25 - 36 рецепти од 65 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Домашни јуфки >
Сосотојки:
5 кгр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
5 лажички сол
Упатства:
Се замесува тесто од состојките (пожелно е во машина за правење тесто). Тестото се расекува на мали парчиња и се остава во најлон. Корите се подготвуваат на машинка за таа намена. Прво малите парчиња тесто се развлекуваат на поголема дебелина (2-ка на машината), а потоа на потанко (7-ка на машината). Се ставаат да се сушат на сушалка или на чаршаф. Се прават исклучиво кога времето е сончево.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со ракчиња, лук и чили >
Сосотојки:
свежи тестенини (направете ги по овој рецепт) + чили пиперче
50 мл маслиново масло
5-6 чешниња лук
250 гр исчистени ракчиња
ситно сечкан магдонос
Упатства:
Сварете ги тестенините во солена и врела вода. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее и додадете го лукот, грубо исечкан. Оставете го само неколку минути и потоа, ставете ги ракчињата. Пропржете ги додека да поцрвенат. Кога ќе поцрвенат, тогаш се готови. На крај, додадете ги тестенините, се убаво измешајте, декорирајте со магдонос и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Лиснати кроасани >
Сосотојки:
1 кг меко брашно
50 гр квасец
2 лажички сол
1 лажиче шеќер
5 лажици масло
1 јајце
2,5 дл млеко
2,5 дл вода
250 гр маргарин за премачкување на тестата
Фил: по желба: шунка, кашкавал, павлака, фета сирење, спанаќ, карамелизиран кромид, печурки, џем, еурокрем...
За премачкување на кроасаните:
1 јајце
1 жолчка
сусам, ким, афион
Упатства:
Квасецот ставете го во претходно загреано млеко, заедно со шеќерот. Мешајте со лажиче за да се стопат. Од брашното, квасецот (со млекото), водата, маслото, солта и јајцето замесете средно меко тесто. Од тестото одделете 16 топчиња и со сукало расукајте ги во круг. Поделете ги во два дела по осум расукани теста, каде секое тесто ќе го премачкате со маргарин.
Двете „кули“ од по 8 намачкани теста покријте ги со крпа и оставете да ги 20 минути да се одмараат.
Секоја кула од тесто развлечете ја со сукало за да добиете големо тесто. Откако двете кули од тесто ќе ги развлечете во голем круг, секој круг исечете го на 8 или 10 парчиња за да добиете 20-24 триаголничиња.
На секој триаголник ставете од филот и завиткајте го кроасанот од поширокиот кон најтенкиот дел. Готовите кроасани ставете ги во подмачкано тавче со маргарин или обложено со хартија за печење. Оставете ги кроасаните да одмараат 1 час покриени со крпа. Премачкајте ги со смесата од јајце и жолчка и попрскајте ги со сусам, ким, афион или морска сол. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 целзисуови степени 25 до 30 минути (зависи од рерната).
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Калцоне - затворена пица >
Сосотојки:
400 мл. млака вода
2 ? лажици масло
2 ? лажички сол
800 гр. брашно
2 ? лажички сув квасец
250 гр. гауда
2 помали кисели павлаки
400 гр. шунка за пица
кечап
оригано, босилек, нана
маргарин за премачкување
Упатства:
Измешајте ги брашното и солта, додадете го во тоа сувиот квасец и промешајте, ставете млака вода и масло. Добро измешајте и измесете тесто. Оставете го покриено со крпа на топло. Нараснатото тесто поделете го на 10 дела и обликувајте ги во топчиња. Топчињата може да ги покриете со стреч фолија, за да не се сушат.
На набрашнета подгола секое делче од тестото развлечете го и премачкајте го на средината со кисела павлака. На една половина распоредете ја шунката, прелијте со кечап, посолете оригано, босилек и нана и изрендајте кашкавал гауда.
Рабовите на тестото намачкајте ги со вода за поубаво да се залепат. Свиткајте ги краевите на тестото како венче, наредете ги пиците во рерна, ставете и по мало парченце маргарин и ставете ги во рерна да се печат.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица бурек >
Сосотојки:
100 грама Шунка
малку мала лажица Црн пипер
500 грама Тенки кори
малку Сол
150 грама Сирење
400 грама Печурки
малку Оригано
30 грама Маслинки
200 милилитри Доматен сок
Упатства:
Долга и длабока тава намачкајте со масло. На дното ставете една кора, намачкајте со масло и на ист начин ставете уште две кори. Сосот од домати измешајте го со сол, црн пипер и оригано и нежно намачкајте по корите. Потоа наредете од шунката (тенко исечена), пиперки, маслинки, печурки и се посипете со сирење (рендано). Повторете ја постапката неколку пати да ги потрошите корите и филот.
Најдобро е пред подготовките корите и филот да ги поделите на три дела.
На врвот треба да има две кори кои ќе ги намачкате со масло.
Пицата бурек печете ја во рерна загреана на 200 степени додека не добие убава црвена боја.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Киснато со пиперки од туршија >
Сосотојки:
- 1 кгр. брашно
- 1 пресен квасец
- млака вода
- 1 маргарин кристал
- малку сол
- пржени пиперки од туршија
- 100 гр. изварка
- сусам
- масло
Упатства:
Најпрво пиперките од туршија се дробат и се пржат во врело масло, додека не бидат убаво испржени.
Се замесува тесто од брашното, квасецот (зафатен), млака вода и малку сол. Се остава да скисни. Се премесува уште еднаш и се дели на два дела. Првиот дел се сучи и на него се размачкува пола маргарин кристал. Се сечи на подебела лента и не до крај и се витка како полжав. Истата постапка се повторува и со вториот дел.
Потоа се сучи кора (отприлика со големина колку плехот) и се става во намастениот плех. На кората се ставаат пржените пиперки од туршија, изварка и малку масло. Потоа се сучи другото тесто и се става над него. Се сечат парчиња му се става сусам одозгора и се остава да скисни. Пред печење се става масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пармиџано >
Сосотојки:
500 гр. кори за лазањи
150 гр шунка
150 грама врат
250 гр. гауда
2 јајца
200 мл. кисела павлака
100 гр. кеќап
2 лажички пармезан
сол по вкус
оригано по вкус
Упатства:
Најпрво сварете ги корите за лазањи, а потоа накратко потопете ги во ладна вода. Корите добро исушете ги.
Изматете ги јајцата заедно со киселата павлака, малку посолете и додајте го пармезанот.
Исушените кори премачкајте ги со преливот од јајца и павлака, одозгора ставете ги парчињата шунка, вратот и листот гауда. Завиткајте во ролна и ставете ги во огноотпорен сад. Така направете со сите кори.
Ролните прелијте ги со преостанатиот фил со јајца, а за крај изрендајте ја преостанатата гауда одозгора.
Посолете со оригано и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочен леб >
Сосотојки:
За тесто:
500 гр. брашно
1 свеж квасец
1 лаж. шеќер
1 лаж. сол
300-330 мл. топла вода
За полнење:
100 гр. шунка
100 гр. врат
100 гр. ајдамер
4 варени јајца
Упатства:
Квасецот зафатете го со малку шеќер и брашно и оставете го да 10 минути да стаса.
Останатото брашно измешајте го со сол, додадете го квасецот и замесете тесто. Тестото покријте го и оставете го на топло место околу 30-тина минути.
Развлечете го тестото и по него распоредете ја шунката, вратот и сирењето. Јајцата ставете ги на крајот од тестото и завиткајте ролат.
Ставете го лебот во калап за леб и оставете го да кисне околу 20 минути. Печете во зафреана рерна на 180 - 200 степени.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазањи a la Maca25 >
Сосотојки:
за сосот:
500 гр. мелено месо
1 главица кромид
1 морков
0,5 л доматен сос ( јас најчесто купувам томатело од 1 литар)
сол и бибер
бешамел:
неколку коцки путер
3-4 лажици (големи и полни) брашно
0,5 л млеко
рендан кашкавал
сол
1 кутија лазањи (оние кои не се варат претходно)
Упатства:
Го рендам кромидот и морковот и заедно ги пржам. Откако ќе омекнат го додавам месото, го пржам ама не го оставам да потемни многу затоа што после треба и да се пече. Додавам доматен сос, сол и бибер и оставам да изврие.
За тоа време го правам бешамелот. Се топи путер, се додава брашното, се меша додека не добие златна боја, па потоа со мешање се додава млекото. Тука треба да се пази да не се појават грутки, затоа мешајте со мешалка за јајца На крај се додава кашкавалот и се соли.
Во едно подлабоко тавче на најдолниот ред се става бешамел. Потоа се редат лазањите, па врз нив сосот, па повторно бешамел. Така се додека не ви се потрошат состојките. Ако забележите дека ви е малце суво, изрендајте меѓу сосот и бешамелот свежа краставица (прекрасен вкус дава). На крај се завршува со сос и бешамел. Внимавајте сосот секогаш да ви е потечен за да омекнат лазањите. Одозгора се ренда кашкавал и се пече во претходно загреана рерна на 250 C половина час, па на 200 C уште 10-15 мин. И потоа се крка
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бурек со месо >
Сосотојки:
500 гр.кори
300 гр мелено месо
1 главица кромид
сол, црн пипер, вегета
250 мл кисела вода(мозе и обична)
100 мл масло
Упатства:
Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме додека да омекне, потоа се додава месото , се пржи и се додава по вкус, сол, вегета, црн пипер.
Во сад настрана се меша заедно водата и маслото и се додава сол.
Во тркалезно тавче премачкано со маргарин се ставаат 2-3 кори ама краевите да излегуваат надвор од тавата. Се попрскува со мешавината од вода и масло па се редат еден ред гужвани кори, па повторно се прска со месавината од вода и масло па се става(пропрскува ) од месото .Над тоа се реди повторно ред гужвани кори па повторно се пропрскува од течноста па месо и така додека има кори и месо.Најгоре се ставаат 2 цели ( не гузвани )кори се пропрскува од течноста и се затвараат краевите од првите кори кои излегуваа од тавата и пак се прска од течноста.
Се пече околу 25-30 минути на 180 степени.
Истиот бурек наместо со месо може да се направи и со сирење и со спанаќ по Ваша желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Козињак (Милиброд) >
Сосотојки:
-4 јајца
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
Упатства:
Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и сувото грозје). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне.
Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола. Едниот дел се остава на страна покриен со крпа.
Се зема половината тесто и се дели на два дела. Од првите два дела се прават два ролати со мармаладот.
Се расукува правоаголна кора ( ширина колку плехот за печење ) се мачка со мармалад и се витка како ролат. Се става на плехот.
Истото се повторува и со другиот дел, се мачка мармалад, се витка ролат и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат.
Потоа се зема другата половина од тестото. Се дели на 6 еднакви топчиња.
Од топчињата се прават долги како ленти со раце ( како сукало ). На секоја лента се става суво грозје и повторно со раце се сучат за да се соедини тестото со грозјето.
Се земаат по три ленти и се плетат како плетенки. Истото се повторува и со другите три ленти.
Се ставаат на плехот кај ролатите ( поголем плех ) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер.
Се печат на умерена температура 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Шпагети со сос од домати >
Сосотојки:
1. 300гр шпагети
2. 300 гр мелено свинско и телешко месо
3. половина главица кромид
4. црн пипер
5. 200мл доматно пире
6. оригано
7. вегета
Упатства:
Се варат шпагетите во солена вода со малку маслиново масло.
На страна во длабок сад се пржи кромид, се додава меленото месо. Откако се добро ќе се испржи се додава доматното пире, зачините по вкус и се остава на тивок оган уште 5-10 минути.
При сервирање може да се стави и пармезан
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот