13 - 21 рецепти од 21 | Страница: | | 1 | 2 |
Погача >
Сосотојки:
1 килограм брашно
2 сув квасец
500 грама јогурт
150 зејтин
1 лажиче сол
1 маргарин
Упатства:
Брашното го ставаме во подлабок сад и ги додаваме сувиот квасец, зејтинот, солта и со јогуртот го замесуваме брашното. Откако сме добиле убаво тесто го делиме на 7 дела. Секое делче се сука во мала кора и се премачкува со маргарин. Потоа расукуваме голема кора и пак ја премачкуваме со маргарин. Потоа кората ја виткаме како ролат и ја сечеме на кругчиња па ги редиме во предходно подмачкана тепсија во круг. Погачата ја оставаме половина час да стаса а потоа ја печеме во рерна на 250 до 200 степени 40 минути. Кога е готова ја вадиме од рерна и ја покриваме со крпа за да омекне. Кога е омекната ја вадиме од тепсијата и ја ставаме во голем тањир и ја служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденско лебче >
Сосотојки:
1 килограм брашно
500 грама млеко
1 тазе квасец
12 лажици зејтин
4 супени лажици шеќер
3 супени лажици сол
малку маргарин
малку фолија
1 жолчка
Упатства:
Квасецот го ставаме во подлабок сад му ставаме малку млака вода едно мало лажиче шеќер и 2 до 3 лажици брашно, убаво го промешуваме и го оставаме да стаса. Брашното го ставаме во подлабок сад, му ги ставаме солта и шеќерот, и откако е квасецот стасан го истураме во брашното а со предходно стопленото млеко го замесуваме брашното и правиме тесто. Тестото не треба да биде многу тврдо. Замесеното тесто го оставаме да стасува. Откако е стасано го истураме на маса и малку го премесуваме. Тестото го делиме на три дела, секој дел го раце го сукаме во долгнавеста форма (како шпагета). Отако сме ги исукале трите краеви ги доближуваме еден до друг и почнуваме да ги плетеме како плетенка внимавајки на средина да ни остане шуплина голема колку едно јајце. Потоа земаме подлабока округла тепсија (може и тенџере) и ја премачкуваме со маргарин. Отако сме ја премачкале тепсијата го ставаме плетеното лебче во неа. На средината на лебчето ставаме фолија завиткана повеќепати за да не се затвори шуплината. Така лебчето го покриваме и го оставаме да стаса. Откако е стасано го премачкуваме со жолчка и му ставаме неколку коцки маргарин, и го ставаме во загреана рерна , го печеме на 200 до 250 степени се додека не се зарумени. Откако е готово го вадиме од редна и го оставаме да се излади. Откако е изладено му ја вадиме парчето фолија и го вадиме од тепсијата. Велигденското лебче го ставаме во убав голем тањир и на местото каде што стоела фолијата му ставаме Велигденско јајце. Лебчето го ставаме на маса и се служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бадниково лепче >
Сосотојки:
500гр. бело брашно тип 400
1 мала лажичка сол
1/2 свеж квасец или 1 ќесичка сув квасец
50 мл. масло
околу 250 гр. млака вода
Упатства:
Во длабок сад ставете го брашното, додадете ја солта, квасецот и маслото и малку промешајте. Почнете постепено да ја додавате водата. Замесете тесто. Оставете да се одмори 10 тина минути. Печете во загреана рерна на 200 целзусови степени околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачки >
Сосотојки:
# 300 г пилешки гради (или од мисирка)
# 200 г шампињони
# 2 - 3 чешниња лук
# сол, црн пипер
# сечкан магдонос
# 500 г листесто тесто
# 1 јајце, за мачкање
# рендан пармезан (или друго жолто сирење)
Упатства:
Пилешките гради исечкајте ги на што поситни коцки и испржете на малку масло. Извадете на чинија и во истото тавче пржете ги шампињоните, исечкани на тенки ливчиња. Кога од печурките ќе испари водата додајте пасиран или ситно сечкан лук и се уште малку пржете. Тргнете го тавчето од ринглата, оставете малку да се излади па додајте во месото, насолете, наросете со црн пипер, додајте сечкан магдонос и се повторно измешајте. Листестото тесто, двете кори, расукајте ги во правоаголник и исечете на квадрати (8 х 8 см). Белката изматете ја со вилушка и намачкајте ги рабовите од секој квадрат. На секое парче тесто ставајте по малку од филот, наросете со пармезан. Сите четири агли префрлете ги кон средината. Намачкајте со изматена жолчка (со неколку капки вода) и префрлете на тава покриена со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 220 степени и погачките печете ги 15 до 20 минути. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Наан - индиски леб >
Сосотојки:
500-600 гр брашно
1 кисечка сув квасец
2,5 дл топла вода
1 дл. топло млеко
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
0,75 дл. маслиново масло
1 лажица прашок за печиво
За премаз:
200 гр. густ јогурт
125 дл. маслиново масло
црн и бел сусам
Упатства:
Замесете тесто од состојките. Добро измесеното тесто поделете го на 8 делови. Фино направените топчиња од тесто покријте ги со чиста крпа и оставете ги дса стојат околу половина час. Кога ќе скиснат исучете ги во тркалезна форма и ставете ги во голем плех за печење обложен со хартија.
Јогуртот и маслиновото масло измешајте ги добро. На секое лепче ставете по една лажица од смесата и премачкајте. Одозгора ставете сусам.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб со маслинки >
Сосотојки:
600 г брашно
? коцки квасец, 40 грама
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажица анасон и ким
1 лажичка маслиново масло
Околу 20 парчиња зелени и црни маслинки
100 мл топло млеко
3-3,5 мл топла вода
Упатства:
Во помал сад измешајте ги квасецот, млекото, шеќерот и додадате малку брашно. Оставете ја смесата околу 5 минути, да се крене. Остатокот од брашното измешајте го со сол, масло и млеко. Додадете ја смесата со квасецот. Месете го тестото додека не стане меко. Оставете ја смесата да стаса, на топло место, околу еден час. Маслинките исечкајте ги ситно, додадете ги анасонот и кимот и вметнете ги во смесата. Ставете го тестото во претходно загреана рерна и печете околу 45 минути на 220? степени.
Овој вкусен леб се јаде додека е топол, а може дури да биде и идеална комбинација за појадок, која секому ќе му се допадне. Можете да го комбинирате со сирење, ајвар или јогурт.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Индиски леб – Тава Наан >
Сосотојки:
900 г брашно
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 јајце
Упатства:
Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.
Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку.
Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана леб - еден од најпознатите десерти >
Сосотојки:
256 gr сенаменско брашно
55 gr кафеав шеќер
2 матени јајца
2 банани добро узреани
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
113 gr путер
Упатства:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Малку подмачкајте тавче со димензии 23x13 cm.
Во голема вангла, искомбинирајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Во поединечна вангла, спојте ги путерот и кафеафиот шеќер додека не бидат крем смеса. Истурете ги и јајцата и пасираните банани додека не се избленда добро. Истурете ја банана смесата во брашно смесата, измешајте да се намокри. Истурете ја целосната смеса во подготвено тавче за леб.
Печете во претходно загреана рерна 60 до 65 минути, додека чепкалката со која ќе проверите во центарот на лебот не излезе чиста. Оставете го лебот да се олади 10 минути, после свртете го на полица со жица.
Дополнителен совет
Може да користите алуминиумска фолија за да ја држите храната повлажна, да се испече еднакво и да си го олесните чистењето.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб што не се меси со рака >
Сосотојки:
450-500 г брашно
340-350 мл вода
1 квасец
1 – 1 ? лажиче шеќер
1 лажиче сол
50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)
Упатства:
Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.
Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот