25 - 36 рецепти од 82 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 7 |
Грчко ќофте >
Сосотојки:
за сос:
3 жолчки
3големи лажици павлака
малку лимонов сок
се разматува заедно се додава црн пипер и сол и се остава на страна
за ќофте:
1 главица кромид ситно сецкан
300-400 грама мелено месо
црн пипер
вегета
сол
трошки од 3 парчиња леб
1 јајце
ситно сецкан магдонос( од една киска магдонос половината се става во место за ќофтето )
Упатства:
Се меси убаво месото и од него се формираат средно големи топчиња и се прпелкаат во останатата половина ситно сецкан магдонос
(доколку немате или не го сакате магдоносот може и без него и така се убави)
Се редат во тавче и се преливаат со вода и се ставаат да се варат на тивко.
Кога ке се сварат ќофтињата се прави запршка од масло(малку повеке) и брашно(без пипер) и се додава во водата во која се варат ќофтињата и се оставаат уште малку да провријат заедно.
Потоа се вадат ќофтињата на страна и во водата во која се вареле се тура претходно приготвената павлака со жолчки и се вари да се згусни.
Откако е готово со овој сос се преливаат ќофтињата .Потоа се сервираат.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки >
Сосотојки:
8 пиперки бабури
5 поголеми домати
500 гр. мелена месо
1 главица кромид
1 јајце
3 лажици маст
1 лажица брашно
црвен пипер
магданос
црн пипер
сол
Упатства:
Бабурите измијте ги и исчистете ги од семето. Испржете на една лажица маст ситно исечкан кромид, додајте го измиениот ориз и со меленото месo, се заедно пропржете, тргнете го од оган, додајте го јајцетo и ситнo сечкан магданос, сол и црн пипер. Налолнете ги бабурите со оваа смеса. Затвoрете ти oдозгора со резенка од домат, редете ги во тенџере, ставете ги преостанитите дoмати и налејте ги со вода да се облијат. Кога пиперките ќе oмекнат направете запршка од маст, брашно и црвен пипер, ставете ја преку пиперките и оставете ги уште малку да вријат на тивок оган. Со овие пиперки може да се служи кисело млекo или кисела павлака.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма од штавел >
Сосотојки:
- две главици кромид
- 1/2 кгр. мелено месо
- ориз
- бибер
- сол
- буковец
Упатства:
Две глави кромид ситно се сецкаат и се пржат во малку масло. Пред да почне да се вцрвенува кромидот се додава половина кило мелено месо кое најдобро е да биде 70% телешко и 30% свинско. Се пржи околу десетина минути додека месото не ја изгуби црвената боја и постојано се меша за да кромидот и месото добро се измешаат. Потоа во тавата се додава една чаша ориз и се пржи уште 5-6 минути. Смесата се зачинува со бибер, сол и малку буковец по желба.
Виткање на сармите.
Листовите зелка се приготвуваат така што им се одстранува тврдиот дел. Се обаруваат со врела вода неколку минути, додека не омекнат. На еден лист се става по една супени лажица од меленото месо и се виткаат сармите. Потоа сармите се редат во тенџере. Тенџерето се налива со вода додека сармите не се потопат со вода. Се вари еден час на тивок оган.
Се сервираат со кисело млеко.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Тава со свинско месо >
Сосотојки:
- 500 гр свинско месо;
- 600 гр компири;
- 4 лажици свинска
маст;
- 1 главица кромид;
- 1 пиперка;
- 1 дл бело вино;
- црвен пипер;
- 2 јајца;
- 3 дл павлака;
- сол;
- црн пипер.
Упатства:
Месото се сече на парчиња и се динста.
Во тава малку се пропржуваат компирите
исечени на коцки, ситно исечканиот
кромид и пиперката, а потоа се става
месото. Во тоа се додаваат свинска маст,
црвен пипер, сол, црн пипер и се прелива
со бело вино. По потреба се додава и
вода. Се става во рерна да се пече и пред
крај јадењето се прелива со изматените
јајца и павлаката. Сe тоа уште малку се
запекува.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма >
Сосотојки:
- 500гр. Свинско месо (мелено)
- 250гр. Говедско месо (мелено)
- 200гр. Свински ребра
- 200гр. Сува сланина
- 50гр. Ориз
- 1-2 Глави кисела зелка
- 1 глава кромид
- 1 јајце
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица брашно
- Сол
- Ловоров лист
Упатства:
1. Припремете ги листовите од киселата зелка во која ќе се ставаат сармите. Внимателно извадете ги листовите од главата за да не се изресат. Одвоените листови оставете ги да стојат во ладна вода за да излезе солта која е повеќе од доволно. Пред виткање на секој лист исечете му го делот каде што се здебелува.
2. Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маснотија, а потоа додадете му го меленото месо и уште малку заедно пржите.
3. Посолете го месото, наросете го со црвен пипер, додадете го оризот и добро измешајте, тргнете го од оган, а потоа додадете јајце.
4. На дното на подлабок сад ставете ги оние делови од зелката кои неможете да ги употребите за да завиткате сарма. За виткање на сармите користете листови со средна големина, во секој лист ставете по една лажица од претходно припремената смеса и изролајте ги во вид на сарма. Наредете ги сармите во круг така за да во средината ви остане мал празен дел за да можете да го додадете финишот.
5. Сланината и сувото месо исечете ги на мали парчиња и ставете ги измеѓу сармите. Кога ќе ги наредите сите сарми додадете ловоров лист, на крај прекријте ги сармите со листовите што ви преостанале.
6. Налејте ладна вода и гответе на среден оган околу 3 часа. Од брашното и црвениот пипер направете го финишот и прелејте го преку сармите, продолжете да ги крчкате уште половина час.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Гнезда од мелено месо >
Сосотојки:
600гр мелено месо,1 главица кромид, магдонос, 2 јајца, 2 лажици презла и кашкавал
Упатства:
Од горе наведените состојки се замесува тесто за ќофтиња, со рака од месото се формираат гнезда и внатре се става рендан кашкавал. Се става во тава од шпорет, се става зејтин и малку вода и се печат на 200 степени..
Време потребно за подготовка: 35 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко со печурки >
Сосотојки:
1. 4 пилешки гради
2. 100гр брашно
3. 1 лажичка сол
4. црн пипер пола лажичка
5. околу 300 гр печурки
6. маслиново масло
7. 200 гр сос од домати
8. свежо сецкан магдонос
Упатства:
Измешајте го брашното со солта и црниот пипер.
Пилешките гради истолчете ги и откако ќе ги извалкате во смесата со брашно, пржете на загреан зејтин додека не поруменат. Откако се готови извадете ги од тавата на страна. Во тавата каде го пржевте пилешкото, додадете го сосот од домати и мешајте додека да се загрее. Потоа додадете ги исечканите печурки и оставете да се вари на тивок оган околу 10 тина минути. Потоа вратете ги и пилешките гради во сосот и прелијте ги со него. Оставете така покриено на тивок оган уште 10 минути. Пред крај додадете свежо исецкан магданос и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко филе со печурки >
Сосотојки:
* 600 г пилешко филе
* 30 г путер
* 4 лажици масло
* 150 г кромид
* 100 г моркови
* 300 г маринирани печурки
* 10 г сушени печурки
* 1 лажица вегета
* 80 г целер стебленца
* 1 лажица густин
* 50 мл шери
Упатства:
Пилешко филе исечете го на помали парчиња.
На мешавина од путер и масло, пржете го стек на двете страни, околу 10 минути.
Се додава крупно исечен кромид, моркови исечени во прстени, печурки, исечени на четвртини и сушен печурки кои претходно се маринирале во ладна вода 10 минути.
Вегета попрскајте ја врз стековите со зеленчук и продолжете со пржењето во тавата за 15 минути.
На крајот додадете го целерот исечен на стебленца, и густинот измешан во малку вода и шери.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Селско месо >
Сосотојки:
800 гр. свинска удина
1 китка магдонос- по желба
300 гр печурки
сол, бибер,
сув мешан зачин,
црвен пипер
лук
3-4 суви пиперки
Упатства:
Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос а потоа ги додавате печурките кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи,и заедно се пржи околу 10 минути. Во земјена тава или кавка имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магданос.
Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150 степени целзиусови и се готви два часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијанско ќофте >
Сосотојки:
- 700 гр. мелено месо
- 1 јајце
- 1 пак. пармезан
- 1 лажица презла
- 1 чешне лук
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче пипер
- 1/3 чаша млеко
- 1/2 лажица оригано
Упатства:
Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои два часа во фрижидер.
Направете ќофтиња во облик и големина по Ваша желба и малку испржете ги во врело масло. Во истата тава направете сос од домати. Вратете ги ќофтињата во сосот и варете ги околу 15 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат од месо >
Сосотојки:
- 500 гр. мелено месо по избор
- 2 жолчки
- 1-2 лаж. презла потопени во вода, вегета и бибер по вкус
- 2 варени јајца
- спанаќ околу 500 гр.
- шунка и фета сирење по желба
Упатства:
Месото посолете го и додајте ја презлата потопена во вода, две жолчки и се добро измешајте.
Месото развлечете го на намрсена фолија.
Спанаќот попарете го, исцедете го исечете го и пржете го на масло, додавајќи млеко.
На месото прво наредете ја шунката, спанаќот, ситно исецканите јајца и фета сирењето. Завиткајте ролат
и печете го на 250 C од 40-45 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки >
Сосотојки:
- 1 кгр. мелено месо
- 2 главици кромид
- 3 домати
- першун
- 1/2 филџан ориз
- сол
- бибер
- 1 лажица црвена пипер
- масло за јадење
- пиперки за полнење
Упатства:
Меленото месо испржете го со малку путер. Додадете го ситно исечканиот кромид, црвената пипер, вегета, посолете и забиберете по вкус. Кога ќе испари вишокот вода, додадете го оризот и ситно сечканиот першун. Мешајте додека смесата не се изедначи и тргнете ја тавата од оган.
Во меѓувреме исчистете ги пиперките од семките. Oд доматите исечете кругови со кои ќе ги затворите пиперките.
Пиперките наполнете ги со подготвената смеса од месо, затворете ги со парчињата домати, ставете им 1 филџан вода во тавата и масло и ставете ги во рерна да се печат.
Пријатен неделен ручек.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот