1 - 10 рецепти од 10 | Страница: | | 1 |
Таратур >
Сосотојки:
* една глава лук
* половина килограм кисело млеко
* две свежи краставици
* 100ml сончогледово или маслиново масло
* една мала лажица сол
Упатства:
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со с? солта и се толчат с? додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша с? додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Песто сос >
Сосотојки:
3 чешниња лук
100 гр индиски ореви или пак бадем, лешник, ореви
150 гр свеж босилек
200 мл маслиново масло
сол и бел бибер
50 гр пармезан
Упатства:
Исечете го лукот на мали парченца – Босилекот исечкајте го покрупно.
Во сад ставете го лукот, оревите и босилекот, а маслиновото масло додадете го на крајот. Смесата се меша со миксер, се додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна.
На крај, изрендајте го пармезанот и додадете сол и бибер по желба.
Совет: Пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Се препорачува сосот да се чува во стаклен сад.
Песто сосот најдобро оди во комбинација со шпагети, но пробајте го и со зеленчук на скара, печен компир или како намаз во сендвичи.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Бешамел сос >
Сосотојки:
- 30гр. путер
- 20гр. брашно
- 500мл. млеко
- 200гр. кисела павлака
Упатства:
1. се вари путерот, млекото и брашното околу 20 минути, потоа се додава киселата павлака и сок од лимон. Сосот се користи за прелив на печено масо.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Сос за шпагети >
Сосотојки:
100 г сланина
1 дцл масло
главица кромид
лута пиперка
100 г домат
Упатства:
Исечкајте 100 г сланина на коцки и пропржете ја во 1 дцл масло. Кога ќе порумени тргнете ја од огнот. Во маснотијата пропржете главица кромид и малку лута пиперка. Кога кромидот ќе биде испржен додајте 100 г сечкан и излупен домат. Гответе околу 5 минути со постојано мешање. На крајот додајте пржена сланина и со така подготвениот прелив прелијте ги, на пример, веќе сварените шпагети или макарони.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Тартар сос >
Сосотојки:
* 2 дл мајонез
* 1 сецкана кисела краставица
* 1 лажица сечкан магдонос
* половина чаша бело вино
* сок од половина лимон
* 1 лажичка сенф
* бибер, сол
Упатства:
Во сад налејте го виното и додадете го мајонезот па промешајте.
На смесата додадете ги сецканите краставици, магдоносот, сенфот, сокот од лимон, бибер и сол по вкус сe заедно повторно промешајте.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Бел сос >
Сосотојки:
300 гр. шунка
300 гр. сирење
1 павлака
1 тегличе мало печурки
путер околу 2 лажици
1 главица лукче
сол и други зачини(оригано)
Упатства:
Се става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани. Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето. Од путерот сирењето ке се стопи и се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините меѓу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) и после зачинувањето сосот е готов.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Сос од Печурки >
Сосотојки:
250 гр: печурки
1 главица кромид
1 чаша бело вино
1 лажица вегета
100 гр. доматена салца
магданос
сол
масло
говедска супа
Упатства:
Исчистете гo крoмидoт, исечкајте гo ситнo и прoпржете гo на масло. Дoдадете ги надoлж исечените печурки и останатите сoстојки, налејте сo говедска супа и варете до густина по желба. На крај дoдадете малку брашнo за да се згусне смесата. Се служи сo печенo месo.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички со шунка и кашкавал >
Сосотојки:
3 средни тиквички
3-4 јајца
100 гр. брашно
150 гр. шунка
200 гр. кашкавал
180 гр. кисела павлака
сол
вегета
бибер
Упатства:
Тиквичките се лупат и се сечат по должина, па се ставаат во цедалка со сол. Така се остава 30 минути.
Се цедат, па се валкаат во брашно.
Ставаме масло да се загрее, па се пржат тиквичките. Се ставаат на салфета да ја впијат маснотијата.
Се премачкува огноотпорен сад, па се става ред тиквички.
Се става над нив шунка, па рендан кашкавал, и така додека има состојки.
Обично излегуваат три слоја.
Последниот завршете го со шунка.
Се мати павлаката со јајца и се става смесата, па малку изрендан кашкавал.
Се пече на 200 степени 30 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Рижото со печурки, тиквички и сланина >
Сосотојки:
1,6 литри пилешка супа
2 лажици маслиново масло
150 гр бело месо, исечкано
150 гр печурки, сецкани
3 мали тиквички, исечени на тенки ленти
50 гр путер
3 мали шери домати, ситно сецкани
400 гр ориз
120 мл бело вино
200 гр сланина, сечкана
40 гр рендан чедар
Сол и бибер по вкус
Упатства:
Подготвената супа чувајте ја топла во тава на ниска температура. Во друга тава загрејте малку маслиново масло. Во него динстајте ги печурките додека не поруменат и изгубат дел од водата. Ставете ги на страна. Во друга тава загрејте го другиот дел од маслиновото масло. Во него динстајте ги тиквичките додека не поруменат. Ставете ги на страна.
Во истата тава растопете половина од путерот. Во него пропржете ги лушпите додека не омекнат. Додадете го преостанатиот путер и оризот. Мешајте додека не стане проѕирен и кромидот порумени. Додадете го белото вино и продолжете со мешање додека не се впие.
Додадете чаша супа и мешајте додека не се впие. Повторете го ова неколку пати додека не ја истурите целата количина супа во тавата и оризот не почне да станува кремаст. Во меѓувреме во друга тава пропржете ја сланината. Додадете го во оризот, додадете го чедарот, сол и бибер. Многу добро измешајте. На крајот додадете ги печурките, тиквичките и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни лазањи >
Сосотојки:
12 парчиња лазања
300 гр. говедско месо
4 парчиња црвени зрели домати
1 морков
2-3 лукчиња
1 кромид
магданос, целер, копар
3 лажици маслиново масло
50 гр путер
0,5 л млеко
100 мл бело вино
100g пармезан
по вкус сол и црн бибер, сушени ароматични билки, морско оревче, шеќер
Упатства:
Во длабока тава додадете 3 лажици маслиново масло и путер. Потоа додадете го телешкото месо и сецканите кромид, лук и моркови. Додадете го копарот и целерот и пржете околу десет минути. Потоа додадете го магданосот. Додадете 2 лажички шеќер и 100 мл. бело вино. Покријте ја тавата и оставете да врие. Во меѓувреме изрендајте ги зрелите домати. Во нив ставете една чаша вода и ставете ги во тавата. Овој сос треба да се вари на тивко околу два часа.
За подготовка на бешамел сос: во посебна тава се топи путерот и се става 1+1/2 лажица брашно. Откако ќе се испржи се додава 0,5 литри млеко. Варете го сосот 10-12 минути. Додадете морско оревче и бибер.
Потоа се редат варените лазањи, се става сосот од месо, па бешамел сос и се така додека сите состојки не се потрошат. Садот со лазањите се става во рерна и се потпекува.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 160 минути
<< Сокриј го рецептот