37 - 48 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Ќебапчиња во тесто >
Сосотојки:
брашно
квасец
сол
шеќер
млако млеко
вода
мелено месо
јајце
презла
Упатства:
Замесете тесто како за леб. Оставете го да скисне. Откако ќе сксне тестото правиме мали топчиња.
Во меленото месо додадете јајце, презла и зачини и направете ќебапчиња.
Топчињата тесто исукајте ги, на средина сставете го ќебапчето, завиткајте го и оставете г да сксне. Печете на 200 степени.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Фурнарини >
Сосотојки:
260 г брашно
60 г пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл вода (млака)
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
малку сусам, сол, црвен пипер, ким
Упатства:
Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Лисната погача >
Сосотојки:
800 гр. брашно
1 лажица шеќер
сол
2 лажици сув квасец
1/2 прашок за пециво
450 гр. млако млеко
млака вода по потреба
путер за мачкање
Фил
200 гр. сирење
1 лажица павлака
малку масло
1 јајце
За премачкување
1 јајце
сусам
Упатства:
Ставете ги состојките за тесто во поголем сад и замесете. Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне тестото поделете го на два дела. Оставете го да се одмори.
Развлечете кора со деелина од околу еден прст, намачкајте со путер и завиткајте во вид на коцка. Ставете го тестото во кеса и оставете го да отстои 20-30 минути во фрижидер. Потоа развлечете го тестото со големина на тепсијата во која ќе го печете.
Филот измешајте го и ставете го на кората. Над филот ставете ја и другата развлечена кора. Изматкајте јајце и премачкајте го горниот дел од тестото. Ставете сусам. Ставете ја погачата да се печи на 200 степени.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Киснато со пиперки од туршија >
Сосотојки:
- 1 кгр. брашно
- 1 пресен квасец
- млака вода
- 1 маргарин кристал
- малку сол
- пржени пиперки од туршија
- 100 гр. изварка
- сусам
- масло
Упатства:
Најпрво пиперките од туршија се дробат и се пржат во врело масло, додека не бидат убаво испржени.
Се замесува тесто од брашното, квасецот (зафатен), млака вода и малку сол. Се остава да скисни. Се премесува уште еднаш и се дели на два дела. Првиот дел се сучи и на него се размачкува пола маргарин кристал. Се сечи на подебела лента и не до крај и се витка како полжав. Истата постапка се повторува и со вториот дел.
Потоа се сучи кора (отприлика со големина колку плехот) и се става во намастениот плех. На кората се ставаат пржените пиперки од туршија, изварка и малку масло. Потоа се сучи другото тесто и се става над него. Се сечат парчиња му се става сусам одозгора и се остава да скисни. Пред печење се става масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица бурек >
Сосотојки:
100 грама Шунка
малку мала лажица Црн пипер
500 грама Тенки кори
малку Сол
150 грама Сирење
400 грама Печурки
малку Оригано
30 грама Маслинки
200 милилитри Доматен сок
Упатства:
Долга и длабока тава намачкајте со масло. На дното ставете една кора, намачкајте со масло и на ист начин ставете уште две кори. Сосот од домати измешајте го со сол, црн пипер и оригано и нежно намачкајте по корите. Потоа наредете од шунката (тенко исечена), пиперки, маслинки, печурки и се посипете со сирење (рендано). Повторете ја постапката неколку пати да ги потрошите корите и филот.
Најдобро е пред подготовките корите и филот да ги поделите на три дела.
На врвот треба да има две кори кои ќе ги намачкате со масло.
Пицата бурек печете ја во рерна загреана на 200 степени додека не добие убава црвена боја.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролнички со сирење >
Сосотојки:
500 гр. кори за пита
За фил:
300 гр. сирење
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 кесичка прашок за печиво
сол по потреба
Упатства:
Состојките за фил соединете ги и добро измешајте
Земете еден лист кора за пита, превиткајте го едниот агол и спојте го со другиот така да добиете триаголник. триаголникот премачкајте го со фил. Едниот крај преклопете го на едната страна а другиот на спротивната страна. Повторно премачкајте го со фил и завиткајте го во ролничка.
Завитканите ролнички ставете ги во претходно подмачкан плех. Наредете ги една до друга и премачкајте ги со преостанатиот фил. Печете на 200 степени, додека не добијат златно жолта боја.
Доколку не Ви е потполно јасен начинот на виткање на ролничките, побарајте фотографија на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи мекици >
Сосотојки:
15 лажици брашно
2 јајца
250 мл. јогурт
пециво
масло
Упатства:
Со вилушка се матат јајцата и се додава јогуртот. Се додаваат 15-17 лажици брашно и прашокот за пециво. Се меша со вилушка додека не се добие хомогена смеса.
Се пржат во врело масло во кое се ставаат директно со лажица.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ >
Сосотојки:
350 мл. млеко
100 мл. вода
20 гр. свеж квасец
1 и 1/2 лажица сол
600 гр. брашно
100 гр. маргарин + 5 лажици масло за премачкување
Фил:
спанаќ, сирење
Упатства:
Ставете го квасецот во топло млеко и вода и оставете го да стаса околу 2 минути. Потоа ставете сол и брашно и замесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела.
Секој дел развлечете го што потанко можете. До себе имајте брашно за посип. Кога ќе развлечете една кора ставете ја на набрашнета површина и напрскајте ја со половина од смесата на маргарин и масло.
Потоа развлечете ја и другата кора, ставете ја над првата и над неа издробете го сирењето и спанаќот, претходно малку обарен.
Развлечете ја и третата кора, ставете ја одозгора, преку двете кори и напрскајте ја со остатокот од маргаринот и маслото.
Сега завиткајте ја питата, најпрво од лева, а потоа од десна страна.
Потоа завиткајте ја и од другата страна, за да се добие нешто како коверт.
Превртете ја питата со раце и ставете ја во плех покриен со хартија за печење.
Питата премачкајте ја со жолчка во која сте ставиле една лажица масло, пресечете ја на парчиња и украсете ја со ким. Оставете ја пола час да скисне. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 C.
Печете додека питата не се зацрвени, отприлика околу пола час.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочен леб >
Сосотојки:
За тесто:
500 гр. брашно
1 свеж квасец
1 лаж. шеќер
1 лаж. сол
300-330 мл. топла вода
За полнење:
100 гр. шунка
100 гр. врат
100 гр. ајдамер
4 варени јајца
Упатства:
Квасецот зафатете го со малку шеќер и брашно и оставете го да 10 минути да стаса.
Останатото брашно измешајте го со сол, додадете го квасецот и замесете тесто. Тестото покријте го и оставете го на топло место околу 30-тина минути.
Развлечете го тестото и по него распоредете ја шунката, вратот и сирењето. Јајцата ставете ги на крајот од тестото и завиткајте ролат.
Ставете го лебот во калап за леб и оставете го да кисне околу 20 минути. Печете во зафреана рерна на 180 - 200 степени.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пармиџано >
Сосотојки:
500 гр. кори за лазањи
150 гр шунка
150 грама врат
250 гр. гауда
2 јајца
200 мл. кисела павлака
100 гр. кеќап
2 лажички пармезан
сол по вкус
оригано по вкус
Упатства:
Најпрво сварете ги корите за лазањи, а потоа накратко потопете ги во ладна вода. Корите добро исушете ги.
Изматете ги јајцата заедно со киселата павлака, малку посолете и додајте го пармезанот.
Исушените кори премачкајте ги со преливот од јајца и павлака, одозгора ставете ги парчињата шунка, вратот и листот гауда. Завиткајте во ролна и ставете ги во огноотпорен сад. Така направете со сите кори.
Ролните прелијте ги со преостанатиот фил со јајца, а за крај изрендајте ја преостанатата гауда одозгора.
Посолете со оригано и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Макарони со месен нарезок >
Сосотојки:
1 пакетче макарони
1 месен нарезок
100 гр. маринирани печурки
лук
доматен сос
сол, бибер
Упатства:
Ги ставаме макароните да се сварат во тенџере, а во меѓувреме го спремаме сосот. Во тава го ставаме нарезокот и го пасираме со вилушка. Го пржиме 5-10 минути потоа му додаваме ситно сецкан лук и сецкани печурки. На крај додаваме две лажици доматен сос. Кога ќе се сварат макароните ги цедиме и во нив го додаваме сосот од месниот нарезок.
Сервираме на чинија и одозгора ставаме пармезан.
Добар апетит.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачи со колбаси >
Сосотојки:
250 грама Сирење
250 грама Маргарин
200 грама Колбас
250 грама Брашно
1 Јајца/це
малку Сол
Упатства:
Колбасите исечете ги на кругови.
Во сад за месење, соединете ги сирењето, маргаринот и брашното.
Додадете сол по вкус, па замесете тесто.
Потоа, оставете го во фрижидер на еден саат.
Потоа, расукајте на дебелина од 1 см.
Со помош на кружен калап вадете погачки.
На средината од секој круг, втиснувајте парче колбас, па одозгора премачкајте со изматено јајце.
Печете во загреана рерна на 250 степени, додека погачките не поруменат.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот