25 - 36 рецепти од 65 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Лазањи a la Maca25 >
Сосотојки:
за сосот:
500 гр. мелено месо
1 главица кромид
1 морков
0,5 л доматен сос ( јас најчесто купувам томатело од 1 литар)
сол и бибер
бешамел:
неколку коцки путер
3-4 лажици (големи и полни) брашно
0,5 л млеко
рендан кашкавал
сол
1 кутија лазањи (оние кои не се варат претходно)
Упатства:
Го рендам кромидот и морковот и заедно ги пржам. Откако ќе омекнат го додавам месото, го пржам ама не го оставам да потемни многу затоа што после треба и да се пече. Додавам доматен сос, сол и бибер и оставам да изврие.
За тоа време го правам бешамелот. Се топи путер, се додава брашното, се меша додека не добие златна боја, па потоа со мешање се додава млекото. Тука треба да се пази да не се појават грутки, затоа мешајте со мешалка за јајца На крај се додава кашкавалот и се соли.
Во едно подлабоко тавче на најдолниот ред се става бешамел. Потоа се редат лазањите, па врз нив сосот, па повторно бешамел. Така се додека не ви се потрошат состојките. Ако забележите дека ви е малце суво, изрендајте меѓу сосот и бешамелот свежа краставица (прекрасен вкус дава). На крај се завршува со сос и бешамел. Внимавајте сосот секогаш да ви е потечен за да омекнат лазањите. Одозгора се ренда кашкавал и се пече во претходно загреана рерна на 250 C половина час, па на 200 C уште 10-15 мин. И потоа се крка
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени макарони со сирење и печурки >
Сосотојки:
* 400 г тестенини (мали полжави)
* 40 мл маслиново масло
* 300 г печурки
* 1 лажица вегета
* 600 мл млеко
* 30 г брашно
* 1 лажица сенф
* 170 г сирење гауда
* 25 г пармезан сирење
* сол
* бибер
Упатства:
Сварете ги тестенините во солена води процедете ги.
На масло во тава пропржете ги исечените печурки. Посипете ги со брашно и промешајте. Лесно додадете го млекото, промешајте и оставете да и се вари околу 5 минути.
На сосот додадете ја Вегета, сенфот, солта, биберот и ренданото сирење и мешајте 1-2 минути, додека сосот не стане густ.
Ставете ги тестенините во тавиа прелијте ги со сосот, посипете ги со рендан пармезан и печете ги во претходно загреана да се печат околу дваесетина минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачи со колбаси >
Сосотојки:
250 грама Сирење
250 грама Маргарин
200 грама Колбас
250 грама Брашно
1 Јајца/це
малку Сол
Упатства:
Колбасите исечете ги на кругови.
Во сад за месење, соединете ги сирењето, маргаринот и брашното.
Додадете сол по вкус, па замесете тесто.
Потоа, оставете го во фрижидер на еден саат.
Потоа, расукајте на дебелина од 1 см.
Со помош на кружен калап вадете погачки.
На средината од секој круг, втиснувајте парче колбас, па одозгора премачкајте со изматено јајце.
Печете во загреана рерна на 250 степени, додека погачките не поруменат.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Највкусната пица >
Сосотојки:
квасец - 1 пакетче сув
шеќер - 1 лажиче
пиво - 250 мл
вода - 1 чаша
сол - 1 лажиче
масло - 5 - 6 лажици
брашно - околу 800 г
за фил
печурки - 100 г
пиперки - 1 - 2 црвени
домати - 1 парче.
доматно пире - за премачкување
шунка - 200 - 300 г
магдонос - 1/2 китка
кашкавал - 200 - 300 г
маслиново масло
Упатства:
Растворете го квасецот со малку шеќер во малку топла вода. Откако ќе се активира, додадете го во пресеаното брашно со останатите состојки и замесете тесто. Оставете го тестото да нарасне и покријте го со крпа. Тестото се дели на топки во зависност од количината и големината на посакуваните пици.
За фил
Сварете ги прво печурките во посолена вода и исцедете ги. Расукајте гио тестото и ставете го во тава или даска за печење. Намачкајте го со доматно пире и посипете малку сол и бибер. Полејте го со маслиново масло и ставете малку да се запече, додека се подигне.
Одозгора распоредете исечени печурки, шунка, пиперки, домати и посипете со магдонос, уште зачини и малку маслиново масло. Ставете ја пицата да се пече додека производите омекнат. Потоа извадете ја брзо, посипете ја со рендан кашкавал и вратете ја пицата да се испече до посакуваната боја.
По желба може да замените кашкавал со сирење или да ги додадете и двете.
Bon appetit!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со брокула и карфиол >
Сосотојки:
250 гр кратки тестенини
400 гр брокула
200 гр карфиол
250 гр рикота или урда
2 - 3 чешниња лук
по потреба маслиново масло
по потреба сол и бибер
За прелив
3 јајца
по потреба пармезан
по потреба путер и лебни трошки за тавата за печење
Упатства:
Брокулата и карфиолот искинете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во посолена вода некои 5-6 минути. Потоа исцедете ги и оставете ги на страна.
Тестенините сварете ги во посолена вода за време означена на паковањето. Потоа исцедете ги.
Во тава со 5-6 лажици маслиново масло пропржете го лукчето многу малку, колку да пушти мирис. Додајте ги брокулата и карфиолот и измешајте ги. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги тестенините и рикотата или урдата. Додајте сол и бибер по вкус и змешајте.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Помало плехче намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Смесата од тестенини турете ја во плехчето и порамнете ја.
Јајцата изматете ги со вилушка со малку сол и прелијте ги над тестенините. Одозгора попрскајте ги со масло.
Ставете ги да се запечат 15-20 минути.
Послужете ги топли посипани со пармезан.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Канелони со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
1 кутија канелони (18 парчиња)
300 гр. сирење
400-500 гр. спанаќ
1 чешне лук
1 млад кромид
Бешамел сос
Малку кашкавал и пармезан за одозгора
Упатства:
Најпрво проверете дали во тавата во која ќе ги правите канелоните убаво ви ги собира едно до друго, за да не дојде до излевање на филот од краевите при печењето. Треба да стојат стиснати едни до други.
На малку путер се пропржува младиот кромид со лукот, и се додава спанаќот (пред тоа исчистен, малку обарен и исечкан). Се пропржува неколку минути. Се посолува и трга настрана. Сирењето убаво го гмечите и малку изладениот спанаќ го додавате во него. Промешајте. Смесата нека се излади пред да почнете со полнење (во спротивно ќе ви испукаат канелоните).
Канелоните се полнат со готварски шприц или лажиче. На дното од тавата ставете малку бешамел сос (да се покрие сосема дното), наредете ги канелоните, потоа прелејте ги со преостанатиот сос. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Се печат 20 мин во загреана рерна на 200 степени, потоа се вади фолијата, се ренда кашкавал и се наросува пармезан. Се печат така уште 20-тина минути. Сервирајте ги не премногу топли.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Турски симит >
Сосотојки:
550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам
Упатства:
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња.
6. Земете едно топче и во средина со палците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со спанаќ, сушени домати и панцета >
Сосотојки:
150 гр спанаќ, сечкан на големо
1 пакетче тестенини по избор
? чаша масло или маслиново масло од теглата со суви домати
? чаша кромид, ситно сецкан
3 чешниња лук, истиснати
? лажичка црвен пипер
? лажичка сол
? лажичка црн пипер
1 чаша пилешка супа
? чаша кисела павлака
? Чаша пармезан, рендан
1 лажица путер
Неколку парчиња панцета или сланина
Упатства:
Сварете солена вода. Во неа сварете ги тестенините и исцедете ги по 8 до 10 минути. Ставете голема цедалка на мијалникот. Во него ставете спанаќ. Натурете го спанаќот со топлата вода од шпагетите. Со тоа ќе го омекнете спанаќот.
Загрејте го маслото во длабока тава на средна топлина. Во него пропржете кромид и домати. Мешајте постојано додека не омекне или околу 3 минути. Додадете лук, зачини и мешајте 1 минута. Зголемете ја топлината на високо и додадете ја супата.
Откако ќе зоврие, намалете ја топлината и динстајте додека не се намали за половина. Додадете ја павлаката, пармезанот и путерот. Мешајте додека да се растопи и измеша и да се добие кремаст сос. Додадете ги тестенините во тавата. Додадете го спанаќот. Промешајте. Намачкајте ги тестенините во чинија и украсете ги со парчиња панцета.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазања >
Сосотојки:
• 1 пакување кори за лазања
• 400 гр мелено месо
• 2 главици кромид
• 300 гр доматно пире
• 300 мл млеко
• 100 гр путер
• 4-5 лажици брашно
• кашкавал
• зачини по вкус
Упатства:
Најпрво ситно го сецкате кромидот и на тивок оган го пропржувате, па потоа го додавете доматното пире и динстате 10тина минути. Потоа го додавате меленото месо и зачините (сол, бибер, босилок) и промешувате. Оставате 10
минути убаво да се згусне смесата и месото да се пропржи.
Во друг длабок сад го подготвувате бешамелот. Го ставате путерот на тивок оган да се стопи и го додавате брашното, промешувате кратко и го додавате млекото. Мешате до добивање на густа хомогена смеса.
Плехот каде ќе ги печете лазањите го премачкувате со путер.
Ставате ред кори, бешамел сос, па смесата со мелено месо.
На крај преливате со бешамел сос и додавате малку но не да ги покриете целосно лазањите. Плехот го покривате со алуминиумска фолија и печете на 200°Ц, 30тина минути.
Ги вадите надвор лазањите, ставате рендан кашкавал и без фолија се потпекуваат уште 5-10 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегетаријански лазањи >
Сосотојки:
2 модри патлиџана (средна големина)
1 главица кромид
2 конзерви (од 250г) домати или домашен доматен сос
2 чешниња лук
1 лажица мед
200г пармезан
Едно пакување лазањи
Сол
Бибер
Босилок (свеж или сушен)
Маслиново масло
Путер
Бешамел сос
Упатства:
Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
Додајте го сосот од домати. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазања со спанаќ, рикота и моцарела >
Сосотојки:
750 гр рикота
125 гр рендан пармезан
1 големо јајце
1 литар доматно пире
12 лисја кора од лазања
600 гр спанаќ
250 гр рендана моцарела
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ја рикотата со пармезанот и јајцето во голема чинија. Подмачкајте го плехот со малку маснотии. Посипете 250 мл доматно пире на неа. Наредете три од листовите лазања во тавата. Посипете малку од смесата со рикота, покријте со грст спанаќ. Повторете го ова додека не завршат полнењето и лисјата. Треба да ви останат 3 листови кора од лазања за горниот слој.
Покријте со алуминиумска фолија. Печете 35 минути. Отстранете ја фолијата, посипете со рендана моцарела. Печете уште 20 минути или додека не поруменат.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Панцероти >
Сосотојки:
100 мл зејтин
200 мл јогурт
600 гр брашно
1 пециво и
1 мала лажичка сол
Упатства:
Tестото се меси убаво да стане меко. Се дели на топчиња малку помали од мандарина. Се сукаат што потенко, зашто нараснуваат. Се полниат со фил, се преклопуваат, и им се стискаат краевите со виљушка. Се редат во подмачкана тава, се мачкаат со јајце и им се става сусам.
Се печат на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот