1 - 12 рецепти од 65 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 6 |
Макарони ала пица >
Сосотојки:
* 250 г варени макарони
* 50 г рендана моцарела
* 200 г рендано сирење за пица
* 200 г колбаси
За сос:
* 200 г шунка
* 150 г домати
*200 г зелени пиперки
* 2 лажици маслиново масло
* сос за пица
* сол
* оригано
За премачкување:
* 200 мл павлака
* 2 лажици рендано сирење пармезан
Упатства:
За сос: шунката, доматите и пиперките исечете ги на мали коцки.
На маслиново масло кратко пропржете ги колбасите а потоа додадете пиперки и домати а потоа додадете го пица сосот и ориганото.
Во подмачкана тава истурете ред макарони а потоа ред сос и моцарела сирење. Повторете ја постепката со остатокот.
Во завршниот ред ставете сирење а на горниот слој измешајте павлака и сирење и истурете врз макароните.
Печете 20 минути загреана рерна на 200 степени додека пармезанот добие златно-кафеава боја.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тортелини со сос од топено сирење >
Сосотојки:
250 гр. тортелини
10 гр. путер
50 гр. сувомеснато
250 мл. неутрална хопла
2-3 парчиња топено сирење (зденка)
70 гр. кашкавал
Упатства:
250 гр тортелини се варат со зовриена и посолена вода. Откако ке се сварат се почнува со подготовка на сосот.
10 гр путер се топи на оган и во него се пропржува 50 гр сувомеснато (шунка, свински врат или сланина). После 2-3 мин се додава 200 мл неутрална хопла, 2-3 парчиња топено сирење (зденка) и 70 гр кашкавал. Се меша додека не се растопи се и сосот згусне. Се зачинува со сол, бибер, оригано (по желба).
Сосот се полева врз тортелините. Се служи топло.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со зеленчук >
Сосотојки:
* 3 лажици маслиново масло
* 1 чешне лук
* 1 пакетче замрзната мешавина зеленчук
* 1 лажичка вегета
* бибер
* 1 лажица сечкан копар
* 100-200 мл павлака за готвење
* сол
* 300 г тестенини
За украсување:
* 30 г рендано сирење пармезан
Упатства:
На загреано маслиново масло додадете го сецканиот лук, и замрзнатиот зеленчук и пропржете ги на тивок оган околу 10 минути.
Во тавата со зеленчук, додадете вегета, бибер, сецкан копар, павлака и, доколку е потребно, сол.
Сварете ги тестенините во солена вода, процедете ги, додадете ги во подготвениот зеленчук и промешајте.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Нудли со сос со павлака >
Сосотојки:
1 пакетче нудли
2 лажици павлака
Упатства:
Ставете ги нудлите во зовриена вода, и за 4-5 минути ви се готови. Во мег?увреме направете го сосот. Доколку павлаката е по густа јас додавам 1 лажица од водата во која се варат нудлите, па ги мешам заедно со зачините и маслото кои се во пакетчето нудли. Обожавам луто, така да павлака со лутото ептен супер оди. Сварените нудли измешајте ги со сосот и тоа е тоа.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Tagliatelli со Mama`s ајвар >
Сосотојки:
MAMA’S домашен ајвар
пармезан
лук
маслиново масло
сол
бибер
tagliateli
Упатства:
Откако ќе ги сварите tagliatellе - те, ставете ги во блендер ајварот, пармезанот, лукот, маслиновото масло, солта и биберот и изблендирајте ги. Со овој сос прелијте ги tagliatellе - те
Мириса прекрасно, а вкусот е уште подобар!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегетаријански лазањи >
Сосотојки:
2 модри патлиџана (средна големина)
1 главица кромид
2 конзерви (од 250г) домати или домашен доматен сос
2 чешниња лук
1 лажица мед
200г пармезан
Едно пакување лазањи
Сол
Бибер
Босилок (свеж или сушен)
Маслиново масло
Путер
Бешамел сос
Упатства:
Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
Додајте го сосот од домати. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Макарони со туна >
Сосотојки:
1 голема туна
2 лажици мајонез
2 лажици павлака
2 кисели краставички
половина лимон
зачини
магдонос
грашок
Упатства:
Сварете ги макароните со сол и масло. Откако ќе се изладат, направете го сосот. Во сад измешајте ја туната со мајонезот и павлаката, исцедете го лимонот, исечкајте ги краставичките и магдоносот и додајте го грашокот. Можете да додадете и кари или друг некој зачин. Ставете го сосот врз макароните, декорирајте и послужете.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени макарони со мелено месо и печурки >
Сосотојки:
1 пакетче макарони
500 гр мелено месо
400 гр печурки
1 главица кромид
Сол, бибер, вегета и малку масло за јадење
1 тегла (900 гр) сос за шпагети
200 гр рендано сирење (моцарела или по избор)
Упатства:
Рерната се загрева на 200 степени. Тестенината се вари во солена вода, се цеди и се полива со ладна вода за да не се лепи. Додека тестенината се вари се подготвува сос. Во малку масло пропржете ситно сецкан кромид. Во кромидот додадете го месото и зачините и пржете уште 10 минути. Печурките исецкајте ги по желба и додадете ги месото. Динстајте на тивок оган додека печурките омекнат. Кога ќе биде готово се додава шпагети сосот (доматен сос). Се остава да крчка па се додава смесата во макароните. Се добро измешајте и префрлете ги макароните во тепсија подмачкана со путер. Додадете го ренданото сирење. Се пече додека сирењето не се стопи и добие златно кафена кора од горе.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Панцероти >
Сосотојки:
100 мл зејтин
200 мл јогурт
600 гр брашно
1 пециво и
1 мала лажичка сол
Упатства:
Tестото се меси убаво да стане меко. Се дели на топчиња малку помали од мандарина. Се сукаат што потенко, зашто нараснуваат. Се полниат со фил, се преклопуваат, и им се стискаат краевите со виљушка. Се редат во подмачкана тава, се мачкаат со јајце и им се става сусам.
Се печат на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени макарони со сирење и печурки >
Сосотојки:
* 400 г тестенини (мали полжави)
* 40 мл маслиново масло
* 300 г печурки
* 1 лажица вегета
* 600 мл млеко
* 30 г брашно
* 1 лажица сенф
* 170 г сирење гауда
* 25 г пармезан сирење
* сол
* бибер
Упатства:
Сварете ги тестенините во солена води процедете ги.
На масло во тава пропржете ги исечените печурки. Посипете ги со брашно и промешајте. Лесно додадете го млекото, промешајте и оставете да и се вари околу 5 минути.
На сосот додадете ја Вегета, сенфот, солта, биберот и ренданото сирење и мешајте 1-2 минути, додека сосот не стане густ.
Ставете ги тестенините во тавиа прелијте ги со сосот, посипете ги со рендан пармезан и печете ги во претходно загреана да се печат околу дваесетина минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Топчиња од сирење >
Сосотојки:
300 грама сирење
3 јајца
300 г брашно
1 прашак за печиво
Упатства:
Сирењето се ренда и во него се додаваат останатите состојки. Убаво се измешува во тесто. Од тестото со две лажици се формираат кнедли кои се пржат на загреано масло кратко додека да поруменат.
Забелешка: Наместо кнедли можете од тестото да формирате топчиња со раце но во тој случај тестото треба да се направи потврдо.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Макарони во сос >
Сосотојки:
1 пак. макарони
30 гр путер
250 гр благо млеко
4 зденки
оригано
1 павлака
Упатства:
Прво се ставаат путерот и млекото на загреана рингла, кога ќе се растопи путерот, се додаваат зденките, кои претходно ги пасираме, мешаме да се растопат, се додава оригано. Се трга од оган и се додава павлаката, се меша да се добие хомогена смеса.
Потоа сосот се додава на претходно сварените макарони, а може да се служи и одделно.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот