1 - 12 рецепти од 82 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 7 |
Пилешко со лимон >
Сосотојки:
• 100 милилитри Суво бело вино
• малку Сол
• 1200 грама Пилешко
• малку Оригано
• 4 лажица/ци Масло
• 6 чешниња Лук
• 1 парче/чиња Лимон
• 1 Китка магдонос
Упатства:
Од месото остранете ја кожата. Измијте го лимонот, исечете го на половина, па секоја половина исечете ја на 6 дела.
Главицата лук поделете ја на чешниња без да ги лупите, ставете ги во тава со месото, парчињата лимон и 4 лажици масло. Посолете ги и измешајте ги состојќите. Додајте го виното, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го месото на 200 степени 30 минути.
Тргнете ја фолијата и продолжете со печењето уште 20 минути. Посипете го пилешкото со исечан магдонос и сервирајте го.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Кременадли на италијански начин >
Сосотојки:
• 200 грама Шампињони
• малку Црн бибер
• малку Сол
• 500 грама Свинско
• 1 Пиперка/ки
• малку Оригано
• 1 лажица/ци Маслиново масло
• 2 чешниња Лук
• 100 грама Колбас
• 100 милилитри Доматен сок
Упатства:
Отстранете ги масните делови и коските од кременадлите и измијте ги со ладна вода.
Измешајте ги солта биберот и ситно исецканиот лук и премачкајте ги кременадлите со оваа смеса.
Во огноотпорен сад за пржење ги пржиме кремендалите подеднакво од двете страни додека не добијат убава златно-кафена боја.
Потоа додадете го филџанот доматен сос, зелената пиперка и печурките, во меѓувреме константно мешајте.
По неколку минути додадете го ориганото и доматниот сок за да ја ароматизира и освежи целокупната смеса.
Убаво промешајте, поклопете со капак и оставете да се готви. 5 минути пред да го одстраните од огнот, ова навистина ќе го оплемени и истакне присуството на месото, како по вкус така и по арома)
Извадете ги кременадлите во сад, и полејте од смесата сто останува во огнотпорнот сад.
Декорирајте со гранче магдонос или босилок или пак може и оригано.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Месо со зеленчук >
Сосотојки:
• 300 гр месо по избор
• 4 големи лажици масло
• 150 гр моркови
• 300 гр пиперки
• 200 гр праз
• 4 големи лажици соја сос
• зачин за месо
Упатства:
Во тавата ставете 2 лажици масло и загрејте го. Откако ќе ги насечкате на ленти, испржете ги посебно морковот, пиперката и празот. Две минути е сосема доволно. Штом ќе го испржите, ставете го зеленчукот на страна.
Месото насечкајте го на ленти или на коцки. Додадете го преостанатото масло во тавата и откако ќе биде загреано додадете го месото и пржете се додека не испари течноста.
Потоа, додадете го и зеленчукот, соја сосот и сите состојки залијте ги со околу 400 мл вода. На крајот се додава зачинот. Добро измешајте и пржете уште 5 минути.
По желба, може да додадете и ананас сечкан на коцки.
Совет: Сервирајте со тестенини или варен ориз.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнето пилешко со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
- пилешко месо
- Mama`s ајвар
- магданос
Упатства:
Испечете го пилешкото месо на скара. Превиткајте го на половина и во внатрешноста ставете Mama`s ајвар. Одозгора ставете магданос
Пријатен ручек
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети компири >
Сосотојки:
7-8 средни компири
1 парче пилешки стек
2 страка праз
1 сува пиперка
1 морков (помал)
2 коцки за супа
2-3 гранчиња целер или магдонос
сол, црн пипер
Упатства:
Се варат компирите, но не до крај, се длабат со лажица и се редат во земјена тава
2.Се сецка пилешкиот стек на коцки, се става во тавче да се запржи, потоа му се додава празот и морковот, сецкани на поситно и се пржи уште малку.
3.Се полнат компирите со смесата, остатокот се става помеѓу компирите, се залева со водата во која се вареа компирите, на која и додаваат две коцки за супа.
4.Се сецка една сува пиперка и целерот или магдоносот, се ставаат врз компирите и тавата се става во рерна да се запече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиле Кентаки >
Сосотојки:
10 пилешки копани
150 гр. Путер или маргарин
300 гр. Рендано тврдо сирење или кашкавал
1 цела лажичка вегета
3 полни лажици презла
Упатства:
Вклучете ја рерната и оставете ја да се загрее до 180 степени.
Исчистете ги пилешките копани од кожата, не е потребно да ги солите. Растопете го путерот во мала тава за сос.
Во голем сад изрендајте го сирењето / кашкавалот, додадете ја вегетата и презлата и промешајте ги состојките со раце.
Земете парче месо и ставете го во садот со стопен путер да се премачка од сите страни, а потоа префрлете во садот со рендан кашкавал.
Тркалајте го така секое бутче соодветно во маста и смесата со сирење, лебни трошки и зачини.
Ставете го пилето во тава, не е потребно премачкување.
Кога целото месо е уредено во плехот, залејте го со остатокот од стопен путер, а потоа посипете го со остатокот од смесата со сирење, лебни трошки и зачини. Ставете го пилешкото во загреана рерна и печете околу 50 минути, или додека не потемни.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки ражничи со зеленчук - кромид, тиквички и чери домати >
Сосотојки:
200 г пилешко месо
1 тиквичка
100 гр чери домати
1 главица кромид
100 гр печурки
1/2 лажиче црн пипер
1 лажиче оригано
сол
30 г путер
Упатства:
Тиквичката се сече на тркалца, а чери доматите и печурките се мијат темелно и се оставаат да се исушат.
Кромидот се лупи и сече на четвртинки.
Пилешкото месо, се сече на коцки.
На дрвени раженчиња се набодува месото и зеленчукот. Посипете со зачините и премачкајте ги состојките со путер.
Ражничите се печат на скара од сите страни додека поруменат.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко во бел сос >
Сосотојки:
1 гранче магдонос
1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
250 гр. јогурт
1 лажица млеко
1 лажица оцет
шеќер
2 јајца
300 гр. пилешки гради
4 лажици брашно
150 гр. презла
4 лажици путер
Упатства:
1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.
2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.
3.Сервирајте го местото и прелијте го со сосот.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Ручек готов за половина час >
Сосотојки:
500 грама пилешко месо
500 милилитри Хопла за горвење
2 кесички инстант супа од печурки
Упатства:
Супите проварете ги неколку минути во 500 милилитри зовриена вода.
Потоа, додадете ја хоплата, соединете добро и прелијте го месото.
Печете околу 30 минути на 200 степени целзиусови.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пилешко со корнфлекс >
Сосотојки:
1/2 кгр. пилешки стек
корнфлекс
масло за јадење
зачини по желба
Упатства:
Пилешкото исечете го на коцки и премачкајте го со сенф. Оставете го да постои 1/2-1 час или преку нок?. Корнфлексот изблендирајте го или измелете го и по желба зачинете. Пилешкото извалкајте го прво во корнфлекс, во јајце, па повторно во корнфлекс. Пржете ги на загреано масло на средна температура.
За сосот измешајте мајонез, павлака, сенф и сок од лимон.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Свински котлети со сладок и кисел сос >
Сосотојки:
6 парчиња свинско котлети без коски
4 лажици кафеав шеќер
1 лажичка ѓумбир во прав
125 мл соја сос
4 лажици кечап
2 чешниња лук, притиснат
Сол и бибер по вкус
Упатства:
Ставете ги котлетите во садот на мултивар. Измешајте ги сите други состојки, добро измешајте. Истурете ги со свинско месо. Варете на бавна програма за готвење 6 часа.
Време потребно за подготовка: 420 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети колбаси со сланина >
Сосотојки:
500 грама полутрајни колбаси
120 грама кашкавал
120 грама листови сланина
масло
Упатства:
Колбасите ги сечиме на парчиња од 5 сантиметри.
Кашкавалот го сечкаме на стапчиња.
Секое парче колбас го засекуваме попречно и во просторот ставаме кашкавал. Ги замотуваме во лист сланина.
Во тефлонско тавче загреваме малку масло и ги ставаме колбасите со сланината надолу за да се залепи. Се пржат убаво да поруменат од сите страни.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот