13 - 16 рецепти од 16 | Страница: | | 1 | 2 |
Јајца на прилепски начин >
Сосотојки:
6 тврдо варени јајца, изладени за да се стврдат).
1/2 кг мелено месо
1/3 кафена лажичка цветен мед
Жалфија (по желба)
Бел пипер (по желба)
Сол
вегета
1/2 шоља брашно
2 јајца (изматени)
1/2 шоља лебни трошки
Маслиново масло (ладно цедено)
Упатства:
Излупете ги јајцата
Поделете го меленото месо на 6 дела;
Ставете го брашното во чинија и испрпелкајте ги јајцата, а потоа сролајте ги јајцата, едно по едно, во порција мелено месо.
Ставете ги матените јајца, медот и лебните трошки во длабока чинија и измешајте ја смесата внимателно.
Потоа, јајцата, кои претходно се набрашнети и смотани во меленото месо внимателно ставете ги во смесата на матени јајца и лебни трошки.
Во меѓувреме загрејте го маслиновото масло во средно длабок сад или тава на 175-200 степени целзиусови.
Пржете ги јајцата, индивидуално, околу 4 до 5 минути. Повремено превртувајте ги, за рамномерно да бидат приготвени или додека не потемнат еднакво од сите страни.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајца во кошничка >
Сосотојки:
8 парчиња леб за тост
8 јајца
8 лажици рендано тврдо сирење
малку масло за премачкување
малку сецкана шунка
сол, бибер и свеж першун
Упатства:
Отсечете ја корката на лебот и притиснете го за да го истанчите. Потоа внимателно ставете го во калапите за мафини. Секоја кошничка премачкајте ја со растопен маргарин.
Шунката исечете ја на коцки и ставете ја на дното на секоја кошничка.
Додадете по една лажица рендано сирење во секоја кошничка и сите состојки притиснете ги. Во секоја кошничка скршете по едно јајце, ставете сол и бибер и ставете го калапот во рерна. Печете околу 20 минути на 180 C. Измешајте кисела павлака со сол и бибер и додадете першун. Ставете по една лашичка на секоја кошничка, откако ќе се испече.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња од компири и јајца >
Сосотојки:
6 тврдо варени јајца
150 гр. варени компири
2-3 парчиња млад кромид
2 свежи јајца
1 лажица павлака
1 лажица брашно
1 лажица презла
малку зачин
сол
бибер
масло за пржење
Упатства:
Излупете ги компирите и јајцата. Исечкајте ги на коцки. Исечкајте го кромидот, додадете зачини, павлака, свежите јајца, сол и бибер, брашно и презла.
Се добро соединете и направете топчиња, обликувајќи ги со рака. Рацете нека ви бидат влажни. Загрејте го маслото и испржете ги ќофтињата.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Разиграни пајачиња >
Сосотојки:
- по желба – тврдо варени јајца
- 2 лажици маргарин
- 1 лажица сецкан першун
- 1 лажица сенф
- 1 лажица сок од лимон
- сол, бибер
- 1-2 црвени или жолти пиперки
- неколку мали домати
- парчиња салама по желба
- 1 лажица црн бибер во зрно
- каранфилче
- 1-2 варени моркови
- копар
- маслинки
- магдонос
- малку мајонез
- 1 пакетче чечкалици
Упатства:
1.Јајцата сварете ги тврдо, излупете ги и отсечете парче од поширокиот дел на јајцето за да се добие рамна површина. Извадете ги жолчките, ако е тоа возможно (заради положбата на жолчката)
2.Извадените жолчки изешајте ги со маргаринот, исечканиот першун, лимоновиот сок и сенфот и додадете малку сол и бибер. Со смесата наполнете ги јајцата на кои им се извадени жолчките.
3.На секое јајце втиснете му по две зрна црн бибер во зрно и по едно каранфилче за нос. Пос носот направете мал отвор и во него ставете парче морков (за уста) малку премачкана со мајонез.
4.Врвот на јајцата премачкајте го со мајонез и над него ставете лист зелена салата, першун, или магдонос и поклопете ги со шеширче кое ќе го зацврстите со чечкалица.
5.Шеширчињата можете да ги направите од пиперка, од издлабени половинкиод домат или од свиткана салама.
6.Од тркалца од морков или половинки од маслинка може да се направат уши.
7.Секое јајце поставете го на парче чајна салама
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот