел. Направете така три пати. На последните кори само излијте го остатокот од бешамелот.
Печете на 180 C околу 20-тина минути.
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот