37 - 48 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Пирошки >
Сосотојки:
1 кгр брашно,
1/2 литар млеко,
2 јајца и 1 жолчка,
1 квасец,
сол и малку шеќер,
150 гр. маргарин
Упатства:
Тестото се замесува и се остава да скисни. Се сучи и се сечат форми на круг или квадрат, се полнат со фил од салама сирење, кечап (се по желба). На краевите се мачка белка изматена, се затвораат, се притискаат со вилушка на краевите, се оставаат околу 5 мин да покиснат покриени со крпа и се пржат во врело масло.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ >
Сосотојки:
350 мл. млеко
100 мл. вода
20 гр. свеж квасец
1 и 1/2 лажица сол
600 гр. брашно
100 гр. маргарин + 5 лажици масло за премачкување
Фил:
спанаќ, сирење
Упатства:
Ставете го квасецот во топло млеко и вода и оставете го да стаса околу 2 минути. Потоа ставете сол и брашно и замесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела.
Секој дел развлечете го што потанко можете. До себе имајте брашно за посип. Кога ќе развлечете една кора ставете ја на набрашнета површина и напрскајте ја со половина од смесата на маргарин и масло.
Потоа развлечете ја и другата кора, ставете ја над првата и над неа издробете го сирењето и спанаќот, претходно малку обарен.
Развлечете ја и третата кора, ставете ја одозгора, преку двете кори и напрскајте ја со остатокот од маргаринот и маслото.
Сега завиткајте ја питата, најпрво од лева, а потоа од десна страна.
Потоа завиткајте ја и од другата страна, за да се добие нешто како коверт.
Превртете ја питата со раце и ставете ја во плех покриен со хартија за печење.
Питата премачкајте ја со жолчка во која сте ставиле една лажица масло, пресечете ја на парчиња и украсете ја со ким. Оставете ја пола час да скисне. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 C.
Печете додека питата не се зацрвени, отприлика околу пола час.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица бурек >
Сосотојки:
100 грама Шунка
малку мала лажица Црн пипер
500 грама Тенки кори
малку Сол
150 грама Сирење
400 грама Печурки
малку Оригано
30 грама Маслинки
200 милилитри Доматен сок
Упатства:
Долга и длабока тава намачкајте со масло. На дното ставете една кора, намачкајте со масло и на ист начин ставете уште две кори. Сосот од домати измешајте го со сол, црн пипер и оригано и нежно намачкајте по корите. Потоа наредете од шунката (тенко исечена), пиперки, маслинки, печурки и се посипете со сирење (рендано). Повторете ја постапката неколку пати да ги потрошите корите и филот.
Најдобро е пред подготовките корите и филот да ги поделите на три дела.
На врвот треба да има две кори кои ќе ги намачкате со масло.
Пицата бурек печете ја во рерна загреана на 200 степени додека не добие убава црвена боја.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачи со колбаси >
Сосотојки:
250 грама Сирење
250 грама Маргарин
200 грама Колбас
250 грама Брашно
1 Јајца/це
малку Сол
Упатства:
Колбасите исечете ги на кругови.
Во сад за месење, соединете ги сирењето, маргаринот и брашното.
Додадете сол по вкус, па замесете тесто.
Потоа, оставете го во фрижидер на еден саат.
Потоа, расукајте на дебелина од 1 см.
Со помош на кружен калап вадете погачки.
На средината од секој круг, втиснувајте парче колбас, па одозгора премачкајте со изматено јајце.
Печете во загреана рерна на 250 степени, додека погачките не поруменат.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачици со чварки >
Сосотојки:
1,5 дл. вода
1,5 дл. млеко
1,5 дл. масло
1 пак. квасец
2 јајца
1 лажиче шеќер
сол по вкус
1 кгр. брашно
300-400 гр. чварки
1 жолчка
Упатства:
Измешајте ги во сад млекото и млаката вода и постепено додавајте го брашното. Замесете тесто и оставете го да надојде. Потоа расучете го, на половина ставете ги чварките, па преклопете, потоа пак на половина ставете ги чварките и преклопете и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите чварките. Оставете го тестото да се одмори и потоа расучете го. Со чаша извадете погачици од тестото и наредете ги во плех. Оставете ги 15 минути, премачкајте ги со жолчка и печете.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети кифлички >
Сосотојки:
тесто
1 кг брашно
200 мл павлака
400-450 мл млеко
150 мл масло
3 белки
2 лаж сол
2 лаж шекер
1 коцка квасец
1 лаж оцет
фил
250 гр рендана шунка
250 гр рендан кашкавал
6-7 кисели краставички
Упатства:
Се замесува тесто од дадените состојки и се остава да стаса, се размесува и пак се остава да одмори, а во меѓувреме си го правите филот. Шунката и кашкавалот се стават во сад, им се додаваат ренданите краставички и кечапот, па се размешуваат и се зачинуваат со пица зачинот. Кога е готово тестото се дели на топчиња, големината по ваша желба(јас ги правев малку поголеми), секое топче се расукува како на сликата и на едниот крај се става фил и се мота кифличка. Се редат во плех, се покриваат со крпа и се оставаат уште 15 минути да се одморат. Се премачкуваат со разматена жолчка, се попрскуваат со сусам и на секоја кифличка се става по една мала коцка маргарин. Се печат на 200 да заруменат убаво.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Потпечени тортелини >
Сосотојки:
2 лажици масло за јадење
1 кромид, исечкан
3 чешниња лук
450g говедско мелено месо
125ml црвено вино
2 лажици доматно пире
30g мелени домати
малку оригано
сол, буковец
800g тортелини
моцарела, пармезан
Упатства:
На загреано масло пропржете го кромидот и лукот и додадете го говедското месо.
2. Откако добро ќе се пропржи додадете ја пастата од домати и црвеното вино.
3. Динстајте некое време па додадете ги мелените домати, ориганото, буковецот и сол.
4. Садот за печење намачкајте го со масло и истурете ги претходно сварените тортелини. Врз тортелините истурете ја готовата смеса и убаво измешајте. Посипете со моцарела и пармезан.
5. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 25 минути на температура од 350 степени. Декорирајте со босилек.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Равиоли >
Сосотојки:
брашно - 150 г
јајца - 1 парче
сол
вода
белки - 1 бр. за мачкање
Упатства:
Измесете меко тесто од пресеаното брашно, јајце, сол и малку вода. Готовото тесто исечете го на кругови со чаша или сад.
Кругчињата се полнат со саканиот фил - едно кругче се мачка со разбиена белка, се става филот во средината, над него се става второта кругче и краевите се притискаат.
За фил за равиоли може да користите остатоци од варено или печено месо, кое се меле, и се пржи заедно со сецкан кромид. Се зачинува со сол, бибер и се промешува со 1 јајце.
Веќе готовите равиоли пуштајте ги во врела малку посолена вода и варете околу 5-10 минути. Може да ги принесете со супа или со сос по избор.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Растресена баница >
Сосотојки:
1 ? кг брашно
? квасец
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
50 мл масло
Топла вода по потреба за замесување на средно тесто.
Фил:
Кисела зелка пропржена во масло/ дробено сирење со јајце
Упатства:
Се замесува средно тесто а потоа се дели на 12 топчиња. Се сучат кори, се гужваат и се оставаат на чаршав со повеќе брашно.
Се филуваат и се ставаат една над друга во плех. Потоа се печат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролнички со сирење >
Сосотојки:
500 гр. кори за пита
За фил:
300 гр. сирење
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 кесичка прашок за печиво
сол по потреба
Упатства:
Состојките за фил соединете ги и добро измешајте
Земете еден лист кора за пита, превиткајте го едниот агол и спојте го со другиот така да добиете триаголник. триаголникот премачкајте го со фил. Едниот крај преклопете го на едната страна а другиот на спротивната страна. Повторно премачкајте го со фил и завиткајте го во ролничка.
Завитканите ролнички ставете ги во претходно подмачкан плех. Наредете ги една до друга и премачкајте ги со преостанатиот фил. Печете на 200 степени, додека не добијат златно жолта боја.
Доколку не Ви е потполно јасен начинот на виткање на ролничките, побарајте фотографија на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со тестенини, рикота и сушени домати >
Сосотојки:
400 гр кратка паста
500 гр рикота сирење
4-5 стебленца свеж босилек
200 гр суви домати во маслиново масло
сол и бибер по вкус
Упатства:
Пастата се вари според упатството на пакувањето. Во соодветен сад ставете ја рикотата. Во него се додаваат 2-3 лажици маслиново масло суви домати, сол, бибер по вкус, сечкан босилек и околу 100 мл вода во која се варат шпагетите. Измешајте сe многу добро. Додадете ги сечканите сушени домати во добиениот кремаст сос. Исцедете ги тестенините, ставете ги во сад и прелијте ги со сосот. Добро измешајте и послужете.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта со шунка, сирење и грашок >
Сосотојки:
2 лажици маслиново масло
1 кромид ситно исецкан
9 јајца
200 гр. Шунка
1 чаша замрзнат грашок
2 чаши макарони или други тестенини
1 чаша рендано сирење
Упатства:
Сварете ја тестенината. Загрејте го маслото во подлабока тава и ставете го кромидот да се пржи додека не омекне (но да не смени боја). Во меѓувреме изматете ги јајцата со вилушка и додадете сол и бибер. Додадете ги шунката, грашокот, сирењето и тестенините да се пржат со кромидот. Одозгора прелијте ги со јајцата, намалете ја топлината и гответе 6-8 минути додека добие форма. Кога јајцето ќе биде зготвено од сите страни, превртете ја солената торта на чинија за сервирање.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот