1 - 8 рецепти од 8 | Страница: | | 1 |
Маринирано месо на скара >
Сосотојки:
1 килограм свинско месо
пола филџан за кафе зејтин
1 главица кромид
1 до 2 чешниња лук
1 пиперка
бибер, вегета, сол
Упатства:
Месото го миеме и го ставаме да се исцеди. Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во подлабок сад на ситни парчиња, лукчето малку покрупно го дробиме во садот кај кромидот, пиперката исто така ја миеме и ја сечеме на кругчиња и ја додаваме кај кромидот, го додаваме и зејтинот и солот, биберот и вегетата. Сето ова убаво го промешуваме а потоа го ставаме месото и него го промешуваме со направената смеса и го оставаме да одстои 2 до 3 часа. Кога е одстојано го печеме на скара од двете страни да порумени убаво. Кога е печено го вадиме од скарата и го служиме топло. Со салата по избор.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Лесковачки ќебап >
Сосотојки:
600 gr говедско или јунешко,
12 gr сол,
30 gr ситно исецкан кромид
лута пиперка
4 gr бибер.
исецкан магдонос
Упатства:
Се прават долги кебапчина и се служат по 5 парчина во порција
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Риба на скара >
Сосотојки:
Упатства:
Рибата се чисти на вообичен начин и се зарезува по должината на грбот. Ако е поголема се зарезува на повеќе пати рибата да се испече подобро. Потоа рибата се посолува и се става на скарата. Рибата до 400 гр се пече цела а поголемите се сечат на парчиња.
Се премачкува со масло. Кога рибата ќе се испече се поставува на тањир и се посипува со ситно исецкан магдонос, лимон, растопен маргарин, зелена салата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Вешалица >
Сосотојки:
Упатства:
Вешалиците се прават од свинско или телешко
Месото се чисти од мрснотијата и се сече на подебели парчиња.
Секое парче се расекува по половината ама не до крај. Се толчи, посолува и се пече на скарата.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Плескавици >
Сосотојки:
400 gr говедско,
200 gr свинско (плешка),
120 gr ситно исецкана пиперка,
12 gr сол,
80 gr ситно исецкан кромид,
10 gr ситно исецкан лук,
40 gr масло.
Упатства:
Сомеленото месо се посолува, се додаваат зачини според желба, добро се меша и се остава да остои 20 минути.
Од смесата се обликуваат погачи во големина на дланка.
Скарата се премачкува со масло и се поставуваат плескавиците да се печат 8 до 10 мин.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролован ќебап >
Сосотојки:
- 600 гр. Мелено месо
- 200 гр. Сланина
- млад кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Упатства:
Меленото месо го ставаме во еден поголем длабок сад. На даската за сечење на младиот кромид му ги отсекуваме перцата. Потоа кромидот го сечкаме на парчиња и го додаваме во садот со меленото месо. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа месото убаво го месиме со раце и го формираме во една голема топка. Лентите сланина ги редиме на даската за сечење. Од подготвеното месо за ќебапи земаме од садот, и ги формираме ќебапите. Потоа секој од ќебапите го виткаме во лента од сланина. Вака подготвените роловани ќебапи ги редиме на чинија. Скарата ја попрскуваме со масло за јадење и на неа ги редиме ролованите ќебапи. За време на печењето ќебапите ги вртиме на скарата за да бидат рамномерно печени од сите страни. Испечените ќебапи ги тргаме од скарата и ги ставаме на чинија. Чинијата за сервирање ја украсуваме со парче зелена салата,а потоа во круг ги редиме ролованите ќебапи. Помеѓу ќебапите украсуваме со перца од млад кромид,а на средината на чинијата со ротквица засечена во форма на цвет.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Шиш ќебап >
Сосотојки:
800 gr Јагнешко,
500 gr кромид
120 gr моркови,
сол, бибер во зрна,
црвен пипер,
лист целер и магдонос,
8 дрвени стапчиња.
Упатства:
Месото се сече на поголеми парчиња а кромидот на половина, се нанижуваат на стапчињата така да почнува и завршува со месо.
Се става во сад и се додава сол, бибер, магдоносот и целерот и изренданиот морков, така да бидат покриени.
Се долива вода и се вари на тивко додека месото не стане меко.Пред крајот се додава црвениот пипер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бифтек >
Сосотојки:
Упатства:
Бифтекот се сече на дебелина од 1 - 2 цм. Од месото се вади мрснотијата а се препорачува бифтекот претходно да отстои некое време во масло за да омекне. Се пече на јако загреана скара од 3 до 6 мин. Кога ќе се испече едната страна се врти на другата.
Бифтекот се спрема според желбите: крваво,полукрваво или скроз печен.
Ако под притисок на прстите е многу меко тогаш во внатречноста е уште сирово,
Ако под притисок на прстите е нешто поцврсто тогаш е полупечено,
И ако е цврсто значи да е потполно печено
Кога е место готово се додава пиперка исечена на парчиња претходно испечена со масло или маргарин
На крај се посипува со мелен бибер или пармезан.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот