49 - 60 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 | 6 |
Лиснати кроасани > Сосотојки: 1 кг меко брашно
50 гр квасец
2 лажички сол
1 лажиче шеќер
5 лажици масло
1 јајце
2,5 дл млеко
2,5 дл вода
250 гр маргарин за премачкување на тестата
Фил: по желба: шунка, кашкавал, павлака, фета сирење, спанаќ, карамелизиран кромид, печурки, џем, еурокрем...
За премачкување на кроасаните:
1 јајце
1 жолчка
сусам, ким, афион
Упатства: Квасецот ставете го во претходно загреано млеко, заедно со шеќерот. Мешајте со лажиче за да се стопат. Од брашното, квасецот (со млекото), водата, маслото, солта и јајцето замесете средно меко тесто. Од тестото одделете 16 топчиња и со сукало расукајте ги во круг. Поделете ги во два дела по осум расукани теста, каде секое тесто ќе го премачкате со маргарин.
Двете „кули“ од по 8 намачкани теста покријте ги со крпа и оставете да ги 20 минути да се одмараат.
Секоја кула од тесто развлечете ја со сукало за да добиете големо тесто. Откако двете кули од тесто ќе ги развлечете во голем круг, секој круг исечете го на 8 или 10 парчиња за да добиете 20-24 триаголничиња.
На секој триаголник ставете од филот и завиткајте го кроасанот од поширокиот кон најтенкиот дел. Готовите кроасани ставете ги во подмачкано тавче со маргарин или обложено со хартија за печење. Оставете ги кроасаните да одмараат 1 час покриени со крпа. Премачкајте ги со смесата од јајце и жолчка и попрскајте ги со сусам, ким, афион или морска сол. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 целзисуови степени 25 до 30 минути (зависи од рерната).
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со ракчиња, лук и чили > Сосотојки: свежи тестенини (направете ги по овој рецепт) + чили пиперче
50 мл маслиново масло
5-6 чешниња лук
250 гр исчистени ракчиња
ситно сечкан магдонос
Упатства: Сварете ги тестенините во солена и врела вода. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее и додадете го лукот, грубо исечкан. Оставете го само неколку минути и потоа, ставете ги ракчињата. Пропржете ги додека да поцрвенат. Кога ќе поцрвенат, тогаш се готови. На крај, додадете ги тестенините, се убаво измешајте, декорирајте со магдонос и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта од шпагети > Сосотојки: -400 гр. шпагети
- 400 гр. мелено месо
-300 гр. шампињони
- 1 ситно сечкан морков
- 1 главица кромис
- 1-2 чешниња лук
- 2 ситно сечкани печени пиперки
- рендан кашкавал
- 1 чаша пире од домати
- малку шеќер
- масло, магдонос, босилек, сол и црн бибер
За бешамел сок
- 600 мл. млеко
- масло
- ? чаша брашно
- 2 јајца
- рендан кашкавал
- сол, црн бибер, индиско оревче
Упатства: Ставете половина од млекото, брашното, солта и биберот во блендер и миксирајте околу 1 минута. на загреаното масло ставете ја смесата и оставете ја да зоврие на тивок оган, со непрестајно мешање, додека се згусни. Тргнете ја од оган, оставете ја да се излади и ставете ги изматените јајца и ренданиот кашкавал. Изрендајте индиско оревче и ставете сол и бибер.
Сварете ги шпагетите. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Исечкајте го ситно кромидот, лукот и морковот.
Ставете ги продуктите да се пржат на загреано масло, на тивок оган, додека омекнат. Потоа засилете го огнот и додајте го меленото месо и печурките и пржете околу 15 минути. Додадете сол и црн бибер. Додадете го виното и мешајте додека не испари.
Додајте ги доматното пире и шеќерот и варете на тивок оган додека се згусни сосот.
Земете огноотпорен округов сад и намачкајте го со маргарин. Наредете ги шпагетите во круг од дното на садот нагоре. Откако ќе наредите еден слој шпагети, изрендајте кашкавал, па наредете уште еден слој.
Ставете го бешамел сосот на дното, наредете слој шпагети, сос од мелено месо, па повторно бешамел и така редете додека не го наполните садот. Завршете со бешамел и шпагети кои повторно ќе ги наредите во круг на дното од садот.
Покријте го садот со фолија и печете околу 40 мин. во рерна. Оставете да се излади и превртете ја тортата на сад за сервирање.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со сос од зеленчук > Сосотојки: * 350 г спирални тестенини
* 100 г кромид
* 50 мл маслиново масло
* 2 чешниња лук
* 80 г целер
* 250 г тиквички
* 1 црвена пиперка
* 250 г свежи домати
* 1-2 лажици вегета
* сол
* 2 лажици рендано сирење пармезан
Упатства: Кромидот исечете го на ситни парчиња а исто така и целерот, тиквичките и пиперките.
Излупете ги доматите, исчистете ги од семето и исечете на коцки и на загреан путер, пропржете ги заедно со кромидот, пиперките и целерот. Потоа додадете тиквички и вегета.
Се кратко пропржете, а потоа полијте го зеленчукот во тавата со вода додека не омекне. Конечно додадете лук.
Сварените шпагети додадете ги во тавата со ленчук и добро промешајте. Сервирајте со рендан пармезан.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Интегрални фетучини со сок од домати и печурки > Сосотојки: 500 гр. интегрални фетучини
1 кгр. салса или доматно пире
500 гр. свежи печурки (шампињони или буковка)
3 чешниња лук
маслиново масло
сол и црн бибер
Упатства: Фетучините се варат од 10-15 мин. во зовриена вода со сол.
Печурките се запржуваат кратко и на силен оган во малку маслиново масло, или на скара. Во тава со маслиново масло се запржува лукот на ниска температура, потоа се додаваат веќеподготвените печурки и се полеваат со доматно пире. Се заедно се остава на оган уште 10 минути, потоа исцедените фетучини се полеваат со сосот и храната е подготвена за консумирање.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифлички со форма на јајце > Сосотојки: 1/2 литри вода
3 филџани зејтин
4 супени лажици шекер
2 мали лажици сол
1 квасец
брашно по потреба
1 пециво
зејтин
маргарин
Упатства: Водата ја ставаме во подлабок сад. Квасецот го ставаме во подлабок сад, му ставаме малку вода и 1 до 2 лажици брашно го промешуваме и го оставаме да стаса. Откако е стасан квасецот го ставаме во садот за вода, па го ставаме зејтинот, шеќерот, солта, пецивото, а потоа ставаме брашно и замесуваме за да добиеме не многу тврдо тесто. Откако тестото е замесено го вадиме од садот и го месиме. Откако сме го измесиле убаво го враќаме во садот и го оставаме да кисне. Ова тесто се кисне 3 пати. Кога ке стаса првиот пат го промешуваме, а така правиме и следните два пати. Откако е стасано по трет пат од тестото вадиме 36 топчиња и ги ставаме на рамна подлога предходно подмачкана со зејтин.Топчињата ги обликуваме и декорираме во форма како на сликата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Козињак (Милиброд) > Сосотојки: -4 јајца
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
Упатства: Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и сувото грозје). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне.
Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола. Едниот дел се остава на страна покриен со крпа.
Се зема половината тесто и се дели на два дела. Од првите два дела се прават два ролати со мармаладот.
Се расукува правоаголна кора ( ширина колку плехот за печење ) се мачка со мармалад и се витка како ролат. Се става на плехот.
Истото се повторува и со другиот дел, се мачка мармалад, се витка ролат и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат.
Потоа се зема другата половина од тестото. Се дели на 6 еднакви топчиња.
Од топчињата се прават долги како ленти со раце ( како сукало ). На секоја лента се става суво грозје и повторно со раце се сучат за да се соедини тестото со грозјето.
Се земаат по три ленти и се плетат како плетенки. Истото се повторува и со другите три ленти.
Се ставаат на плехот кај ролатите ( поголем плех ) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер.
Се печат на умерена температура 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Макарони во сос > Сосотојки: 1 пак. макарони
30 гр путер
250 гр благо млеко
4 зденки
оригано
1 павлака
Упатства: Прво се ставаат путерот и млекото на загреана рингла, кога ќе се растопи путерот, се додаваат зденките, кои претходно ги пасираме, мешаме да се растопат, се додава оригано. Се трга од оган и се додава павлаката, се меша да се добие хомогена смеса.
Потоа сосот се додава на претходно сварените макарони, а може да се служи и одделно.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Топчиња од сирење > Сосотојки: 300 грама сирење
3 јајца
300 г брашно
1 прашак за печиво
Упатства: Сирењето се ренда и во него се додаваат останатите состојки. Убаво се измешува во тесто. Од тестото со две лажици се формираат кнедли кои се пржат на загреано масло кратко додека да поруменат.
Забелешка: Наместо кнедли можете од тестото да формирате топчиња со раце но во тој случај тестото треба да се направи потврдо.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бурек со месо > Сосотојки: 500 гр.кори
300 гр мелено месо
1 главица кромид
сол, црн пипер, вегета
250 мл кисела вода(мозе и обична)
100 мл масло
Упатства: Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме додека да омекне, потоа се додава месото , се пржи и се додава по вкус, сол, вегета, црн пипер.
Во сад настрана се меша заедно водата и маслото и се додава сол.
Во тркалезно тавче премачкано со маргарин се ставаат 2-3 кори ама краевите да излегуваат надвор од тавата. Се попрскува со мешавината од вода и масло па се редат еден ред гужвани кори, па повторно се прска со месавината од вода и масло па се става(пропрскува ) од месото .Над тоа се реди повторно ред гужвани кори па повторно се пропрскува од течноста па месо и така додека има кори и месо.Најгоре се ставаат 2 цели ( не гузвани )кори се пропрскува од течноста и се затвараат краевите од првите кори кои излегуваа од тавата и пак се прска од течноста.
Се пече околу 25-30 минути на 180 степени.
Истиот бурек наместо со месо може да се направи и со сирење и со спанаќ по Ваша желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазањи a la Maca25 > Сосотојки: за сосот:
500 гр. мелено месо
1 главица кромид
1 морков
0,5 л доматен сос ( јас најчесто купувам томатело од 1 литар)
сол и бибер
бешамел:
неколку коцки путер
3-4 лажици (големи и полни) брашно
0,5 л млеко
рендан кашкавал
сол
1 кутија лазањи (оние кои не се варат претходно)
Упатства: Го рендам кромидот и морковот и заедно ги пржам. Откако ќе омекнат го додавам месото, го пржам ама не го оставам да потемни многу затоа што после треба и да се пече. Додавам доматен сос, сол и бибер и оставам да изврие.
За тоа време го правам бешамелот. Се топи путер, се додава брашното, се меша додека не добие златна боја, па потоа со мешање се додава млекото. Тука треба да се пази да не се појават грутки, затоа мешајте со мешалка за јајца На крај се додава кашкавалот и се соли.
Во едно подлабоко тавче на најдолниот ред се става бешамел. Потоа се редат лазањите, па врз нив сосот, па повторно бешамел. Така се додека не ви се потрошат состојките. Ако забележите дека ви е малце суво, изрендајте меѓу сосот и бешамелот свежа краставица (прекрасен вкус дава). На крај се завршува со сос и бешамел. Внимавајте сосот секогаш да ви е потечен за да омекнат лазањите. Одозгора се ренда кашкавал и се пече во претходно загреана рерна на 250 C половина час, па на 200 C уште 10-15 мин. И потоа се крка
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Макарони ала пица > Сосотојки: * 250 г варени макарони
* 50 г рендана моцарела
* 200 г рендано сирење за пица
* 200 г колбаси
За сос:
* 200 г шунка
* 150 г домати
*200 г зелени пиперки
* 2 лажици маслиново масло
* сос за пица
* сол
* оригано
За премачкување:
* 200 мл павлака
* 2 лажици рендано сирење пармезан
Упатства: За сос: шунката, доматите и пиперките исечете ги на мали коцки.
На маслиново масло кратко пропржете ги колбасите а потоа додадете пиперки и домати а потоа додадете го пица сосот и ориганото.
Во подмачкана тава истурете ред макарони а потоа ред сос и моцарела сирење. Повторете ја постепката со остатокот.
Во завршниот ред ставете сирење а на горниот слој измешајте павлака и сирење и истурете врз макароните.
Печете 20 минути загреана рерна на 200 степени додека пармезанот добие златно-кафеава боја.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|