61 - 72 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 | 7 |
Лахмаџун - турска пица > Сосотојки: Потребни состојки:
1 kg брашно
1 квасец (свеж или сув од ќесичка)
топла вода за замесување на тестото
сол и малку шеќер
200-300 gr мелено, говедско месо
1 поголем кромид
200 ml доматен сос
Зачини по желба – куркума, кумин, коријандер, нане…
Домати, марула, лимон, лут сос (опционално)
Упатства: Начин на подготовка:
1. Го активираме квасецот во млака вода заедно со шеќерот. Замесуваме меко тесто додавајќи го брашното, малку сол и уште малку вода доколку е потребно. Всушност тестото треба да биде слично како она за пица.
2. Го подготвуваме сосот додека тестото стасува. Кромидот го сечкаме ситно, го додаваме меленото месо и пржиме на тивко. При крајот го додаваме доматниот сос и зачините по желба.
3. Кога тестото е стасано, обликуваме тенки, кружни основи, како за пица. Внимавајте тестото да е навистина тенко и пржете го во обична тава по неколку минути од двете страни, додека добро не зарумени.
4. Врз подготвеното тесто ставаме од сосот со мелено, говедско месо. Сепак, не претерувајте со филот, доволна е мала количина од него.
5. Декорираме со сечкана марула, домати, свеж лимон или лут сос по желба.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчко гиро > Сосотојки: Свински врат без коски - 500 гр.
6 тортиљи
1 главица кромид
5 лажици маслиново масло
1 лажица мед
1 лажица јаболкова киселина
сол по вкус
зачин за гирос - микс од оригано, кромид и лук во прав, першун, мајчина душица, црвена пиперка, бибер
За сервирање
домат
помфрит
сос - по желба
Упатства: Направете маринада за месото така што ќе ги измешате зачините со маслиново масло, мед, киселина и сол. Кромидот исечете го на полумесечинки. Ставајте го кромидот меѓу месото. Оставете го во фрижидер неколку часа.
Кога ќе биде готово, испечете го месото во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.
Исечете го месото на танки и долги парчиња. Тортиљата свиткајте ја како фишек и ставете месо, помфрит, домати и сосови по желба.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешко полнето со сенф, моцарела и чедар > Сосотојки: 125 гр топчеста моцарела, распарчена на мали парчиња
50 гр јак чедар, рендан
1 супена лажица сенф
4 филети од пилешки гради без коски
8 ленти пушена сланина
Упатства: Загрејте ја рерната на 200С. Измешајте ги сирењата и сенфот заедно. Исечете шлиц на страната на секое парче пилешки гради, а потоа пополнете со мешавина од сенфот и сирењата. Завиткајте го секое полнето парче пилешки гради со 2 ленти сланина - не премногу цврсто, но доволно за да го држите пилето заедно. Зачинете, ставете го на плех за печење и печете 20-25 мин.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Турска лепиња полнета со месо и зеленчук > Сосотојки: 500 гр брашно
160 мл вода
160 мл млеко
3 лажички сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Полнење
1,5 кг месо по ваш избор (телешко, пилешко, јагнешко)
Упатства: Прво, замесете тесто. Оставете го тестото да стаса на топлина, додека го печете месото од сите страни во подлабока тава. Покријте и додадете малку вода колку што е потребно за да зоврие (времето на вриење зависи од видот на месото). Кога месото е речиси на половина, додадете зеленчук по ваш избор и зачини.
3
Покријте, мешајќи повремено, додајте течности и продолжете додека не завршите.
4
Добиеното топче тесто поделете го на два дела, едниот треба да биде малку поголем, на пример 60% од тестото треба да биде во долната кора, која треба да биде малку подебела во однос на „капакот“.
5
превртете се на набрашнета површина и ставете ги во плех каде што имате намера да печете. Наредете го месото и зеленчукот на тестото, но внимавајте рабовите на тестото да ги оставите слободни на околу 2 см од крајот.
7
Рабовите каде што се составуваат горното и долното тесто треба се добро склопени, така што тестото да не се разделува за време на печењето.
8
Одозгора можете да го премачкате со жолчка или масло и да посипете со сусам или лен
9
печете на 180 С во загреана рерна додека не се добие прекрасна боја на лепињата. Ви требаат околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Овчарска пита со јагнешко месо, печурки и моркови > Сосотојки: 4-5 големи компири
500 гр мелено јагнешко
1 кромид, сецкан
12 печурки, сецкани
2 моркови, исечени на парчиња
1 коцка јагнешка супа
1 лажица Ворчестер сос
400 гр бел грав, варен
400 гр сецкани домати
3 лажици соја сос
1 лажица путер
60 мл свежо млеко
Упатства: Исчистете ги компирите и исечете ги на парчиња. Ставете ги да се варат во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги. Во тава на средна температура, пржете го јагнешкото месо со кромид, моркови и печурки. Мешајте постојано. Додадете Ворчестер и соја сос. Откако месото ќе зарумени, тргнете го од оган. Ставете го на дното на плех за печење. Додадете грав, супа (смачкана) и домати. Мешајте.
Печете во загреана рерна на 220 степени додека компирот не се излади или околу 20 минути. Откако компирот се олади, исцедете го, додадете путер и млеко и пире додека не се изедначи.
Извадете го јагнешкото месо и зеленчукот од рерната. Покријте со пире од компири. Вратете го во рерна уште 15 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Печено јагнешко бутче со компири > Сосотојки: - 2 кгр. јагнешки бут
- 1 кгр. компири
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша вода
- вегета, сол, бибер, рузмарин
Упатства: Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со вегета, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите.
Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина.
Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.
Време потребно за подготовка: 220 минути
<< Сокриј го рецептот
Турлитава > Сосотојки: 1 кг. мешано месо
компир, домати, пиперки
кромид, бамји
модар патлиџан, боранија
1 главичка кромид
масло за јадење,сол
црвен мелен пипер
црн пипер
Упатства: Месото се сецка и се пржи на масло за јадење. Зеленчукот се сецка поситно, се додава на месото со уште малку масло за јадење и вода. Треба да се додаде доволно вода за да се свари смесата, а сепак после печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува кратко. Потоа се става во тава и се пече на 200 степени целзиусови околу час и половина. Во текот на печењето се промешува два до три пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазањи > Сосотојки: Бешамел
7,5 дцл. млеко
3 коцки путер
3 лажици брашно
1 лажица сол
1 пакетче шармезан
Месо
1/2 кгр, мелено месо
1 лажица вегета
1 ловоров лист
1 чепне лук
1 главица кромид
1 лажица црвена пипер
сол
бибер
1 лажица доматен сос
2 лажици маслиново масло
Кори
8 barilla кори за лазањи (не треба да се варат)
Упатства: Издинстајте го кромидот и лукот, па додадете го месото. ставете гхо да се динста на тивок оган во водата од месото. Додајте ги зачините и добро измешајте. Месото треб ада се динста отприлика еден час со постојано додавање на вода.
За бешамел: Во ладно млеко додадете го путерот, брашното и солта. Ставете го на оган и цело време мешајте додека не се згусни. Кога ќе биде готов сосот додадете 1 кесичка пармезан.
Намастете го дното на огноотпорниот сад и ставете: 2 кори кои само малку ќе ги ставите во топла вода, 1/3 од месото и неколку лажици бешамел. Направете така три пати. На последните кори само излијте го остатокот од бешамелот.
Печете на 180 C околу 20-тина минути.
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот
Богат ролат од месо > Сосотојки: Свинска удина
Шницли од телешко, пилешко и мисиркино месо
2 палачинки
4 виршли
4 лажици грашок
12 парчиња морков
сол,
бибер,
вегета,
масло
вода
За прилог:
400 гр. грашок
1-2 чешниња лук
1-2 лажици маслиново масло
першун
вода по потреба
Упатства: Шницлите добро истолчете ги, посолете ги и забиберете ги. На секоја шницла ставете по една палачинка во која ќе завиткате виршла и лажица грашок. Во средината ставете ја свинската удина. Наредете ги и морковите завиткајте ролат и по потреба зацврстете го со чечкалици или кујнски конец. Ставете вегета и други зачини по Ваша желба и оставете го во садот во кој ќе го печите. Намастете го садот со маслиново масло.
Печете на темпетарура од 200 C, додека ролатот убаво не се зацрвени. По печењето извадете ги чечкалиците, или кујнскиот конец и исечете го.
Динстран грашок: Исечкајте ги лукот и першунот и испршете ги на маслиново масло. Кон тоа додадете го грашокот и вода и оставете да се динста. Сервирајте со ролатот.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Деликатесен гулаш > Сосотојки: * 500 г говедско месо
* 2 лажици вегета
* 50 г пушена сланина
* 50-100 мл бело вино
* 100 г (кромид)
* 500 г млади компири
* 2 лажици масло
* 250 г печурки
* 1 лажичка шеќер
* 1 лажица густин
* 1 1/2 лажичка црвен пипер
* малку магдонос
Упатства: Исечете го говедското месо на коцки, и посолете со вегета па оставете да отстои на кратко.
Во тавче додајте масло и испржете ја ситно сечканата сланина а потоа и месото. Истурете вино и варете околу еден час со повремено додавање на вода.
Во посебен подлабок сад со преостанатиот зејтин пржете ги исечените компири во помали парчиња, додадете исечени печурки во квартали, црвениот пипер, шеќерот, и кога течноста ќе испари, додадете шеќер, добро измиениот и исечкан кромид и црвениот пипер.
На крај во садот додадете го говедското месо и оставете да се готви уште 20-30 минути.
На крајот месото прелијте го со вода (околу 500 мл), додадете густин исмешан со малку вода во садот и посипете со исецкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Компири со џигер > Сосотојки: 1 килограм компири,
250 телешки или јунешки дроб,
главица кромид,
црн пипер,
едно јајце,
млеко, маст, сол.
Упатства: Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги на половина и со лажичка издлабете ги. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и измелете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете го малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте го со млеко и така компирите ќе бидат облеани и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна се додека да се вцрват.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Штипски пастрмајлии > Сосотојки:
- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)
Упатства: Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|