73 - 82 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 5 | 6 | 7 |
Тава со свинско месо > Сосотојки: - 500 гр свинско месо;
- 600 гр компири;
- 4 лажици свинска
маст;
- 1 главица кромид;
- 1 пиперка;
- 1 дл бело вино;
- црвен пипер;
- 2 јајца;
- 3 дл павлака;
- сол;
- црн пипер.
Упатства: Месото се сече на парчиња и се динста.
Во тава малку се пропржуваат компирите
исечени на коцки, ситно исечканиот
кромид и пиперката, а потоа се става
месото. Во тоа се додаваат свинска маст,
црвен пипер, сол, црн пипер и се прелива
со бело вино. По потреба се додава и
вода. Се става во рерна да се пече и пред
крај јадењето се прелива со изматените
јајца и павлаката. Сe тоа уште малку се
запекува.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Телешки медаљони > Сосотојки: - 1-1,5 кгр. телешко месо
- маслиново масло
- сол
- суви зачини
- лук
- пченкарно брашно
- црвена пипер
- јајце
- масло
Упатства: Телешкото месо измијте го, исечете го и пресечете го на медаљони. Најдобро е да го подготвите од претходниот ден и да го оставите во маринада од маслиново масло, бибер, сол, сув зачин и лук во прав. Следниот ден секој медаљон ставете го во мешавина од пченично и пченкарно брашно, во кое има и една лажица црвена пипер.Потоа месото ставете го во јајце и презла и пржете во многу масло. Извадете ги медаљоните и оставете ги на хартија да се впие маснотијата.Служете со ладен сос направен од две лажици мајонез, две, две лажици кисела павлака, лажица сенф и лажица кечап
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички на грчки начин > Сосотојки: Состојки:
1 главица стар кромид,
половина главица лук,
300 грама мелено месо,
100 грама варен ориз,
4 тиквички,
3 домати,
4 лажици маслиново масло,
30 грама сечкани бадеми,
30 грама суво гозје,
малку сол и црн пипер,
малку ким и цимет,
малку црвен пипер, 1
100 грама кашкавал.
Упатства: Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.
Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.
Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута).
Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.
Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.
Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.
Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тортиљи со пилешко месо > Сосотојки: Потребно е
1 пакување тортиљи
500 гр. пилешки гради
200 мл. кисела павлака
200 гр. кашкавал
200 гр. доматен сос
оригано
босилек
сол
бибер
Упатства: Пилешкото месо исецкајте го на коцки и продинстајте. Кога ќе добиете златна боја, додадете го доматното пире, солта и зачините, промешајте па тргнете го од рингла. Додадете павлака и добро промешајте.
На половина тортиља нанесете го пилешкото месо и сосот и ставете рендан кашкавал. Потоа тортиљите прицврстете ги со чечкалица.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
Наздравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Турлитава > Сосотојки: 1 кг. мешано месо
компир, домати, пиперки
кромид, бамји
модар патлиџан, боранија
1 главичка кромид
масло за јадење,сол
црвен мелен пипер
црн пипер
Упатства: Месото се сецка и се пржи на масло за јадење. Зеленчукот се сецка поситно, се додава на месото со уште малку масло за јадење и вода. Треба да се додаде доволно вода за да се свари смесата, а сепак после печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува кратко. Потоа се става во тава и се пече на 200 степени целзиусови околу час и половина. Во текот на печењето се промешува два до три пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Турска лепиња полнета со месо и зеленчук > Сосотојки: 500 гр брашно
160 мл вода
160 мл млеко
3 лажички сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Полнење
1,5 кг месо по ваш избор (телешко, пилешко, јагнешко)
Упатства: Прво, замесете тесто. Оставете го тестото да стаса на топлина, додека го печете месото од сите страни во подлабока тава. Покријте и додадете малку вода колку што е потребно за да зоврие (времето на вриење зависи од видот на месото). Кога месото е речиси на половина, додадете зеленчук по ваш избор и зачини.
3
Покријте, мешајќи повремено, додајте течности и продолжете додека не завршите.
4
Добиеното топче тесто поделете го на два дела, едниот треба да биде малку поголем, на пример 60% од тестото треба да биде во долната кора, која треба да биде малку подебела во однос на „капакот“.
5
превртете се на набрашнета површина и ставете ги во плех каде што имате намера да печете. Наредете го месото и зеленчукот на тестото, но внимавајте рабовите на тестото да ги оставите слободни на околу 2 см од крајот.
7
Рабовите каде што се составуваат горното и долното тесто треба се добро склопени, така што тестото да не се разделува за време на печењето.
8
Одозгора можете да го премачкате со жолчка или масло и да посипете со сусам или лен
9
печете на 180 С во загреана рерна додека не се добие прекрасна боја на лепињата. Ви требаат околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Француска пита со телешко месо > Сосотојки: лиснато тесто - 400 г
месо - 400 г телешко + 200 гр свинско
моркови - 1 парче
кромид - 1 главица
бело вино - 100 ml
јајца - 2 парчиња
павлака - 2 лажици
лук - 1 чешне
магдонос - ? китка
сол - 2 штипки
црн пипер - ? лажиче мелено
Упатства: Морковите, лукот и кромидот се сечат на ситно. Магдоносот се сече на ситно. Во тенџере се мешаат двата вида месо, морковите, лукот, кромидот, 1 јајце, павлаката, виното, солта и црниот пипер.
Тестото се сучи малку и се дели на два нееднакви дела. Поголемиот се става во сад намачкан со маст.
Врз тестото се става филот и се покрива со останатото тесто. Краевите се стискаат и се мачкаат со жолчка. Печете 1 час на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Ширден на прилепски начин > Сосотојки: 1/2 кгр.телешко месо
1/2 кгр. свинско месо
1/2 кгр. јагнешко месо
кромид
сол
бибер
јенибар
ориз
ширдени
Упатства: Трите видови месо се сечкаат на мали парченца, со димензија од еден и пол сантиметар. Во нив се додава исечкан кромид, сол, црн бибер и малку јенибар и ориз. Го запржуваме местото, заедно со кромидот. Ширден е внатрешен орган на младо јагне кој преставува продолжение на желудникот. Добро исчистен се полни се затвора на стариот прилепски начин со шиење. Се додава една чаша вода и се печи на 180 степени, два часа, а се служи топол.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Штипски пастрмајлии > Сосотојки:
- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)
Упатства: Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла од мелено месо > Сосотојки: 600 гр брашно
1 пак. прашок за печиво
1/2 лажичка сол
150 мл кисело млеко
250 мл млеко на собна температура
100 мл масло
1 јајце
За фил
500 гр мелено месо
1 главица кромид
1 пак. фант за ќофте
1 јајце
грст ситно сецкан магдонос
За премачкување
1 жолчка
2 лажици топла вода
Упатства: 1. Од наведените состојки измесете глатко тесто. Откако ќе го измесите, премачкајте го со 2 лажици масло и повторно премесете го.
2. Фантот спремете го спрема упатството. Кромидот изрендајте го. Додадете ги во меленото месо заедно со јајцето и магдоносот. Се убаво измесете.
3. Тестото поделете го на 3 исти делови и еден малку помал. Трите теста развлечете ги во еднакви правоаглони кори со дебелина од околу 3 мм (отприлика 15х25 или малку повеќе). Филот поделете го на 3 еднакви дела и премачкајте го врз секое од тестата. Наредете ги едно врз друго и внимателно завиткајте ги во ролат.
4. Ролатот префрлете го во плех обложен со пек-хартија и премачкајте го со растворената жолчка. Од четвртото тесто направете укрсани фигури за одозгора. Премачкајте ги и нив.
5. Печете во загреана рерна од 180 С 45 мин.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|