25 - 36 рецепти од 82 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 7 |
Лахмаџун - турска пица > Сосотојки: Потребни состојки:
1 kg брашно
1 квасец (свеж или сув од ќесичка)
топла вода за замесување на тестото
сол и малку шеќер
200-300 gr мелено, говедско месо
1 поголем кромид
200 ml доматен сос
Зачини по желба – куркума, кумин, коријандер, нане…
Домати, марула, лимон, лут сос (опционално)
Упатства: Начин на подготовка:
1. Го активираме квасецот во млака вода заедно со шеќерот. Замесуваме меко тесто додавајќи го брашното, малку сол и уште малку вода доколку е потребно. Всушност тестото треба да биде слично како она за пица.
2. Го подготвуваме сосот додека тестото стасува. Кромидот го сечкаме ситно, го додаваме меленото месо и пржиме на тивко. При крајот го додаваме доматниот сос и зачините по желба.
3. Кога тестото е стасано, обликуваме тенки, кружни основи, како за пица. Внимавајте тестото да е навистина тенко и пржете го во обична тава по неколку минути од двете страни, додека добро не зарумени.
4. Врз подготвеното тесто ставаме од сосот со мелено, говедско месо. Сепак, не претерувајте со филот, доволна е мала количина од него.
5. Декорираме со сечкана марула, домати, свеж лимон или лут сос по желба.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ловџиски суџук > Сосотојки: свинско месо - 2 кг
говедско месо - 2 kg
сланина - 1 кг
сол - 125 г
црн пипер - 10 г
Јенибар - 10 гц
црвен пипер - 10 г
шеќер - 1 лажица
свински црева за полнење
Упатства: Се сечка месото на ситно, се додаваат сол и зачини и добро се промешува. Оставете го да отстои преку ноќ. Наполнете ги со смесата измиените црева, но без да стегате многу.
Исечете ги цревата на одделни пократки суџуци. Наредете ги на табла и потиснете ги со друга потешка табла одозгора. Оставете ги да отстојат така 2 дена, по што наредете ги да се сушат на промаја.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Медаљони од бело месо > Сосотојки: околу 500 гр. пилешко или мисиркино бело месо
1 јајце
2 лажици кисела павлака
вегета
презла
зачини по желба
масло
Упатства: Исечете го месото на шницли со средна дебелина. Секоја шницла истолчете ја со чекан за месо.
Изматете ги јајцата со павлаката. Доколку имате помали јајца ставете две. Посолете со вегета и додадете уште некој зачин по желба.
Во добиената маса ставете го месото да биде потполно прекриено со јајцата и павлаката. Оставете го во фрижидер најмалку два часа, а може и повеќе. Најдобро е да го оставите цела ноќ, а следниот ден да го пржите.
Подготвеното месо извалкајте го во презла. Пржете го на масло од двете страни, додека не се зацрвени.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Месо со зеленчук > Сосотојки: • 300 гр месо по избор
• 4 големи лажици масло
• 150 гр моркови
• 300 гр пиперки
• 200 гр праз
• 4 големи лажици соја сос
• зачин за месо
Упатства: Во тавата ставете 2 лажици масло и загрејте го. Откако ќе ги насечкате на ленти, испржете ги посебно морковот, пиперката и празот. Две минути е сосема доволно. Штом ќе го испржите, ставете го зеленчукот на страна.
Месото насечкајте го на ленти или на коцки. Додадете го преостанатото масло во тавата и откако ќе биде загреано додадете го месото и пржете се додека не испари течноста.
Потоа, додадете го и зеленчукот, соја сосот и сите состојки залијте ги со околу 400 мл вода. На крајот се додава зачинот. Добро измешајте и пржете уште 5 минути.
По желба, може да додадете и ананас сечкан на коцки.
Совет: Сервирајте со тестенини или варен ориз.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Миниролнички со колбаси и лиснато тесто > Сосотојки: 55 гр маст
55 гр путер
Брашно 220 гр
250 гр колбаси
Млеко
Вода
Упатства: Ставете маст и путер (и двете омекнати на собна температура) во сад. Брашното ставете го одозгора и започнете со месење со рацете. Додадете малку вода за да направите тесто и продолжете со месење додека не се измешаат добро сите состојки. Завиткајте го тестото со пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте плех за печење.
Поделете го тестото на 3 парчиња. Покријте ја површината за месење со брашно. Расукајте го секое парче тесто така што е долго околу 30 см. Отстранете ја содржината на колбасите со стискање на меленото месо од нив. Исто така, поделете го на три дела. Обликувајте го секое парче во издолжена форма и ставете го на едниот крај од секој лист тесто. Намачкајте со малку свежо млеко. Расукајте го секој лист тесто во ролна.
Исечете го тестото на мали парчиња. Подмачкајте го секое повторно со малку млеко одозгора. Печете во загреана рерна додека не поруменат или околу 30 - 40 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мисирка во сланина > Сосотојки: - 1 мисирка (околу 3 кг.)
- 200 гр. суви сливи без семки
- 8 црвени кисело-слатки јаболки
- 5дл. бело вино
- 2 листа лорбер
- 2 јајца
- 60 гр. рендан падано (или пармезан)
- 4 парчиња леб
- 1 главица кромид
- 1 гранче жалфија
- 3 гранчиња рузмарин
- 200 гр.тенки ленти сланина
- 1 чешне лук
- 40 гр. путер
- Сол
- Бибер
Упатства: 1. Маринирајте ги сувите сливи и 4 јаболки исечени на парчиња во вино со ловоров лист околу 60 минути исцедете ги и помешајте ги со јајцата, ренданото сирење,исецканиот леб, сецканиот кромид, неколку сецкани листови жалфија и иглички рузмарин, сол и бибер.
2. Добро изчистете ја мисирката, од внатре посолете је и побиберете ја и наполнете ја со подготвената смеса, па затворете ги сите отвори. Посолете ја од надвор и префрлете ја во плехот со зачините. Печете ја 2,5 часа на 160 степени повремено залевајки ја со виното од маринадата.
3. Обмотајте ја мисирката со сланина и печете ја на 190 степени уште 30 минути. Преостанатите јаболки исечете ги на парчиња, пропржете ги на путер со лук, посолете и послужете со мисирката.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Мусака од печени пиперки и мелено месо > Сосотојки: 10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)
500 грама мелено месо
200 грама кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
1 главица кромид
150 грама ориз
Свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер
Упатства: Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло, додадете го меленото месо, зачинете и додадете го сварениот ориз. Откако целата смеса добро ќе се испржи додадете сецкан магдонос и тргнете од оган .
Во сад измешајте ја павлаката со јацата и зачинете. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, на дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени, потоа врз пиперките премачкајте од павлаката со јајца, па потоа нанесете еден слој од смесата со мелено месо.
Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата количина на продукти, одозгора прелијте со павлаката и јајцата.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Мусака од тиквички > Сосотојки: 2-3 тиквички
1/2 кгр. телешко мелено месо
1/4 кгр. свинско мелено месо
3 јајца
1/2 литар слатко млеко
црн пипер
маrданос
сол
2 главици кромид
маст
Упатства: Излупете ги тиквичките исечете ги на тркалца малку подебели од колку за пржење, посолете ги и оставете ги да постојат со солта. Кромидот исечкајте го ситно и ставете гo во сад со маст да се пропржи, потoа ставете гo месото и испржете гo. Посолете го, додајте црн пипер и ситно сечкан магданос. Тиквиците испржете ги а пред пржење валкувајте ги во брашно и редете ги на днoтo на тава која може да се изнесе на маса. Преку тиквичките ставете дел од прженото месo и се така додека не се потрошат и месото и тиквичките. Најгоре треба да бидат тиквички. Изматете ги јајцата, додајте го млекото, посoлете по вкус и прелејте ја мусаката. Испечете ја во рерна oкoлу 1/2 час.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Овчарска пита со јагнешко месо, печурки и моркови > Сосотојки: 4-5 големи компири
500 гр мелено јагнешко
1 кромид, сецкан
12 печурки, сецкани
2 моркови, исечени на парчиња
1 коцка јагнешка супа
1 лажица Ворчестер сос
400 гр бел грав, варен
400 гр сецкани домати
3 лажици соја сос
1 лажица путер
60 мл свежо млеко
Упатства: Исчистете ги компирите и исечете ги на парчиња. Ставете ги да се варат во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги. Во тава на средна температура, пржете го јагнешкото месо со кромид, моркови и печурки. Мешајте постојано. Додадете Ворчестер и соја сос. Откако месото ќе зарумени, тргнете го од оган. Ставете го на дното на плех за печење. Додадете грав, супа (смачкана) и домати. Мешајте.
Печете во загреана рерна на 220 степени додека компирот не се излади или околу 20 минути. Откако компирот се олади, исцедете го, додадете путер и млеко и пире додека не се изедначи.
Извадете го јагнешкото месо и зеленчукот од рерната. Покријте со пире од компири. Вратете го во рерна уште 15 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Печено јагнешко бутче со компири > Сосотојки: - 2 кгр. јагнешки бут
- 1 кгр. компири
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша вода
- вегета, сол, бибер, рузмарин
Упатства: Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со вегета, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите.
Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина.
Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.
Време потребно за подготовка: 220 минути
<< Сокриј го рецептот
Печено јагнешко месо со компири > Сосотојки: Јагнешки бут
Една дланка морска сол
Пет чешниња лук
Рузмарин
Бибер
200 грама маслиново масло
два килограми млади компири
Упатства: Во добро измиеното јагнешко месо втријте ја морската сол и бибер, ставете од рузмаринот и замотајте го месото во фолија, а потоа оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.Кога ќе го извадите од фрижидер, прелијте го со маслиново масло и ставете го во тава и во ладна рерна, која потоа треба да ја уклучите на 180 степени. На тој начин јагнешкото ќе се пече побавно и поради тоа ќе биде посочно.Печете го околу 60 минути, а потоа додадете малку вода и со маша свртете го да се испече рамномерно од сите страни. По 30 минути одново треба да го свртите и да го прелиете со сосот од печењето.Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во тава за печење. Обарените компири ќе впијат малку масло и ќе бидат многу вкусни. Зависи од големината на компирите, но нив ќе треба да ги печете од 25 до 35 минути.Пред крај на печењето, додајте само ситно сецкан лук. По печењето на месото, ќе бидат потребни околу 15 минути јагнешкото да се опушти за да биде помеко и посочно. Потоа може да се сече. Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пијана кокошка > Сосотојки: Пиле од 1-1,5кг
сол,
црн бибер
со масло
1 пиво
компири
моркови
печурки по желба
Упатства: Пиле од 1-1,5кг, се зачинува со мешан зачин,сол,црн бибер и се премачкува со масло.Се набодува на претходно измиено и исцистено(од лепенките) шише со пиво, отворено.Така се става на средина на тавата.Тавата ја полниме со сецкани(крупно) компири и моркови(може и печурки) Ги попрскуваме со масло,умерено ги зачинуваме со сол,мешан зачин,оригано и ги мешаме за да се изедначи зачинот
Така приготвената тава ја печиме на 200 степени околи час и половина. Во текот на печењето не е потребно пилето да се завртува,тоа се пече рамномерно,исто така кога пивото ке почне да врие,постепено го натура пилето.Тоа добива сочен вкус.
Кога е веке убаво заруменето,го вадиме од рерна,чекаме да се излади,за да му го отстраниме шишето и го подготвуваме за јадење.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|