13 - 21 рецепти од 21 | Страница: | | 1 | 2 |
Наан - индиски леб >
Сосотојки:
500-600 гр брашно
1 кисечка сув квасец
2,5 дл топла вода
1 дл. топло млеко
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
0,75 дл. маслиново масло
1 лажица прашок за печиво
За премаз:
200 гр. густ јогурт
125 дл. маслиново масло
црн и бел сусам
Упатства:
Замесете тесто од состојките. Добро измесеното тесто поделете го на 8 делови. Фино направените топчиња од тесто покријте ги со чиста крпа и оставете ги дса стојат околу половина час. Кога ќе скиснат исучете ги во тркалезна форма и ставете ги во голем плех за печење обложен со хартија.
Јогуртот и маслиновото масло измешајте ги добро. На секое лепче ставете по една лажица од смесата и премачкајте. Одозгора ставете сусам.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени стапчиња >
Сосотојки:
# 370 г урда или младо сирење
# 250 г маргарин
# 1 до 2 јајца
# 400 г брашно
# 1 кесичка прашок за печиво
# сол
# сусам или ким
Упатства:
Изматете го маргаринот, додајте го исцеденото и иситнето сирење и заедно малку матете. Додајте ги сите останати состојки и направете тесто. На работна површина наросена со брашно расукајте го тестото, намачкајте со изматеното јајце и наросете со сусам или ким. Исечете стапчиња и наредете ги во тава покриена со мрсна хартија. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги стапчињата. Наместо стапчиња можете да сечете, со разни модли, други облици.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајце во пита >
Сосотојки:
* Тесто:
* 300 г брашно
* 125 г маргарин
* 1 јајце
* сол
* по потреба вода
* Фил:
* 400 г мелено свинско месо
* 4 кришки чадена сланина
* 1 јајце
* 2 лажици лебни трошки
* сол, црн пипер
* каенски пипер
* варени јајца
Упатства:
Тесто: брашното и омекнатиот маргарин изронете ги, да добиете трошки и поврзете со јајцето, малку сол и вода по потреба, да добиете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка, завиткајте во прозирна фолија и префрлете половина час во фрижидер. Фил: сланината исечкајте ја на ситни коцки и пржете на средна температура. Додајте го меленото месо, пржете (месото да ја промени бојата) и тргнете го садот на страна. Во ладното месо додајте зачини по вкус, сол, црн пипер, каенски пипер, лебни трошки да добиете лесна и мека смеса. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте на дебелина од ? см. Со поголем округол калап сечете кругови и ставајте во длабоки калапи за тортички. Во секој калап ставете фил, втиснете излупено тврдо варено јајце, повторно фил, израмнете. Покријте со круг тесто. Сите пити намачкајте ги со изматено јајце. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги питите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачки >
Сосотојки:
# 300 г пилешки гради (или од мисирка)
# 200 г шампињони
# 2 - 3 чешниња лук
# сол, црн пипер
# сечкан магдонос
# 500 г листесто тесто
# 1 јајце, за мачкање
# рендан пармезан (или друго жолто сирење)
Упатства:
Пилешките гради исечкајте ги на што поситни коцки и испржете на малку масло. Извадете на чинија и во истото тавче пржете ги шампињоните, исечкани на тенки ливчиња. Кога од печурките ќе испари водата додајте пасиран или ситно сечкан лук и се уште малку пржете. Тргнете го тавчето од ринглата, оставете малку да се излади па додајте во месото, насолете, наросете со црн пипер, додајте сечкан магдонос и се повторно измешајте. Листестото тесто, двете кори, расукајте ги во правоаголник и исечете на квадрати (8 х 8 см). Белката изматете ја со вилушка и намачкајте ги рабовите од секој квадрат. На секое парче тесто ставајте по малку од филот, наросете со пармезан. Сите четири агли префрлете ги кон средината. Намачкајте со изматена жолчка (со неколку капки вода) и префрлете на тава покриена со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 220 степени и погачките печете ги 15 до 20 минути. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Погача >
Сосотојки:
1 килограм брашно
2 сув квасец
500 грама јогурт
150 зејтин
1 лажиче сол
1 маргарин
Упатства:
Брашното го ставаме во подлабок сад и ги додаваме сувиот квасец, зејтинот, солта и со јогуртот го замесуваме брашното. Откако сме добиле убаво тесто го делиме на 7 дела. Секое делче се сука во мала кора и се премачкува со маргарин. Потоа расукуваме голема кора и пак ја премачкуваме со маргарин. Потоа кората ја виткаме како ролат и ја сечеме на кругчиња па ги редиме во предходно подмачкана тепсија во круг. Погачата ја оставаме половина час да стаса а потоа ја печеме во рерна на 250 до 200 степени 40 минути. Кога е готова ја вадиме од рерна и ја покриваме со крпа за да омекне. Кога е омекната ја вадиме од тепсијата и ја ставаме во голем тањир и ја служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет леб >
Сосотојки:
# Тесто:
# 350 г брашно
# 100 мл млеко
# 100 мл вода
# 30 г путер
# 1 кесичка сув квасец
# 2 лажички сол
# 1 лажичка шеќер
# За полнење:
# 1 јајце
# 200 г салама
# 100 г кашкавал
# За мачкање:
# 1 јајце
Упатства:
Тесто; квасецот ставете го да стасува со шеќерот, 1 лажичка брашно и водата. Во голем сад ставете го брашното, стасаниот квасец и останатите состојки па замесете меко и мазно тесто. Расукајте го во правоаголник со дебелина од 1 см. Намачкајте со изматеното јајце и нафрлајте ги ситно сечканата салама и кашкавал. Тестото исечете го на три ленти, почетокот оставете го цел и сплетете плетенка која ќе ја префрлите во правоаголен долг калап за печење колачи (25 х 10 см). Оставете го лебот да стасува. Рерната загрејте ја на 190 степени, а лебот намачкајте го со изматеното јајце. Печете 30 до 35 минути. Сервирајте топло.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирошки од стар леб >
Сосотојки:
# 500 г стоен леб
# 100 г кашкавал
# 100 г сувомесен производ
# 100 г лебни трошки
# 1 морков
# 3 кисели краставички
# 1 јајце
# зачини по вкус
# Плус:
# 150 г брашно
# 2 јајца
# лебни трошки
# маслo
Упатства:
Лебот натопете го во вода, потоа исцедете од одвишната течност и изронете. Кашкавалот изрендајте на крупно, краставичките и сувомесното ситно исечкајте ги, како и исчистениот морков, додајте јајце и лебни трошки. Убаво измесете, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденско лебче >
Сосотојки:
1 килограм брашно
500 грама млеко
1 тазе квасец
12 лажици зејтин
4 супени лажици шеќер
3 супени лажици сол
малку маргарин
малку фолија
1 жолчка
Упатства:
Квасецот го ставаме во подлабок сад му ставаме малку млака вода едно мало лажиче шеќер и 2 до 3 лажици брашно, убаво го промешуваме и го оставаме да стаса. Брашното го ставаме во подлабок сад, му ги ставаме солта и шеќерот, и откако е квасецот стасан го истураме во брашното а со предходно стопленото млеко го замесуваме брашното и правиме тесто. Тестото не треба да биде многу тврдо. Замесеното тесто го оставаме да стасува. Откако е стасано го истураме на маса и малку го премесуваме. Тестото го делиме на три дела, секој дел го раце го сукаме во долгнавеста форма (како шпагета). Отако сме ги исукале трите краеви ги доближуваме еден до друг и почнуваме да ги плетеме како плетенка внимавајки на средина да ни остане шуплина голема колку едно јајце. Потоа земаме подлабока округла тепсија (може и тенџере) и ја премачкуваме со маргарин. Отако сме ја премачкале тепсијата го ставаме плетеното лебче во неа. На средината на лебчето ставаме фолија завиткана повеќепати за да не се затвори шуплината. Така лебчето го покриваме и го оставаме да стаса. Откако е стасано го премачкуваме со жолчка и му ставаме неколку коцки маргарин, и го ставаме во загреана рерна , го печеме на 200 до 250 степени се додека не се зарумени. Откако е готово го вадиме од редна и го оставаме да се излади. Откако е изладено му ја вадиме парчето фолија и го вадиме од тепсијата. Велигденското лебче го ставаме во убав голем тањир и на местото каде што стоела фолијата му ставаме Велигденско јајце. Лебчето го ставаме на маса и се служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифли >
Сосотојки:
1 килограм брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани зејтин
2 мали лажички шеќер
1 мало лажиче сол
500 грама млеко
1 квасец
250 грама маргарин
Упатства:
Квасецот го ставаме во подлабок сад му ставаме малку млако млеко и брашно го промешуваме и го оставаме да стаса. Брашното го ставаме во подлабок сад и кога е стасан квасецот го додаваме во брашното, во брашнот ги ставаме и другите намирници (јајцата, зејтинот, шеќерот ) и убаво го замесуваме тестото. Го оставаме да стаса 30 минути потоа тестото го ставаме на работна маса и од него вадиме 15 до 20 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала коричка и ја мачкаме со маргарин само најгорната не ја мачкаме. Откако сме ги намачкале расукуваме голема кора, кората ја сечеме на триаголници и правиме кифли така што ги виткаме од поширокиот кон потесниот крај. Кифлите ги редиме во тепсија која предходно сме ја премачкале со зејтин или маргарин. Врз кифлите премачкуваме жолчка ставаме сусам и мало парче маргарин. Подготвените кифли ги ставаме во загреана рерна да се печат 15 до 20 минути. Кога се готови ги вадиме и ги оставаме да се изладат.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот