37 - 48 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Тесто за пица >
Сосотојки:
1 Шекер лажичка/ки
малку Сол
40 милилитри Млеко
1 Квасец
500 милилитри Вода
1 килограм/и Брашно
Упатства:
Квасецот одстојува малку во топла вода, да се стопи.Се додава кај брашното со малку шеќер и сол и постепено се става водата (зависи колку ќе впие
брашното)Во месењето може да се додаде и 1 лажичка маргарин, за да биде поубаво, да не се лепи.
Млекото се додава по желба доколку сакате тестото да биде помеко.Откако убаво ќе се размеси,тестото се остава да стаса
(на топло побрзо стасува)
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Печена, џиновска палачинка >
Сосотојки:
6-7 лажици брашно, 1 јајце, малку пециво, малку сол, 250 гр. млеко, 250 гр. вода.
Упатства:
Состојките се матат со миксер. Во плехот се става маргарина (околу 50 гр.) колку да се покрие тавата. Плехот се става во рерна да зоврие маргаринот. Потоа се става тестото и се пече на 200 степени околу 15 тина минути.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Лазања (со мелено месо) >
Сосотојки:
- 500 г. лазања кори
- 500 г. мелено месо
- 400 г. кашкавал
- 800 мл. кечап
- 150 г. сос за шпагети
- 2 големи лажици масло
- 2 чешниња лук
- 1 мало лажиче сол
- 1 мало лажиче шеќер
- 1 лажиче оригано
- малку пипер
Упатства:
Прво се приготвува сосот од месото со сите состојки, на следниов начин:
Се става маслото во подлабоко тенџере, се потпржува меленото и му се додаваат сите наведени состојки, се меша добро да не запече. Сосот треба да биде густ, така да кога ќе се помине со лажицата на дното од тенџерето да остави трага и тоа е знак дека сосот е спремен.
Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода.
Во тава 22x33 cм. се редат прво лазањата, па еден ред сос, рендан кашкавал, па повторно лазања, сос, кашкавал и така се’ додека не се потрошат сосот и лазањите, а и последната лазања мора да биде со сoс и кашкавал.
На крајот се покриваат со фолија и се печат 30 минути на 180°C.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифлички со мармалад >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
5 јајца
500 мл млеко
1 квасец
150 мл.масло
6-8 лажици шеќер
1 пак. ванила
мармалад
Упатства:
Млекото се затоплува. Кон него се додаваат: квасецот, 3-4 лажици шеќер, 3-4 лажици брашно. Смесата се остава на страна за околу 10 минути за да стаса.
Брашното, јајцата (без едната жолчка), маслото, ванилата и 3-4 лажици шеќер се мешаат со веќе стасаниот квасец.
Тестото се замесува и се остава да нарасне за 30-35 минути. Откако ќе нарасне се премесува и се дели на 4 еднакви топчиња. Топчињата се остават на маса врз масло.
Се сучат се и се сечат на триаголници (со дебелина од околу 1 см). Се додава мармалад (по можност густ) и се витка.
Одделно се разбива жолчка со малку масло и се мачкаат кифлите. Се посипуваат со шеќер и се оставаат малку да скиснат.
Печете на 200 ° и постепено на 250 °.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Равиоли >
Сосотојки:
брашно - 150 г
јајца - 1 парче
сол
вода
белки - 1 бр. за мачкање
Упатства:
Измесете меко тесто од пресеаното брашно, јајце, сол и малку вода. Готовото тесто исечете го на кругови со чаша или сад.
Кругчињата се полнат со саканиот фил - едно кругче се мачка со разбиена белка, се става филот во средината, над него се става второта кругче и краевите се притискаат.
За фил за равиоли може да користите остатоци од варено или печено месо, кое се меле, и се пржи заедно со сецкан кромид. Се зачинува со сол, бибер и се промешува со 1 јајце.
Веќе готовите равиоли пуштајте ги во врела малку посолена вода и варете околу 5-10 минути. Може да ги принесете со супа или со сос по избор.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Интегрални фетучини со сок од домати и печурки >
Сосотојки:
500 гр. интегрални фетучини
1 кгр. салса или доматно пире
500 гр. свежи печурки (шампињони или буковка)
3 чешниња лук
маслиново масло
сол и црн бибер
Упатства:
Фетучините се варат од 10-15 мин. во зовриена вода со сол.
Печурките се запржуваат кратко и на силен оган во малку маслиново масло, или на скара. Во тава со маслиново масло се запржува лукот на ниска температура, потоа се додаваат веќеподготвените печурки и се полеваат со доматно пире. Се заедно се остава на оган уште 10 минути, потоа исцедените фетучини се полеваат со сосот и храната е подготвена за консумирање.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирошки >
Сосотојки:
1 кгр брашно,
1/2 литар млеко,
2 јајца и 1 жолчка,
1 квасец,
сол и малку шеќер,
150 гр. маргарин
Упатства:
Тестото се замесува и се остава да скисни. Се сучи и се сечат форми на круг или квадрат, се полнат со фил од салама сирење, кечап (се по желба). На краевите се мачка белка изматена, се затвораат, се притискаат со вилушка на краевите, се оставаат околу 5 мин да покиснат покриени со крпа и се пржат во врело масло.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини со брокула и карфиол >
Сосотојки:
250 гр кратки тестенини
400 гр брокула
200 гр карфиол
250 гр рикота или урда
2 - 3 чешниња лук
по потреба маслиново масло
по потреба сол и бибер
За прелив
3 јајца
по потреба пармезан
по потреба путер и лебни трошки за тавата за печење
Упатства:
Брокулата и карфиолот искинете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во посолена вода некои 5-6 минути. Потоа исцедете ги и оставете ги на страна.
Тестенините сварете ги во посолена вода за време означена на паковањето. Потоа исцедете ги.
Во тава со 5-6 лажици маслиново масло пропржете го лукчето многу малку, колку да пушти мирис. Додајте ги брокулата и карфиолот и измешајте ги. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги тестенините и рикотата или урдата. Додајте сол и бибер по вкус и змешајте.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Помало плехче намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Смесата од тестенини турете ја во плехчето и порамнете ја.
Јајцата изматете ги со вилушка со малку сол и прелијте ги над тестенините. Одозгора попрскајте ги со масло.
Ставете ги да се запечат 15-20 минути.
Послужете ги топли посипани со пармезан.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Василичарска кора со паричка >
Сосотојки:
1/2 кгр. готови кори
За фил:
6 лажици брашно
1 лажиче сол
1 прашок за печиво
300 гр. млеко
100 гр. масло
сирење или урда
Упатства:
Смесата за фил се меша убаво за да не останат грутчиња. Урдата се посолува.
Секоја кора се премачкува со две лажици од филот и се става урда. Се витка во ролна, а потоа се витка како полжав на средината на плехот. Постапката се повторува со секоја кора поединечно и секоја ролна се надоврзува на претходната во плехот. Во една од корите се става паричка завиткана во алуминиумска фолија. Со 1/2 килограм кори се исполнува цела тепсија. Кората се попрскува со малку вода и се става масло и сусам. Се става да се печи.
Среќа да гo следи оној на кој му се падна паричката!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Бешамел шпагети >
Сосотојки:
500 гр. шпагети
200 гр. сланина или шунка
700 мл. млеко
6 лажици брашно
100 гр. топено сирење
1 лажичка сол
1 лажичка вегета
босилек
оригано
тимијан
1 кисела павлака
Упатства:
Во зовриена вода ставете малку сол и масло и ставете ги шпагетите. Ако сакате да бидат малку потврди варете ги само 8 минути,а ако сакате помеки варете ги повеќе.
Откако ќе ги исцедите не мијте ги, туку веднаш додадете им маслиново масло и промешајте.
Ситно исечкајте сланина или шунка и ставете ја во тенџере да се пржи. Додадете 600 мл. млеко, а во остатокот разматете брашно.
Додадете ги зачините и кога ќе се повари малку тргнете го тенџерето од оган и полека додавајте го млекото со брашно, постојано мешајќи.
Кога сосот ќе се згусне, додадете го топеното сирење, или изрендајте кашкавал и промешајте. На крај додадете ја павлаката.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Турски симит >
Сосотојки:
550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам
Упатства:
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња.
6. Земете едно топче и во средина со палците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тестенини во рерна со колбаси, домати и моцарела >
Сосотојки:
350 гр тестенини
1 лажица маслиново масло
1 лажица масло
1 лажица мелен лук
1 кромид, сецкан
? лажичка сол
350 гр колбаси, сецкани
2 домати, сецкани
2-3 лажици доматно пире
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
125 мл вода
120 гр рендана моцарела или кашкавал
1 лажица сушен босилек
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Се вари солена вода. Варете ги тестенините не повеќе од 8 минути. Исцедете. Додадете 1 лажица маслиново масло. Префрлете во плех за печење.
Загрејте го маслото во тава на висока топлина. Пржете го лукот и кромидот 2-3 минути, мешајќи. Додадете колбас. Промешајте уште 3-4 минути. Додадете домати, доматно пире, сол, шеќер, вода. Мешајте додека не зоврие. Откако ќе зоврие, ставете ги тестенините во тавата. Посипете великодушно со сирење по ваш избор.
Префрлете го садот во тавата. Печете уште 15-20 минути во загреана рерна. Послужете ги тестенините попрскани со босилек.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот