13 - 16 рецепти од 16 | Страница: | | 1 | 2 |
Пржени јајца од обете страни > Сосотојки: 2 јајца (свежи)
1 супена лажица несолен маргарин
Сол, црн пипер, чили во прав
1 Печено лепче (тост)
Упатства: Загрејте го маргаринот во средно голема тава (тефлон или со мазна површина која спречува запекувања) на тивок оган. Штом маргаринот престане да се пени скршете ги внимателно јајцата и ставете ги во тавата.. Подигнете ја тавата, за рачката, со цел јајцата да се преместат во едниот агол (на едната страна) на тавата. Држете ја тавата во таа положба 30 секунди или додека белките не започнат да се стврднуваат, потоа спуштете ја повторно тавата во хоризонтална положба и малку, внимателно, протресете ја за да се осигурате дека не се залепени за дното. Посолете ги, запиперете ги и ставете од чилито во прав и продолжете да ги пржите на тивок оган се додека белките не станат цврсти. Потоа, подигнете ја тавата над оганот, протресете повторно за да ги одлепите доколку се залепиле за дното, превртете ги јајцата, но внимателно, но отсечно движење, штом јајцата се кренат над тавата и започнат да се превртуваат (слично на превртување палачинки), подигнете ја тавата за да ги дофатите нежно, со цел да не се растече жолчката. Доколку успеете да је ја растечете жолчката, вратете ја тавата на огнот и избројте до 20 и потоа повторно превретете ги на истиот начин. Пржете ги уште 45 секунди до 1 минута на тивкиот оган, со мазна лопатка извадете ги, ставете ги врз тостот и послужете ги.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Разиграни пајачиња > Сосотојки: - по желба – тврдо варени јајца
- 2 лажици маргарин
- 1 лажица сецкан першун
- 1 лажица сенф
- 1 лажица сок од лимон
- сол, бибер
- 1-2 црвени или жолти пиперки
- неколку мали домати
- парчиња салама по желба
- 1 лажица црн бибер во зрно
- каранфилче
- 1-2 варени моркови
- копар
- маслинки
- магдонос
- малку мајонез
- 1 пакетче чечкалици
Упатства: 1.Јајцата сварете ги тврдо, излупете ги и отсечете парче од поширокиот дел на јајцето за да се добие рамна површина. Извадете ги жолчките, ако е тоа возможно (заради положбата на жолчката)
2.Извадените жолчки изешајте ги со маргаринот, исечканиот першун, лимоновиот сок и сенфот и додадете малку сол и бибер. Со смесата наполнете ги јајцата на кои им се извадени жолчките.
3.На секое јајце втиснете му по две зрна црн бибер во зрно и по едно каранфилче за нос. Пос носот направете мал отвор и во него ставете парче морков (за уста) малку премачкана со мајонез.
4.Врвот на јајцата премачкајте го со мајонез и над него ставете лист зелена салата, першун, или магдонос и поклопете ги со шеширче кое ќе го зацврстите со чечкалица.
5.Шеширчињата можете да ги направите од пиперка, од издлабени половинкиод домат или од свиткана салама.
6.Од тркалца од морков или половинки од маслинка може да се направат уши.
7.Секое јајце поставете го на парче чајна салама
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Шакшука > Сосотојки: maslinovo ulje
5-7 јајца
1 чешне ситно сецкан лук
1 главица ситно сецкан кромид
2 глеми црвени пиперки, ситно сечкани
1 кгр. рендани домати
неколку гранчиња першун
1 мала лута пиперка
сол
бибер
Упатства: Загрејте една лажица маслиново масло во тава. Додадете го кромиот, лукот, пиперките и лутото пиперче. Мешајте додека не се испржи. Додадете ги ренданите домати, пола од першунот и варете на среден оган додека смесата не се згусне. Додадете сол и бибер според вкус.
Додадете ги јајцата. Ставете го капакот и гответе додека јајцата не се сварат, околу 10 минути. Украсете со гранчиња першун.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Шкотско јајце > Сосотојки: * малку Црн пипер
* 500 грама Телешко
* малку Сол
* 50 грама Презла
* 100 милилитри Млеко
* 250 милилитри Масло
* 2 Кромид/а
* 2 Кришка/ки леб
* 5 Јајца/це
* 1 Китка магдонос
* 100 грама Брашно
Упатства: Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Во еден сад млекото го истураме врз предходно ставената мека средина од парчињата леб.
Во садот со меленото месо ги додаваме ситно сечканиот магдонос, едно јајце и натопениот леб со млеко. Додаваме црн пипер и промешуваме.
Испржениот кромид го претураме во цедалка, го одцедуваме од маслото и го додаваме во садот со подготвената смеса. Месиме со рака, додека да дибиеме хомогена смеса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Едно варено јајце го ставаме на средина од расплесканата смеса и го обвиткуваме од сите страни од смесата со меленото месо. Од меленото месо и варените јајца со рака формираме топка.
Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло и печеме 5 минути на температура од 250 степени.
Две јајца матиме со вилушка. Испечените шкотски јајца ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во лебни трошки.
Вака подготвените Шкотски јајца ги ставаме да се пржат во тенџере со поголема количина загреано масло додека не добијат убава румена боја, потоа послужуваме.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|