37 - 48 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Пикантна пајка >
Сосотојки:
2 кг пајка
250 гр.круши
250 гр.компот од кајсии
1 ч.л.црвен пипер
1 ч.л. мајчина душица
1 с.л.брашно пченкарно брашно
1 прстофат црн пипер
1 ч.л.сол
Упатства:
Посолете ја пајката (претходно исчистена) однадвор и одвнатре. Исцедете ги крушите и кајсиите и наполнете ја пајката со нив.
Заврзете и ги нозете и крилата, посипете ја со црвен пипер и мајчина душица. Ставете малку вода во огноотпорен сад со капак и ставете ја пајката во него.
Печете 1 1/2 часа во рерна на 225 С. Исечете ја готовата пајка на порции.
Во маснотијата запржете брашно, додадете вода, сол и зачини и оставете да се згусне. Сервирајте како додаток.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиле Кентаки >
Сосотојки:
10 пилешки копани
150 гр. Путер или маргарин
300 гр. Рендано тврдо сирење или кашкавал
1 цела лажичка вегета
3 полни лажици презла
Упатства:
Вклучете ја рерната и оставете ја да се загрее до 180 степени.
Исчистете ги пилешките копани од кожата, не е потребно да ги солите. Растопете го путерот во мала тава за сос.
Во голем сад изрендајте го сирењето / кашкавалот, додадете ја вегетата и презлата и промешајте ги состојките со раце.
Земете парче месо и ставете го во садот со стопен путер да се премачка од сите страни, а потоа префрлете во садот со рендан кашкавал.
Тркалајте го така секое бутче соодветно во маста и смесата со сирење, лебни трошки и зачини.
Ставете го пилето во тава, не е потребно премачкување.
Кога целото месо е уредено во плехот, залејте го со остатокот од стопен путер, а потоа посипете го со остатокот од смесата со сирење, лебни трошки и зачини. Ставете го пилешкото во загреана рерна и печете околу 50 минути, или додека не потемни.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки батаци во маринада од матеница >
Сосотојки:
6 пилешки батаци
За маринадата:
1 чаша матеница
1 лажица маслиново масло
5 мелени чешниња лук
неколку гранчиња магдонос, сецкани
сол и бибер по вкус
Упатства:
Сите состојки за маринадата се комбинираат и се мешаат многу добро. Батаците може да се маринираат во сад. Прелијте ги со маринада, покријте го садот со свежа фолија и ставете го во фрижидер најмалку 12 часа, по можност 24 часа. Потоа истурете во соодветен сад за печење со маринадата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или додека не завршите. Послужете со гарнир по ваш избор.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки копани во сос од павлака >
Сосотојки:
4 пилешки копани со подкопани
450 гр. кисела павлака
4-5 лици сенф
малку лук
масло
сол
3-4 компири по желба
Упатства:
Во сад измешајте ја киселата павлака, сенф, малку масло, сол, бибер и рендан лук и добро измешајте.
Копаните и подкопаните ставете ги во смесата и потоа ставете ги во намрсена тава.
По желба додадете и компири исечени на парчиња.
Тавата покријте ја со фолија и печете околу 50 минути на 200 степени.
Потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата во рерна уште 10 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки ражничи со зеленчук - кромид, тиквички и чери домати >
Сосотојки:
200 г пилешко месо
1 тиквичка
100 гр чери домати
1 главица кромид
100 гр печурки
1/2 лажиче црн пипер
1 лажиче оригано
сол
30 г путер
Упатства:
Тиквичката се сече на тркалца, а чери доматите и печурките се мијат темелно и се оставаат да се исушат.
Кромидот се лупи и сече на четвртинки.
Пилешкото месо, се сече на коцки.
На дрвени раженчиња се набодува месото и зеленчукот. Посипете со зачините и премачкајте ги состојките со путер.
Ражничите се печат на скара од сите страни додека поруменат.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки ролати филувани со сирење >
Сосотојки:
1 кг пилешко филе
400 г сланина
300 г сирење (фета или друго, по ваш вкус)
Сол, црн пипер, останати зачини – по вкус
Масло
Гранче рузмарин или босилек
Се печат во загреана рерна на 180-200 степени, 30-40 минути
Упатства:
Месото се чука и се полни со фета сирење. Секој ролат се витка во парчиња сланина. Ролатите се печат во загреана ретна.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко во бел сос >
Сосотојки:
1 гранче магдонос
1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
250 гр. јогурт
1 лажица млеко
1 лажица оцет
шеќер
2 јајца
300 гр. пилешки гради
4 лажици брашно
150 гр. презла
4 лажици путер
Упатства:
1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.
2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.
3.Сервирајте го местото и прелијте го со сосот.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко во тесто >
Сосотојки:
300 гр пилешко филе, исечкано на коцки
1 главица кромид, ситноо исечкана
2 лажици масло
1 чаша бело вино
200 гр маринирани шампињони
сол, бибер, црвен пипер
ситно сечкан магдонос
2 пакување лиснато тесто
1 јајце и 1 жолчка
Упатства:
Пилешките коцки зачинете ги со сол и бибер и маринирајте ги со сенф. Во тава загреана на средна температура ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло пржете го кромидот. кога ќе омекне, ставете ги шампињоните. Зачинете со сол, црвен пипер и бибер. Намалете го огнот на најмала температура и ставете ги коцките пилешко. Промешајте и кога пилепшкото ќе побели, ставете го виното и оставете да испари. Гответе околу 1 час, додека да омекне месото. По потреба, во текот на динстањето, додавајте малку вода. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го на чинија настрана. Првата кора лиснато тесто расукајте ја и од неа одвоете 4 кругови. На некој од круговите распоредете го филот. На краевите намачкајте со изматена белка или изматено јајце.
Второто лиснато тесто расукајте го и од него исто така одвојте 4 идентични кругови. Секој наполнет круг со пилешко преклопете го со друг, празен круг. Двете теста убаво притиснете ги од страните за да не истече филот при печење. Од преостанатиот дел од тестото, направете форми и облици по ваша желба, со помош на нож.
На крај, секое парче премачкајте го со жолчка. Готовите теста наредете ги во тавче за печење, намачкано со маргарин. Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 30 минути.
Кога ќе бидат готови, направете мал отвор горе на секое тесто и во него полијте малку разматена кисела павлака.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко месо со јогурт и сенф >
Сосотојки:
30 g пилешки филети од градите (бело месо)
јогурт со малку маснотии
1 лажичка сенф
малку сол и бибер
магдонос
1 лажичка куркума
неколку коријандер семиња
Упатства:
Пилешко филе (без кожа!) Се сече на коцки и се пече 5 минути во тавата Повремено протресете ја тавата, за сите страни на пилешкото да се еднакво печени.
2. Потоа истурете јогурт, па додадете сенф, сол и бибер, па куркума и малку
семиња коријандер. Се промешува и се готви на средна топлина додека сета
течност не зоврие, за уште 5 минути.
3. Кон крајот посипете сецкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко месо со ореви >
Сосотојки:
• 4 поголеми пилешки гради
• 1 чаша потпечени ореви
• 1 чаша супа од пилешко месо
• 1 чаша путер
• 2 големи лажици брашно
• 2 големи лажици оцет
• 2 чешниња лук
• сол и бибер
Упатства:
Пилешките гради потпечети ги на температура од околу 200°С. Во текот на печењето проверувајте и завртете ги.
Путерот стопете го во тава на умерен оган. Додадете брашно и мешајте постојано. Потоа додадете супа од пилешко месо и оставете да зоврие со постојано мешање, за да не се направат топчиња.
Потоа, додадете оцет, лук, ореви, сол и и бибер. Промешајте и пропржете уште малку. Се сервира прелиено преку месото од пилешки гради.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко полнето со сенф, моцарела и чедар >
Сосотојки:
125 гр топчеста моцарела, распарчена на мали парчиња
50 гр јак чедар, рендан
1 супена лажица сенф
4 филети од пилешки гради без коски
8 ленти пушена сланина
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200С. Измешајте ги сирењата и сенфот заедно. Исечете шлиц на страната на секое парче пилешки гради, а потоа пополнете со мешавина од сенфот и сирењата. Завиткајте го секое полнето парче пилешки гради со 2 ленти сланина - не премногу цврсто, но доволно за да го држите пилето заедно. Зачинете, ставете го на плех за печење и печете 20-25 мин.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко со лимон >
Сосотојки:
• 100 милилитри Суво бело вино
• малку Сол
• 1200 грама Пилешко
• малку Оригано
• 4 лажица/ци Масло
• 6 чешниња Лук
• 1 парче/чиња Лимон
• 1 Китка магдонос
Упатства:
Од месото остранете ја кожата. Измијте го лимонот, исечете го на половина, па секоја половина исечете ја на 6 дела.
Главицата лук поделете ја на чешниња без да ги лупите, ставете ги во тава со месото, парчињата лимон и 4 лажици масло. Посолете ги и измешајте ги состојќите. Додајте го виното, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го месото на 200 степени 30 минути.
Тргнете ја фолијата и продолжете со печењето уште 20 минути. Посипете го пилешкото со исечан магдонос и сервирајте го.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот