61 - 72 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 | 7 |
Ролат – Добрата снаа >
Сосотојки:
600 гр. Пилешки стек
400 гр. Спанаќ
5 јајца
400 гр. Сирење
1 с.л. брашно
Сол
Црвена пипер
Упатства:
Спанаќот се чисти и се бланшира.
Се мешаат јајцата со сирењето, се додаваат 1-2 лажици брашно, а потоа и спанаќот. Се додаваат зачини. Пилешкиот стек се чука и на него се распоредува филот. Се витка во ролат и се става во намастена тава, а потоа се покрива со фолија.
За да не се растури може да му се стават 1-2 чечкалици.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат од месо >
Сосотојки:
- 500 гр. мелено месо по избор
- 2 жолчки
- 1-2 лаж. презла потопени во вода, вегета и бибер по вкус
- 2 варени јајца
- спанаќ околу 500 гр.
- шунка и фета сирење по желба
Упатства:
Месото посолете го и додајте ја презлата потопена во вода, две жолчки и се добро измешајте.
Месото развлечете го на намрсена фолија.
Спанаќот попарете го, исцедете го исечете го и пржете го на масло, додавајќи млеко.
На месото прво наредете ја шунката, спанаќот, ситно исецканите јајца и фета сирењето. Завиткајте ролат
и печете го на 250 C од 40-45 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат со пилешко месо и леб >
Сосотојки:
Пилешки гради
400 гр брашно
400 грпрезла
4 јајца
200 мл масло за пржење
1 голем багет
10-12 парчиња моцарела
65 гр растопен путер
3 чешниња лук
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица пармезан
Упатства:
Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла.
Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја.
Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата.
Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри.
Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан.
Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Ручек готов за половина час >
Сосотојки:
500 грама пилешко месо
500 милилитри Хопла за горвење
2 кесички инстант супа од печурки
Упатства:
Супите проварете ги неколку минути во 500 милилитри зовриена вода.
Потоа, додадете ја хоплата, соединете добро и прелијте го месото.
Печете околу 30 минути на 200 степени целзиусови.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма >
Сосотојки:
- 500гр. Свинско месо (мелено)
- 250гр. Говедско месо (мелено)
- 200гр. Свински ребра
- 200гр. Сува сланина
- 50гр. Ориз
- 1-2 Глави кисела зелка
- 1 глава кромид
- 1 јајце
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица брашно
- Сол
- Ловоров лист
Упатства:
1. Припремете ги листовите од киселата зелка во која ќе се ставаат сармите. Внимателно извадете ги листовите од главата за да не се изресат. Одвоените листови оставете ги да стојат во ладна вода за да излезе солта која е повеќе од доволно. Пред виткање на секој лист исечете му го делот каде што се здебелува.
2. Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маснотија, а потоа додадете му го меленото месо и уште малку заедно пржите.
3. Посолете го месото, наросете го со црвен пипер, додадете го оризот и добро измешајте, тргнете го од оган, а потоа додадете јајце.
4. На дното на подлабок сад ставете ги оние делови од зелката кои неможете да ги употребите за да завиткате сарма. За виткање на сармите користете листови со средна големина, во секој лист ставете по една лажица од претходно припремената смеса и изролајте ги во вид на сарма. Наредете ги сармите во круг така за да во средината ви остане мал празен дел за да можете да го додадете финишот.
5. Сланината и сувото месо исечете ги на мали парчиња и ставете ги измеѓу сармите. Кога ќе ги наредите сите сарми додадете ловоров лист, на крај прекријте ги сармите со листовите што ви преостанале.
6. Налејте ладна вода и гответе на среден оган околу 3 часа. Од брашното и црвениот пипер направете го финишот и прелејте го преку сармите, продолжете да ги крчкате уште половина час.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма од штавел >
Сосотојки:
- две главици кромид
- 1/2 кгр. мелено месо
- ориз
- бибер
- сол
- буковец
Упатства:
Две глави кромид ситно се сецкаат и се пржат во малку масло. Пред да почне да се вцрвенува кромидот се додава половина кило мелено месо кое најдобро е да биде 70% телешко и 30% свинско. Се пржи околу десетина минути додека месото не ја изгуби црвената боја и постојано се меша за да кромидот и месото добро се измешаат. Потоа во тавата се додава една чаша ориз и се пржи уште 5-6 минути. Смесата се зачинува со бибер, сол и малку буковец по желба.
Виткање на сармите.
Листовите зелка се приготвуваат така што им се одстранува тврдиот дел. Се обаруваат со врела вода неколку минути, додека не омекнат. На еден лист се става по една супени лажица од меленото месо и се виткаат сармите. Потоа сармите се редат во тенџере. Тенџерето се налива со вода додека сармите не се потопат со вода. Се вари еден час на тивок оган.
Се сервираат со кисело млеко.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинска коленица со кисела зелка >
Сосотојки:
- 2 свински коленици;
- кромид;
- целер;
- магдонос;
- црвен пипер;
- црн пипер;
- ловоров лист;
- ? кг кисела зелка;
- компири;
- масло
Упатства:
Свинските коленици се стават во
тенџере со вода и се додаваат целер,
магдонос, ловоров лист, црвен и црн
пипер. Сe тоа се вари. Посебно се
пржи исечканиот кромид, во кој се
додаваат зелката и варената
коленица. Сe тоа се крчка и
повремено се додава водата во која
се варела коленицата. Компирите се
сечат на четири дела и посебно се
варат. Потоа се додаваат во готовата
коленица.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Свински котлети со сладок и кисел сос >
Сосотојки:
6 парчиња свинско котлети без коски
4 лажици кафеав шеќер
1 лажичка ѓумбир во прав
125 мл соја сос
4 лажици кечап
2 чешниња лук, притиснат
Сол и бибер по вкус
Упатства:
Ставете ги котлетите во садот на мултивар. Измешајте ги сите други состојки, добро измешајте. Истурете ги со свинско месо. Варете на бавна програма за готвење 6 часа.
Време потребно за подготовка: 420 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско суфлаки >
Сосотојки:
120 мл маслиново масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук, ситно исечкани
4 лажички лимонов сок
2 лажички вински оцет
2 лажички оригано
1 лажичка сол
пола лажиче бибер
700 гр свинско месо
стапчиња за раженчиња
ѕаѕики
Упатства:
Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад.
Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот.
По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара.
Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја.
Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото. Сервирајте со ѕаѕики и грчка салата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Селско месо >
Сосотојки:
800 гр. свинска удина
1 китка магдонос- по желба
300 гр печурки
сол, бибер,
сув мешан зачин,
црвен пипер
лук
3-4 суви пиперки
Упатства:
Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос а потоа ги додавате печурките кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи,и заедно се пржи околу 10 минути. Во земјена тава или кавка имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магданос.
Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150 степени целзиусови и се готви два часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Соган Долма >
Сосотојки:
10-тина главици кромид со средна големина
500 гр. месо
150-200 гр. ориз
2 моркови
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажица вегета
3 лажици першун сецкан
1 чаша сос од домати
Упатства:
Исчистете го кромидот од надворешниот слој, отсечете го коренот, за да можат внатрешните слоеви да се вадат подобро.
Замотајте по 3 главички кромид во водена кујнска хартија и печете во микробранова 3 минути. Потоа ставете ги следните три главички.
Во меленото месо додадете ориз и зеленчук и зачинете го по желба. Изладениот кромид раздвојте го на листови и полнете го со месо.
Во тавата налејте го сосот од домати, додадете врела вода колку да се покрие долмата.
Оставете да врие 10-15 минути, покријте со фолија и печете 45 минути на 200 C. Можете да ставите и мали слатки полнети пиперки во тавата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Српски ловечки паприкаш >
Сосотојки:
- 750 гр. телешко месо
- 200 гр. чадена сланина
- 3 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 500 мл. бело вино
- сол
- бибер
- магданос
Упатства:
Месото исечете го на коцки со средна големина, а сланицата кромидот и пиперките на поголеми парчиња. Во тава ставете половина од месото па одозгора ставете го кромидот,, пиперките и сланината. Покријте со остатокот од месото. Посолете и забиберете. Додадете масло, налејте го белото вино и гответе го поклопено околу два часа на тивок оган. Послужете го со прилог од ориз и украсете го со сечкан магданос.
Време потребно за подготовка: 200 минути
<< Сокриј го рецептот