25 - 36 рецепти од 65 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Турски симит >
Сосотојки:
550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам
Упатства:
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња.
6. Земете едно топче и во средина со палците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бешамел шпагети >
Сосотојки:
500 гр. шпагети
200 гр. сланина или шунка
700 мл. млеко
6 лажици брашно
100 гр. топено сирење
1 лажичка сол
1 лажичка вегета
босилек
оригано
тимијан
1 кисела павлака
Упатства:
Во зовриена вода ставете малку сол и масло и ставете ги шпагетите. Ако сакате да бидат малку потврди варете ги само 8 минути,а ако сакате помеки варете ги повеќе.
Откако ќе ги исцедите не мијте ги, туку веднаш додадете им маслиново масло и промешајте.
Ситно исечкајте сланина или шунка и ставете ја во тенџере да се пржи. Додадете 600 мл. млеко, а во остатокот разматете брашно.
Додадете ги зачините и кога ќе се повари малку тргнете го тенџерето од оган и полека додавајте го млекото со брашно, постојано мешајќи.
Кога сосот ќе се згусне, додадете го топеното сирење, или изрендајте кашкавал и промешајте. На крај додадете ја павлаката.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Tagliatelli со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
MAMA’S домашен ајвар
пармезан
лук
маслиново масло
сол
бибер
tagliateli
Упатства:
Откако ќе ги сварите tagliatellе - те, ставете ги во блендер ајварот, пармезанот, лукот, маслиновото масло, солта и биберот и изблендирајте ги. Со овој сос прелијте ги tagliatellе - те
Мириса прекрасно, а вкусот е уште подобар!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Калцоне - затворена пица >
Сосотојки:
400 мл. млака вода
2 ? лажици масло
2 ? лажички сол
800 гр. брашно
2 ? лажички сув квасец
250 гр. гауда
2 помали кисели павлаки
400 гр. шунка за пица
кечап
оригано, босилек, нана
маргарин за премачкување
Упатства:
Измешајте ги брашното и солта, додадете го во тоа сувиот квасец и промешајте, ставете млака вода и масло. Добро измешајте и измесете тесто. Оставете го покриено со крпа на топло. Нараснатото тесто поделете го на 10 дела и обликувајте ги во топчиња. Топчињата може да ги покриете со стреч фолија, за да не се сушат.
На набрашнета подгола секое делче од тестото развлечете го и премачкајте го на средината со кисела павлака. На една половина распоредете ја шунката, прелијте со кечап, посолете оригано, босилек и нана и изрендајте кашкавал гауда.
Рабовите на тестото намачкајте ги со вода за поубаво да се залепат. Свиткајте ги краевите на тестото како венче, наредете ги пиците во рерна, ставете и по мало парченце маргарин и ставете ги во рерна да се печат.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Тортелини со сос од топено сирење >
Сосотојки:
250 гр. тортелини
10 гр. путер
50 гр. сувомеснато
250 мл. неутрална хопла
2-3 парчиња топено сирење (зденка)
70 гр. кашкавал
Упатства:
250 гр тортелини се варат со зовриена и посолена вода. Откако ке се сварат се почнува со подготовка на сосот.
10 гр путер се топи на оган и во него се пропржува 50 гр сувомеснато (шунка, свински врат или сланина). После 2-3 мин се додава 200 мл неутрална хопла, 2-3 парчиња топено сирење (зденка) и 70 гр кашкавал. Се меша додека не се растопи се и сосот згусне. Се зачинува со сол, бибер, оригано (по желба).
Сосот се полева врз тортелините. Се служи топло.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки полнети со мелено месо >
Сосотојки:
- Палачинки подготвени по основен рецепт
- 300 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 200 гр. печурки
- 1/2 свежа црвена пиперка
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажица оригано
- сол
- бибер
- масло
Прелив за палачинки
- 300 гр. кајмак
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. млеко
- 3 јајца
Упатства:
На малку масло додадете го ситно сецканиот кромид и додадете ја ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ќе омекне додадете го месото и гответе а тивок оган со промешување. По 5 минути додадете ги исечканите печурки. Додадете зачини и гответе на тивок оган. Откако филот ќе се излади наполнете ги палачинките. Ставете ги полнетите палачинки со огноотпорен сад и прелијте ги со преливот од јајца, кајмак, јогурт и млеко. ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни јуфки >
Сосотојки:
5 кгр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
5 лажички сол
Упатства:
Се замесува тесто од состојките (пожелно е во машина за правење тесто). Тестото се расекува на мали парчиња и се остава во најлон. Корите се подготвуваат на машинка за таа намена. Прво малите парчиња тесто се развлекуваат на поголема дебелина (2-ка на машината), а потоа на потанко (7-ка на машината). Се ставаат да се сушат на сушалка или на чаршаф. Се прават исклучиво кога времето е сончево.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачици со чварки >
Сосотојки:
1,5 дл. вода
1,5 дл. млеко
1,5 дл. масло
1 пак. квасец
2 јајца
1 лажиче шеќер
сол по вкус
1 кгр. брашно
300-400 гр. чварки
1 жолчка
Упатства:
Измешајте ги во сад млекото и млаката вода и постепено додавајте го брашното. Замесете тесто и оставете го да надојде. Потоа расучете го, на половина ставете ги чварките, па преклопете, потоа пак на половина ставете ги чварките и преклопете и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите чварките. Оставете го тестото да се одмори и потоа расучете го. Со чаша извадете погачици од тестото и наредете ги во плех. Оставете ги 15 минути, премачкајте ги со жолчка и печете.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети кифлички >
Сосотојки:
тесто
1 кг брашно
200 мл павлака
400-450 мл млеко
150 мл масло
3 белки
2 лаж сол
2 лаж шекер
1 коцка квасец
1 лаж оцет
фил
250 гр рендана шунка
250 гр рендан кашкавал
6-7 кисели краставички
Упатства:
Се замесува тесто од дадените состојки и се остава да стаса, се размесува и пак се остава да одмори, а во меѓувреме си го правите филот. Шунката и кашкавалот се стават во сад, им се додаваат ренданите краставички и кечапот, па се размешуваат и се зачинуваат со пица зачинот. Кога е готово тестото се дели на топчиња, големината по ваша желба(јас ги правев малку поголеми), секое топче се расукува како на сликата и на едниот крај се става фил и се мота кифличка. Се редат во плех, се покриваат со крпа и се оставаат уште 15 минути да се одморат. Се премачкуваат со разматена жолчка, се попрскуваат со сусам и на секоја кифличка се става по една мала коцка маргарин. Се печат на 200 да заруменат убаво.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини во бел сос >
Сосотојки:
250 гр. тестенини (макарони, шпагети, кори или тортелини)
200 мл. павлака за готвење (халта)
10г путер
50г свински врат (или сланина, варено или печено пилешко месо)
една или две зденки
една до две лажици павлака или кисело млеко
Сол, бибер
Упатства:
Сварете ги тестенините.
Сувомеснатото исецкајте го на коцкички, па малку пропржете го на растопениот путер. За 2-3 минути додајте ја и павлаката за готвење. Смесата треба да вари на тивок оган околу 5 мин. Потоа се додаваат зденките и павлаката. Промешајте на тивок оган 2-3 минути додека се згусне сосот, па потоа во тавата додадете ги сварените тестенини. На крај се посолува и се зачинува со бибер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта со шунка, сирење и грашок >
Сосотојки:
2 лажици маслиново масло
1 кромид ситно исецкан
9 јајца
200 гр. Шунка
1 чаша замрзнат грашок
2 чаши макарони или други тестенини
1 чаша рендано сирење
Упатства:
Сварете ја тестенината. Загрејте го маслото во подлабока тава и ставете го кромидот да се пржи додека не омекне (но да не смени боја). Во меѓувреме изматете ги јајцата со вилушка и додадете сол и бибер. Додадете ги шунката, грашокот, сирењето и тестенините да се пржат со кромидот. Одозгора прелијте ги со јајцата, намалете ја топлината и гответе 6-8 минути додека добие форма. Кога јајцето ќе биде зготвено од сите страни, превртете ја солената торта на чинија за сервирање.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес пита - пица >
Сосотојки:
300 гр. фета сирење
150 гр. шунка
100 гр. сланина
380 гр. брашно
2 јајца
20 гр. свеж или 10 гр. сув квасец
500 мл. млеко
200 гр. кашкавал
сол
оригано
2 зелени пиперки
Упатства:
Одвојте 200 мл. млеко, во него ставете го квасецот, малку шеќер и брашно и оставете го да нарасне. Во друг сад изматете ги јајцата со миксер, ставете го млекото и нараснатиот квасец. Потоа додадете го издробеното фета сирење, сецканата шунка и сланината. Додадете го брашното и 1 лажиче сол. Целата смеса измешајте ја со дрвена лажица и ставете ја во подмачкан плех, обложен со хартија за печење. Одозгра распоредете го ренданиот кашкавал и сецканите пиперки. Ставете ја да се пече на 200 степени околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот