73 - 82 рецепти од 82 | Страница: | 1 | << | ... | 5 | 6 | 7 |
Свинска коленица со кисела зелка >
Сосотојки:
- 2 свински коленици;
- кромид;
- целер;
- магдонос;
- црвен пипер;
- црн пипер;
- ловоров лист;
- ? кг кисела зелка;
- компири;
- масло
Упатства:
Свинските коленици се стават во
тенџере со вода и се додаваат целер,
магдонос, ловоров лист, црвен и црн
пипер. Сe тоа се вари. Посебно се
пржи исечканиот кромид, во кој се
додаваат зелката и варената
коленица. Сe тоа се крчка и
повремено се додава водата во која
се варела коленицата. Компирите се
сечат на четири дела и посебно се
варат. Потоа се додаваат во готовата
коленица.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Свинско суфлаки >
Сосотојки:
120 мл маслиново масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук, ситно исечкани
4 лажички лимонов сок
2 лажички вински оцет
2 лажички оригано
1 лажичка сол
пола лажиче бибер
700 гр свинско месо
стапчиња за раженчиња
ѕаѕики
Упатства:
Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад.
Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот.
По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара.
Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја.
Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото. Сервирајте со ѕаѕики и грчка салата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашна паштета со коњак, кромид и павлака >
Сосотојки:
40 гр путер
1 лажиче сенф
? главица црвен кромид, сецкан
2 чешниња лук, притиснати
450 гр пилешки џигери, исчистени и исечени
2 супени лажици коњак или ракија
1 лажиче сок од лимон
40 мл крем за готвење
2 супени лажици свеж магдонос, сечкан
Сол и бибер по вкус
Упатства:
Растопете го путерот во тава на средна топлина. Додадете ги сенфот, кромидот и лукот. Гответе, мешајќи, околу 5 минути, додека не омекне. Додадете го црниот дроб и пржете додека не порумени, но сепак да имате розев центар. Додадете ги коњакот/ракијата, павлаката, магдоносот и зачинете со зачините. Добро измешајте и тргнете го од оган. Почекајте неколку минути и измешајте со блендер.
Префрлете се во соодветен сад. Затворете со капак. Пред сервирање ставете го во фрижидер најмалку 2 часа.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Миниролнички со колбаси и лиснато тесто >
Сосотојки:
55 гр маст
55 гр путер
Брашно 220 гр
250 гр колбаси
Млеко
Вода
Упатства:
Ставете маст и путер (и двете омекнати на собна температура) во сад. Брашното ставете го одозгора и започнете со месење со рацете. Додадете малку вода за да направите тесто и продолжете со месење додека не се измешаат добро сите состојки. Завиткајте го тестото со пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте плех за печење.
Поделете го тестото на 3 парчиња. Покријте ја површината за месење со брашно. Расукајте го секое парче тесто така што е долго околу 30 см. Отстранете ја содржината на колбасите со стискање на меленото месо од нив. Исто така, поделете го на три дела. Обликувајте го секое парче во издолжена форма и ставете го на едниот крај од секој лист тесто. Намачкајте со малку свежо млеко. Расукајте го секој лист тесто во ролна.
Исечете го тестото на мали парчиња. Подмачкајте го секое повторно со малку млеко одозгора. Печете во загреана рерна додека не поруменат или околу 30 - 40 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мисирка во сланина >
Сосотојки:
- 1 мисирка (околу 3 кг.)
- 200 гр. суви сливи без семки
- 8 црвени кисело-слатки јаболки
- 5дл. бело вино
- 2 листа лорбер
- 2 јајца
- 60 гр. рендан падано (или пармезан)
- 4 парчиња леб
- 1 главица кромид
- 1 гранче жалфија
- 3 гранчиња рузмарин
- 200 гр.тенки ленти сланина
- 1 чешне лук
- 40 гр. путер
- Сол
- Бибер
Упатства:
1. Маринирајте ги сувите сливи и 4 јаболки исечени на парчиња во вино со ловоров лист околу 60 минути исцедете ги и помешајте ги со јајцата, ренданото сирење,исецканиот леб, сецканиот кромид, неколку сецкани листови жалфија и иглички рузмарин, сол и бибер.
2. Добро изчистете ја мисирката, од внатре посолете је и побиберете ја и наполнете ја со подготвената смеса, па затворете ги сите отвори. Посолете ја од надвор и префрлете ја во плехот со зачините. Печете ја 2,5 часа на 160 степени повремено залевајки ја со виното од маринадата.
3. Обмотајте ја мисирката со сланина и печете ја на 190 степени уште 30 минути. Преостанатите јаболки исечете ги на парчиња, пропржете ги на путер со лук, посолете и послужете со мисирката.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Кралска сарма >
Сосотојки:
1 голема зелка
500 гр мелено месо
500 гр. свинско месо
1 главица кромид
1 морков
300 гр. сецкани конзервирани шампиони
1 рака ориз
8 парчиња сланина
1 ливчиња ловор
1 лажица вегета
1 лажица црвена пипер
1/2 лажица бибер
сол по потреба
вода и масло
Упатства:
Ситно исечкајте ги кромидот и морковот. Исечете го свинското месо на ситни коцки (со големина на лешник). На загреано масло пропржете го кромидот и морковот додека не омекнат. Додадете ги парчињата свинско месо и динставјте на тивок оган додека месото не омекне. Додадете го меленото месо и пржете додека месото не ја смени бојата. Додадете ги печурките и динстајте 5 минути. Додадете го измиениот ориз, вегета, црвената пипер и сол по потреба. Промешајте.Одвојте ги листовите зелка и отстранете го дебелиот дел. Секој лист наполнете го со филот и завиткајте сарма. Во длабоко тенџере, претходно намастено ставете празни ливчиња зелка и редете ја сармата. Над сармата ставете ги парчињата сланина.
Ставете масло и покријте ја сармата со чинија. Додадете вода за да се покрие. Варете на тивок оган 3-4 часа и додавајте вода по потреба.
Време потребно за подготовка: 280 минути
<< Сокриј го рецептот
Јагнешко бутче во тесто >
Сосотојки:
- 1 јагнешко бутче
- јагнешки џигери
- 500 гр. претходно приготвено тесто
- 100 мл. бело вино
- 100 мл. масло
- 1 лажичка сол
- 1 жолчка
- 5 грама мелен црн бибер
- рузмарин
Упатства:
Обезкостете го бутчето и во него направете отвор за полнење. Исечете ги џигерите и испржете ги на малку масло во тава. Посолете ги, додајте мелен црн бибер, рузмарин и бело вино. Со таа смеса наполнете го бутчето и зашијте го отворот со готварски конец. Посолете го и посипете го бутчето со црн бибер од сите страни. Намачкајте го со масло. Ставете го да се пече околу 60 минути во претходно загреана рерна, додека добро не се испече. Извадете го и оставете го да се излади.
На набрашнета површина развлечете го тестото, ставете го бутчето насредина и добро обвиткајте го во тестото. Одозгора украсете го самото тесто (може да направите цвет или лист).
Намачкајте ја површината со жолчка. Печете го во загреана рерна околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Ширден на прилепски начин >
Сосотојки:
1/2 кгр.телешко месо
1/2 кгр. свинско месо
1/2 кгр. јагнешко месо
кромид
сол
бибер
јенибар
ориз
ширдени
Упатства:
Трите видови месо се сечкаат на мали парченца, со димензија од еден и пол сантиметар. Во нив се додава исечкан кромид, сол, црн бибер и малку јенибар и ориз. Го запржуваме местото, заедно со кромидот. Ширден е внатрешен орган на младо јагне кој преставува продолжение на желудникот. Добро исчистен се полни се затвора на стариот прилепски начин со шиење. Се додава една чаша вода и се печи на 180 степени, два часа, а се служи топол.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Ловџиски суџук >
Сосотојки:
свинско месо - 2 кг
говедско месо - 2 kg
сланина - 1 кг
сол - 125 г
црн пипер - 10 г
Јенибар - 10 гц
црвен пипер - 10 г
шеќер - 1 лажица
свински црева за полнење
Упатства:
Се сечка месото на ситно, се додаваат сол и зачини и добро се промешува. Оставете го да отстои преку ноќ. Наполнете ги со смесата измиените црева, но без да стегате многу.
Исечете ги цревата на одделни пократки суџуци. Наредете ги на табла и потиснете ги со друга потешка табла одозгора. Оставете ги да отстојат така 2 дена, по што наредете ги да се сушат на промаја.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Соган Долма >
Сосотојки:
10-тина главици кромид со средна големина
500 гр. месо
150-200 гр. ориз
2 моркови
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажица вегета
3 лажици першун сецкан
1 чаша сос од домати
Упатства:
Исчистете го кромидот од надворешниот слој, отсечете го коренот, за да можат внатрешните слоеви да се вадат подобро.
Замотајте по 3 главички кромид во водена кујнска хартија и печете во микробранова 3 минути. Потоа ставете ги следните три главички.
Во меленото месо додадете ориз и зеленчук и зачинете го по желба. Изладениот кромид раздвојте го на листови и полнете го со месо.
Во тавата налејте го сосот од домати, додадете врела вода колку да се покрие долмата.
Оставете да врие 10-15 минути, покријте со фолија и печете 45 минути на 200 C. Можете да ставите и мали слатки полнети пиперки во тавата.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот