61 - 65 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Тортелини со сос од топено сирење > Сосотојки: 250 гр. тортелини
10 гр. путер
50 гр. сувомеснато
250 мл. неутрална хопла
2-3 парчиња топено сирење (зденка)
70 гр. кашкавал
Упатства: 250 гр тортелини се варат со зовриена и посолена вода. Откако ке се сварат се почнува со подготовка на сосот.
10 гр путер се топи на оган и во него се пропржува 50 гр сувомеснато (шунка, свински врат или сланина). После 2-3 мин се додава 200 мл неутрална хопла, 2-3 парчиња топено сирење (зденка) и 70 гр кашкавал. Се меша додека не се растопи се и сосот згусне. Се зачинува со сол, бибер, оригано (по желба).
Сосот се полева врз тортелините. Се служи топло.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Турски симит > Сосотојки: 550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам
Упатства: 1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња.
6. Земете едно топче и во средина со палците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Фурнарини > Сосотојки: 260 г брашно
60 г пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл вода (млака)
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец
малку сусам, сол, црвен пипер, ким
Упатства: Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Хачапури > Сосотојки:
800 г брашно
500 мл јогурт
1 јајце
100 г путер (растопен)
3-4 лажици масло за готвење
1 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
750 г сирење или урда (состојки за фил)
1 белка (состојки за фил)
1 жолчка за премачкување (состојки за фил)
Упатства: Од сите наведени состојки за тестото, на вообичаен начин се прави меко тесто кое обично може по малку и да се лепи за рацете. Тестото се покрива со пластична фолија (за да не се создаде корка) и се остава најмалку 1 саат да кисне (можеби и нема многу на нарасне, но тоа не е грешно).
Подготовка на филот. Додека тестото кисне се припрема филот. Сирењето се ренда на ренде, се додава 1 јајце и 1 белка (втората жолчка ќе служи за премачкување) и добро се хомогенизира.
Топчиња тесто и фил.Нараснатото тесто се става на добро набрашнета површина и уште еднаш кратко се измесува, се дели на 12 дела и се формираат 12 топчиња (секое топче ќе тежи околу 120 – 130 г). Филот исто така се дели на 12 топчиња.
Тесто и фил.Од секое топче од тестото се формира мал катмер, а во средината се става топчето од филот.
Слепено тесто5.Со помош на рака се залепуваат страните така што филот да биде покриен со тесто. Оформената топка се завртува со залепениот дел одоздола. Така се постапува со сите 12 топки.
Притиснати топчиња.Секое топче најпрвин се притиснува т.е смачкува со рака.
Расукано топче.Потоа, со помош на оклагија, се расукува круг (мал хачапури) и се сместува во тава обложена со хартија. И така со сите 12 топки.
Спремни за печење.Во една тава од рерната може да се наредат 4 хачапури. Секоја пита се премачкува со жолчка, се посипува со сусам, ким или афион (по сопствена желба) и се оставааат малку да одморат или се додека не се загрее рерната.
Испечени хачапури.Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути или додека ја променат бојата, односно малку поруменат.
Преземено: http://migusto.mk/hacapuri/
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Шпагети со сос од домати > Сосотојки: 1. 300гр шпагети
2. 300 гр мелено свинско и телешко месо
3. половина главица кромид
4. црн пипер
5. 200мл доматно пире
6. оригано
7. вегета
Упатства: Се варат шпагетите во солена вода со малку маслиново масло.
На страна во длабок сад се пржи кромид, се додава меленото месо. Откако се добро ќе се испржи се додава доматното пире, зачините по вкус и се остава на тивок оган уште 5-10 минути.
При сервирање може да се стави и пармезан
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|