1 - 12 рецепти од 12 | Страница: | | 1 |
Салата од туна, кромид и зелка >
Сосотојки:
3 конзерви туна
2 пиперки - зелена, црвена
неколку стебленца зелен кромид или мала глава кромид
2 чаши сецкана зелка
За дресинг:
1/2 чаша мајонез
2 лажици бел оцет
Сол и бибер по вкус
Упатства:
Ситно исечкајте ја зелката, пиперките и кромидот и ставете ги во длабок сад со исцедената риба. Одделно комбинирајте ги состојките за дресинг, зачинете ја салатата и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со риба >
Сосотојки:
* 500 г филет од ослич
* 2 лажички Вегета
* 3 лажици маслиново масло
* 1/2 лажичка рендано кора од лимон
* 3 лажици масло
* 2 чешниња лук
* 50-100 мл бело вино
* 250 мл павлака за готвење
* 250 г шпагети
* 1/2 лажичка сол
За декорирање:
* 1 лажица сецкан магданос
* 1 лажица рендано сирење пармезан
Упатства:
Филетите од ослич посолете ги, па исечете ги на големи коцки, посипете ги со вегета, маслиново масло и посипете ги со рендана кора од лимон. Оставете да отстојат околу 10 минути.
Подготвените коцки кратко пропржете ги во тава на загреан путер.
Додадете мелен лук, вино, и варете додека не испари виното.
Ставете крем над нив, па додадете ги шпагетите, кои претходно сте ги свариле во солена вода и промешајте.Украсете со рендан пармезан и магдонос.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Преспански циронки >
Сосотојки:
300 гр. циронки (сушени преспански белвици)
100 гр. масло
буковска пипер
сушено нане
Упатства:
Испечете ги циронките на плотна oд шпоретот сосема малку и ставете ги веднаш во топла вода. Оставете ги да вријат во водата се додека oмекнат. Ставете ги во цедилка да се процедат од водата, отстранете им ги главите и ставете ги во чинија, прелијте ги со масло, буковец и сушено нане. Измешајте дoбро и служете.
Сервирајте со нафора.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Ослиќ со зеленчук >
Сосотојки:
• 200 грама Ослиќ
• 50 грама Моркови
• 100 грама Грашок
Упатства:
Се вари рибата, грашакот, и морковот. Рибата се ситни и се чисти од евентуални коски. Потоа се пасира грашокот и морковит.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сардини на скара (Бакалау) >
Сосотојки:
- Свежи сардини
- Мајчина душичка
- Сол
- Црн пипер
- Масло
- Лимон
Упатства:
За подготвување на ова јадење најпрво потребно е да се зачини свешата сардина со зачините и да се остави малку да отстои. Значи сардината се посипува со мајчина душичка, сол, црн пипер, а исто така добро е во овој момент да се стави и малку лимонов сок заедно со маслиново масло.
Откако сардините ќе отстојат некој час стануваат спремни за печење. Ставете ги сардините во загрена скара, рерна но и пред печење повторно ставете неколку гранчиња мајчина душичка како и лимон и масло. Откако ќе се испечат се оставаат да се оладат.
Препорака:
Сардините послужете ги со тапенаде, сос од маслинки или едноставно само ставете парченца свеж лимон.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Охридска jагула печена во пепел >
Сосотојки:
1 јаrула од 2 кгр.
200 гр. кромид
5-6 лути пиперчиња
200 rp. бело вино
Упатства:
Кожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Распорете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете го во врел пепел, без жар и пoкријте ја од сите страни со дебел слој врел пепел. Печењето трае 1-2 часа што зависи од топлината на пепелoт. Кoга јагулата ќе се испече, внимателно извадете ја од кесата ставете ја на долгнавеста чинија. Налејте ја само со дел од сокот што го пуштила, бидејќи сoкот е масен. Преку јаryлата ставете ситно сечкан кромид, украсете ја со зелени пиперчиња и служете ја со салата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени филети од ослич >
Сосотојки:
• малку зачин
• 100 грама Домат
• 1 грама Кромид
• 2 чешниња Лук
• малку Магдонос
• 50 милилитри Масло
• 200 грама Ориз
• 100 милилитри суво бело вино
• 3 Филети ослич
Упатства:
Филетите измијте ги и зачинете ги со вегета, црн пипер, сечкан лук и магдонос. Во огноотпорен сад ставете малку масло па распоредете го сечканиот кромид. Преку кромидот ставете на кришки сечени домати, кои претходно се измиени и исчистени, па посипете со ориз.
Преку оризот наредете ја рибата, налијте со вода, вино и малку масло, сe да биде покриено.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и испечете во рерна на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Крап во бело вино >
Сосотојки:
1,5 кг крап,
2 лимони,
магдонос,
црн бибер,
оригано,
сенф,
лук,
1 путер,
1/2 л. бело вино,
сос од домати - 250 мл,
останати зачини чиј вкус го обожавате.
Упатства:
Крапот нека биде засечен на кременадли но не до крај од едната страна да останат прицврстени(во рибарница ако кажете за полнење знаат како да ви го исечат). Исчистениот крап го премачкувате во внатрешноста со сенф и од двете надворешни страни го полните со коцки путер, лимон, магдонос, лук,оригано, црн бибер и останати зачини. На надворешната страна ставате дополнително црн пипер, оригано и магдонос. Го преливате тавчето со бело вино и сос од домати. Ставате да се пече на загреана рерна од 200 Ц - 30 тина минути, потоа ја зголемувате температурата на 250 Ц и печете уште 15 тина минути. Може да сервирате со приготвен интегрален ориз. Остатокот од белото вино, измешан со стопениот путер,сосот од домати, може да го соберете во сад и да го служите како прелив.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Ослич во бело вино >
Сосотојки:
300 милилитри Суво бело вино
50 грама Путер
800 грама Ослич
100 грама Моркови
малку Магдонос
1 Кромид/а
малку Сол
малку Брашно
Упатства:
Половина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромидот.
Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една мин. и се додава белото вино.
Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос.
Се покрива и се остава да се вари околу 20 минути.
За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби.
Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата.
Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин. Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути.
Пред да се пренесе на трпезата, се прелива со стопен путер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Печен лосос >
Сосотојки:
25 милилитри Цеден Лимон,
250 милилитри Суво бело вино,
малку Сол,
150 милилитри Маслиново масло,
малку Магдонос,
900 грама Лосос,
300 милилитри Вода,
малку Црн бибер.
Упатства:
Лососот се става во тавче, магдоносот зоврива во вода и со таа течност се прелива рибата.
Потоа Лососот се прелива со маслиново масло, вино и зачините. Така приготвената риба, се пече во загреана рерна 40 минути, на температура од 160 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини и шкампи во црвен сос >
Сосотојки:
1 чаша -Бело вино
500гр- Шкампи
3 раце- Макарони
1 Кромид
3-Патлиџани
3 лажици-Маслоново масло
1филџан-доматен сос или кечап
Босилок
Упатства:
Макароните се ставаат во претходно зовриена вода во која што сме ставиле малку масло.
Во тава за пржење ставаме масиново масло и кромидот да се пржи,потоа ги додаваме пасираните патлиџани ,па сосот од домати и го оставаме малку да се попржи. После 5 минути го додаваме белото вино и босилокот и оставаме уште минута две да се попржи.
Во друга тава за пржење ги ставаме шкампите заедно со тестенините да се испржат едно 5 минути,а потоа сервираме.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Морски плодови во сос >
Сосотојки:
Околу 1 кг морски плодови(лигњи,морски стапчиња и ракчиња)
3-4 лажици пире од патлиџан
1 кромид
1-2 чешниња лук
250 гр бело сирење(фета)
1/2 китка магдонос
3/4 шоља маслинов зејтин
1 пиперка зелена ситно сецкана
1/2 лажиче шекер
1 шољичка узо
1 шоља бела вино
1 пиперче љуто(кој сака)
сол и бибер
Упатства:
Морските плодови ги варите во солена вода околу 20 мин.Ги тргате на страна.Кромидот го пржите со маслиновиот зејтин околу 5 мин и ја додаваме пиперката,лукот и 1 шоља од водата кај што се вареа морските плодови.Го зачинуваме со сол,бибер и шекер.Го ставаме на тивко да врие околу 10-15 мин.Го додаваме магдоносот,сирењето сечено на коцки и морските плодови и продолжуваме со динстањето уште 5мин и го додавате узото.Јадењето го ставате во тава по можност од теракота,го поливате со виното и го печете на веќе загреана рерна околу 10-15 мин.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот