37 - 48 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Свинско месо со павлака и печурки >
Сосотојки:
4 свински шницли
1 кромид
2 супени лажици маргарин
225 гр печурки (маринирани или свежи)
2 супени лажици сок од лимон
150 мл павлака
сол и црн пипер (по желба)
Упатства:
Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко со лук >
Сосотојки:
25 чешниња лук исецкани по должина
8 парчиња пилешко (батаци и карабатаци)
Околу 4 лажици маслиново масло
100 мл бело суво вино
2 лажици брашно
400 мл пилешки бујон (2 мали коцки на пола литар вода)
Магдонос (околу 1 голема лажица)
Сол
Бибер
Упатства:
Во подлабоко тавче се пржи лукот околу 5 минути на тивкок оган во 2 лажици масло. Треба да се внимава да не потемни. Се вади од тавчето и се трга на страна.
Се додаваат уште 2 лажици масло и во истото тавче се пржи месото по околу 10-на минути од едната и од другата страна. Се посолува и забиберува.
Во меѓувреме се подготвува бујонот.
Кога месото е зацрвенето од двете страни се додава лукот, бујонот и виното, се поклопува со капак и се остава да се динста околу половина час.
На крај, се доваат 2 лажици брашно, при што треба да се внимава да не се направат грутки, се додава магдоносот, по вкус се додава сол или бибер и се остава на тивок оган уште 10-на минути.
Се сервира прво месото, се прелива со сосот од лук и се декорира со свеж магдонос.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Медаљони од бело месо >
Сосотојки:
околу 500 гр. пилешко или мисиркино бело месо
1 јајце
2 лажици кисела павлака
вегета
презла
зачини по желба
масло
Упатства:
Исечете го месото на шницли со средна дебелина. Секоја шницла истолчете ја со чекан за месо.
Изматете ги јајцата со павлаката. Доколку имате помали јајца ставете две. Посолете со вегета и додадете уште некој зачин по желба.
Во добиената маса ставете го месото да биде потполно прекриено со јајцата и павлаката. Оставете го во фрижидер најмалку два часа, а може и повеќе. Најдобро е да го оставите цела ноќ, а следниот ден да го пржите.
Подготвеното месо извалкајте го во презла. Пржете го на масло од двете страни, додека не се зацрвени.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Поховани шницли >
Сосотојки:
1/2 кгр. свински шницли
1 коцка за супа
сол,, вегета
2 јајца
брашно
лебни трошки
Упатства:
Шницлите исечете ги, истолчете ги со чекан, ставете им сол и вегета. Во 3 садови ставете брашно, изматени јајца и лебни трошки. Ставете го месото во брашно, јајце и лебни трошки и ставете го да се пече во тепсија обложена со хартија за печење, во рерна. Ставете му малку масло и печете.
Кога месото е готово ставете го во подлабоко тенџере и налејте ја претходно сварената супа од коцка и покријте го. Варете околу 10 минути.
Месото ќе го задржи вкусот и ќе биде меко и сочно.
Послужете со пире од компири.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Српски ловечки паприкаш >
Сосотојки:
- 750 гр. телешко месо
- 200 гр. чадена сланина
- 3 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 500 мл. бело вино
- сол
- бибер
- магданос
Упатства:
Месото исечете го на коцки со средна големина, а сланицата кромидот и пиперките на поголеми парчиња. Во тава ставете половина од месото па одозгора ставете го кромидот,, пиперките и сланината. Покријте со остатокот од месото. Посолете и забиберете. Додадете масло, налејте го белото вино и гответе го поклопено околу два часа на тивок оган. Послужете го со прилог од ориз и украсете го со сечкан магданос.
Време потребно за подготовка: 200 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко месо со ореви >
Сосотојки:
• 4 поголеми пилешки гради
• 1 чаша потпечени ореви
• 1 чаша супа од пилешко месо
• 1 чаша путер
• 2 големи лажици брашно
• 2 големи лажици оцет
• 2 чешниња лук
• сол и бибер
Упатства:
Пилешките гради потпечети ги на температура од околу 200°С. Во текот на печењето проверувајте и завртете ги.
Путерот стопете го во тава на умерен оган. Додадете брашно и мешајте постојано. Потоа додадете супа од пилешко месо и оставете да зоврие со постојано мешање, за да не се направат топчиња.
Потоа, додадете оцет, лук, ореви, сол и и бибер. Промешајте и пропржете уште малку. Се сервира прелиено преку месото од пилешки гради.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички на грчки начин >
Сосотојки:
Состојки:
1 главица стар кромид,
половина главица лук,
300 грама мелено месо,
100 грама варен ориз,
4 тиквички,
3 домати,
4 лажици маслиново масло,
30 грама сечкани бадеми,
30 грама суво гозје,
малку сол и црн пипер,
малку ким и цимет,
малку црвен пипер, 1
100 грама кашкавал.
Упатства:
Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.
Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.
Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута).
Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.
Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.
Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.
Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинеско пилешко месо со лимон >
Сосотојки:
Пилешки стек
јајце
брашно/густин
лук
ѓумбир
лимон и кора од лимон
бибер
сол
Упатства:
Чекор 1: Пилешкиот стек исецкајте го на парченца. Во сад промешајте ги јајцето, белиот бибер и солта додека да се соединат. Додадете го стекот и мешајте да се покрие убаво.
Чекор 2: На рингла ставете ја длабоката тава со рачки и додадете масло. Во друг сад ставете го густинот и брашното и убаво измешајте. Додадете го месото. Месото испржете го и тргнете го на страна.
Чекор 3: Исецкајте го лукчето, ѓумбирот и изрендајте ја кората од лимон. Тавата ставете ја на оган со лажица масло и додадете ги сецканите лукче, ѓумбир, буковец и бело вино. Потоа додадете го соја сосот, оцетот, водата, шеќерот и на крај кората од лимон. На крај додадете го месото, промешајте и додадете лажица густин.
Чекор 4: Сервирајте со младо лукче или кромитче.
На здравје !
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Криспи пилешки бургер >
Сосотојки:
400 мл. млеко
40 гр. свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
60-70 мл. масло
1 крг. брашно
пилешко месо
сенф
брашно зачини
1 јајце
Сос: мајонез, кари, сос од лимон
Упатства:
Замесете меко тесто од состојките за лепчињата и оставете го да се удвои. На намрсена или набрашнета површина исукајте кора па вадете кругови со чаша или поделете го тестото на повек?е топчиња. Премачкајте со јајце и печете во загреана рерна на 220 С.
Пилешкото исечете го на парчиња и исчукајте го. Премачкајте го со сенф и оставете 1-2 часа или преку вечер да постои. Потоа валкајте го прво во смеса од брашно и зачини, па потопете го во обична вода или јајце, па повторно во брашно, вода/јајце, па пак во брашно. Пржете го во тава со загреано масло на средна температура. Помфритот е печен во рерна со зачини, а за сосот измешајте кесичка мајонез со 1 лажичка сок од лимон и 1 лажичка кари.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки ролати филувани со сирење >
Сосотојки:
1 кг пилешко филе
400 г сланина
300 г сирење (фета или друго, по ваш вкус)
Сол, црн пипер, останати зачини – по вкус
Масло
Гранче рузмарин или босилек
Се печат во загреана рерна на 180-200 степени, 30-40 минути
Упатства:
Месото се чука и се полни со фета сирење. Секој ролат се витка во парчиња сланина. Ролатите се печат во загреана ретна.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Мусака од печени пиперки и мелено месо >
Сосотојки:
10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)
500 грама мелено месо
200 грама кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
1 главица кромид
150 грама ориз
Свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер
Упатства:
Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло, додадете го меленото месо, зачинете и додадете го сварениот ориз. Откако целата смеса добро ќе се испржи додадете сецкан магдонос и тргнете од оган .
Во сад измешајте ја павлаката со јацата и зачинете. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, на дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени, потоа врз пиперките премачкајте од павлаката со јајца, па потоа нанесете еден слој од смесата со мелено месо.
Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата количина на продукти, одозгора прелијте со павлаката и јајцата.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла од мелено месо >
Сосотојки:
600 гр брашно
1 пак. прашок за печиво
1/2 лажичка сол
150 мл кисело млеко
250 мл млеко на собна температура
100 мл масло
1 јајце
За фил
500 гр мелено месо
1 главица кромид
1 пак. фант за ќофте
1 јајце
грст ситно сецкан магдонос
За премачкување
1 жолчка
2 лажици топла вода
Упатства:
1. Од наведените состојки измесете глатко тесто. Откако ќе го измесите, премачкајте го со 2 лажици масло и повторно премесете го.
2. Фантот спремете го спрема упатството. Кромидот изрендајте го. Додадете ги во меленото месо заедно со јајцето и магдоносот. Се убаво измесете.
3. Тестото поделете го на 3 исти делови и еден малку помал. Трите теста развлечете ги во еднакви правоаглони кори со дебелина од околу 3 мм (отприлика 15х25 или малку повеќе). Филот поделете го на 3 еднакви дела и премачкајте го врз секое од тестата. Наредете ги едно врз друго и внимателно завиткајте ги во ролат.
4. Ролатот префрлете го во плех обложен со пек-хартија и премачкајте го со растворената жолчка. Од четвртото тесто направете укрсани фигури за одозгора. Премачкајте ги и нив.
5. Печете во загреана рерна од 180 С 45 мин.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот