61 - 65 рецепти од 65 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Пита со спанаќ >
Сосотојки:
350 мл. млеко
100 мл. вода
20 гр. свеж квасец
1 и 1/2 лажица сол
600 гр. брашно
100 гр. маргарин + 5 лажици масло за премачкување
Фил:
спанаќ, сирење
Упатства:
Ставете го квасецот во топло млеко и вода и оставете го да стаса околу 2 минути. Потоа ставете сол и брашно и замесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела.
Секој дел развлечете го што потанко можете. До себе имајте брашно за посип. Кога ќе развлечете една кора ставете ја на набрашнета површина и напрскајте ја со половина од смесата на маргарин и масло.
Потоа развлечете ја и другата кора, ставете ја над првата и над неа издробете го сирењето и спанаќот, претходно малку обарен.
Развлечете ја и третата кора, ставете ја одозгора, преку двете кори и напрскајте ја со остатокот од маргаринот и маслото.
Сега завиткајте ја питата, најпрво од лева, а потоа од десна страна.
Потоа завиткајте ја и од другата страна, за да се добие нешто како коверт.
Превртете ја питата со раце и ставете ја во плех покриен со хартија за печење.
Питата премачкајте ја со жолчка во која сте ставиле една лажица масло, пресечете ја на парчиња и украсете ја со ким. Оставете ја пола час да скисне. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 C.
Печете додека питата не се зацрвени, отприлика околу пола час.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролнички со сирење >
Сосотојки:
500 гр. кори за пита
За фил:
300 гр. сирење
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 кесичка прашок за печиво
сол по потреба
Упатства:
Состојките за фил соединете ги и добро измешајте
Земете еден лист кора за пита, превиткајте го едниот агол и спојте го со другиот така да добиете триаголник. триаголникот премачкајте го со фил. Едниот крај преклопете го на едната страна а другиот на спротивната страна. Повторно премачкајте го со фил и завиткајте го во ролничка.
Завитканите ролнички ставете ги во претходно подмачкан плех. Наредете ги една до друга и премачкајте ги со преостанатиот фил. Печете на 200 степени, додека не добијат златно жолта боја.
Доколку не Ви е потполно јасен начинот на виткање на ролничките, побарајте фотографија на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки полнети со мелено месо >
Сосотојки:
- Палачинки подготвени по основен рецепт
- 300 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 200 гр. печурки
- 1/2 свежа црвена пиперка
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажица оригано
- сол
- бибер
- масло
Прелив за палачинки
- 300 гр. кајмак
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. млеко
- 3 јајца
Упатства:
На малку масло додадете го ситно сецканиот кромид и додадете ја ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ќе омекне додадете го месото и гответе а тивок оган со промешување. По 5 минути додадете ги исечканите печурки. Додадете зачини и гответе на тивок оган. Откако филот ќе се излади наполнете ги палачинките. Ставете ги полнетите палачинки со огноотпорен сад и прелијте ги со преливот од јајца, кајмак, јогурт и млеко. ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифлички со форма на јајце >
Сосотојки:
1/2 литри вода
3 филџани зејтин
4 супени лажици шекер
2 мали лажици сол
1 квасец
брашно по потреба
1 пециво
зејтин
маргарин
Упатства:
Водата ја ставаме во подлабок сад. Квасецот го ставаме во подлабок сад, му ставаме малку вода и 1 до 2 лажици брашно го промешуваме и го оставаме да стаса. Откако е стасан квасецот го ставаме во садот за вода, па го ставаме зејтинот, шеќерот, солта, пецивото, а потоа ставаме брашно и замесуваме за да добиеме не многу тврдо тесто. Откако тестото е замесено го вадиме од садот и го месиме. Откако сме го измесиле убаво го враќаме во садот и го оставаме да кисне. Ова тесто се кисне 3 пати. Кога ке стаса првиот пат го промешуваме, а така правиме и следните два пати. Откако е стасано по трет пат од тестото вадиме 36 топчиња и ги ставаме на рамна подлога предходно подмачкана со зејтин.Топчињата ги обликуваме и декорираме во форма како на сликата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Растресена баница >
Сосотојки:
1 ? кг брашно
? квасец
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
50 мл масло
Топла вода по потреба за замесување на средно тесто.
Фил:
Кисела зелка пропржена во масло/ дробено сирење со јајце
Упатства:
Се замесува средно тесто а потоа се дели на 12 топчиња. Се сучат кори, се гужваат и се оставаат на чаршав со повеќе брашно.
Се филуваат и се ставаат една над друга во плех. Потоа се печат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот