13 - 16 рецепти од 16 | Страница: | | 1 | 2 |
Пржени јајца од обете страни > Сосотојки: 2 јајца (свежи)
1 супена лажица несолен маргарин
Сол, црн пипер, чили во прав
1 Печено лепче (тост)
Упатства: Загрејте го маргаринот во средно голема тава (тефлон или со мазна површина која спречува запекувања) на тивок оган. Штом маргаринот престане да се пени скршете ги внимателно јајцата и ставете ги во тавата.. Подигнете ја тавата, за рачката, со цел јајцата да се преместат во едниот агол (на едната страна) на тавата. Држете ја тавата во таа положба 30 секунди или додека белките не започнат да се стврднуваат, потоа спуштете ја повторно тавата во хоризонтална положба и малку, внимателно, протресете ја за да се осигурате дека не се залепени за дното. Посолете ги, запиперете ги и ставете од чилито во прав и продолжете да ги пржите на тивок оган се додека белките не станат цврсти. Потоа, подигнете ја тавата над оганот, протресете повторно за да ги одлепите доколку се залепиле за дното, превртете ги јајцата, но внимателно, но отсечно движење, штом јајцата се кренат над тавата и започнат да се превртуваат (слично на превртување палачинки), подигнете ја тавата за да ги дофатите нежно, со цел да не се растече жолчката. Доколку успеете да је ја растечете жолчката, вратете ја тавата на огнот и избројте до 20 и потоа повторно превретете ги на истиот начин. Пржете ги уште 45 секунди до 1 минута на тивкиот оган, со мазна лопатка извадете ги, ставете ги врз тостот и послужете ги.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Шкотско јајце > Сосотојки: * малку Црн пипер
* 500 грама Телешко
* малку Сол
* 50 грама Презла
* 100 милилитри Млеко
* 250 милилитри Масло
* 2 Кромид/а
* 2 Кришка/ки леб
* 5 Јајца/це
* 1 Китка магдонос
* 100 грама Брашно
Упатства: Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Во еден сад млекото го истураме врз предходно ставената мека средина од парчињата леб.
Во садот со меленото месо ги додаваме ситно сечканиот магдонос, едно јајце и натопениот леб со млеко. Додаваме црн пипер и промешуваме.
Испржениот кромид го претураме во цедалка, го одцедуваме од маслото и го додаваме во садот со подготвената смеса. Месиме со рака, додека да дибиеме хомогена смеса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Едно варено јајце го ставаме на средина од расплесканата смеса и го обвиткуваме од сите страни од смесата со меленото месо. Од меленото месо и варените јајца со рака формираме топка.
Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло и печеме 5 минути на температура од 250 степени.
Две јајца матиме со вилушка. Испечените шкотски јајца ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во лебни трошки.
Вака подготвените Шкотски јајца ги ставаме да се пржат во тенџере со поголема количина загреано масло додека не добијат убава румена боја, потоа послужуваме.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца Бенедикт > Сосотојки: 8 јајца
4 Печени лепчиња (тостирани)
8 парчина шунка (може печеница)
1 шоља холандски сос
Упатства: Во длабок сад ставете 5 до 7 сантиметри вода да зоврие, потоа намалете го оганот за да крчка водата. Скршете ги јајцата и ставете ги внимателно во специјални мали садови (како за колачиња). Внимателно и полека, да не се разлеат ставете ги во водата. Варете ги јајцата додека белките не се зацврстат и жолчката добие густина. Не ги мешајте. Подигнете ги сварените јајца од водата со порозна лажица или црпалка со дупчиња. Убаво исцедете ги.
Потоа ставете ги врз лепчињата на кои претходно сте ставиле парче шунка или печеница и 1 супена лажица холандски сос. Послужете ги веднаш.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Омлет Батукада > Сосотојки: 1 кромид, ситно сецкан
1 пиперка, ситно сецкана
1 павлака
2 јајца (изматени)
1/2 шоља млеко
црн пипер
црвен пипер
сичуан (sechuan)
1 цеден зелен лимон
маслиново масло
Упатства: Во полудлабок сад го загревата маслото, го додавате кромидот и го пропржувате додека не омекне, ја додавате ситно-ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ке се пропржи го намалувате оганот и ги додавате матените јајца. Јајцата се матат со млекото, павлаката и ја додавате солта, црвениот пипер, сичуанот и/или црн пипер и исцедениот эелен лимон (лајм). Сето тоа го ставате во садот со кромидот и го покривате со капак. Го оставате да се суши (да крчка), на тивок оган неколку минути додека сето тоа не добие текстура на пудинг.
Се јаде со леб.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|