61 - 65 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Растресена баница >
Сосотојки:
1 ? кг брашно
? квасец
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
50 мл масло
Топла вода по потреба за замесување на средно тесто.
Фил:
Кисела зелка пропржена во масло/ дробено сирење со јајце
Упатства:
Се замесува средно тесто а потоа се дели на 12 топчиња. Се сучат кори, се гужваат и се оставаат на чаршав со повеќе брашно.
Се филуваат и се ставаат една над друга во плех. Потоа се печат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифлички со форма на јајце >
Сосотојки:
1/2 литри вода
3 филџани зејтин
4 супени лажици шекер
2 мали лажици сол
1 квасец
брашно по потреба
1 пециво
зејтин
маргарин
Упатства:
Водата ја ставаме во подлабок сад. Квасецот го ставаме во подлабок сад, му ставаме малку вода и 1 до 2 лажици брашно го промешуваме и го оставаме да стаса. Откако е стасан квасецот го ставаме во садот за вода, па го ставаме зејтинот, шеќерот, солта, пецивото, а потоа ставаме брашно и замесуваме за да добиеме не многу тврдо тесто. Откако тестото е замесено го вадиме од садот и го месиме. Откако сме го измесиле убаво го враќаме во садот и го оставаме да кисне. Ова тесто се кисне 3 пати. Кога ке стаса првиот пат го промешуваме, а така правиме и следните два пати. Откако е стасано по трет пат од тестото вадиме 36 топчиња и ги ставаме на рамна подлога предходно подмачкана со зејтин.Топчињата ги обликуваме и декорираме во форма како на сликата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни јуфки >
Сосотојки:
5 кгр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
5 лажички сол
Упатства:
Се замесува тесто од состојките (пожелно е во машина за правење тесто). Тестото се расекува на мали парчиња и се остава во најлон. Корите се подготвуваат на машинка за таа намена. Прво малите парчиња тесто се развлекуваат на поголема дебелина (2-ка на машината), а потоа на потанко (7-ка на машината). Се ставаат да се сушат на сушалка или на чаршаф. Се прават исклучиво кога времето е сончево.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Козињак (Милиброд) >
Сосотојки:
-4 јајца
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
Упатства:
Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и сувото грозје). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне.
Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола. Едниот дел се остава на страна покриен со крпа.
Се зема половината тесто и се дели на два дела. Од првите два дела се прават два ролати со мармаладот.
Се расукува правоаголна кора ( ширина колку плехот за печење ) се мачка со мармалад и се витка како ролат. Се става на плехот.
Истото се повторува и со другиот дел, се мачка мармалад, се витка ролат и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат.
Потоа се зема другата половина од тестото. Се дели на 6 еднакви топчиња.
Од топчињата се прават долги како ленти со раце ( како сукало ). На секоја лента се става суво грозје и повторно со раце се сучат за да се соедини тестото со грозјето.
Се земаат по три ленти и се плетат како плетенки. Истото се повторува и со другите три ленти.
Се ставаат на плехот кај ролатите ( поголем плех ) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер.
Се печат на умерена температура 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијански леб со лук и магдонос >
Сосотојки:
500 г бело брашно
1 кесичката квасец (околу 10 г)
300 мл вода
една главица лук
мал куп свеж магдонос
10 г сол
1 лажица маслиново масло
Упатства:
Едноставно месете го тестото со брашно, квасец и вода и оставете го да отстои – нека се дуплира во големина. Во меѓувреме, се вари во водата излупениот лук – 10 до 15 минути, додека не омекне. оставете да се излади.
Ситно исецканиот магдонос додадете го на изладениот лук. Додадете лажица маслиново масло и добро измешајте а потоа и истолчете. . На мешавината од кромид и магдонос додадете сол и додадете ја на тесто и мешајте додека не биде рамномерно низ целото тесто.
Оставете тестото да се зголеми едно 2-3 часа, премесувајќи го секој час. Обликувајте како сакате и оставете го уште еднаш пред печење да отстои да се зголеми. Се пече на 220 степени Целзиусови 25 до 30 минути. Се разбира, љубителите на лук може да го зголемат количеството на лук.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот