13 - 21 рецепти од 21 | Страница: | | 1 | 2 |
Леб што не се меси со рака >
Сосотојки:
450-500 г брашно
340-350 мл вода
1 квасец
1 – 1 ? лажиче шеќер
1 лажиче сол
50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)
Упатства:
Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.
Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Наан - индиски леб >
Сосотојки:
500-600 гр брашно
1 кисечка сув квасец
2,5 дл топла вода
1 дл. топло млеко
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
0,75 дл. маслиново масло
1 лажица прашок за печиво
За премаз:
200 гр. густ јогурт
125 дл. маслиново масло
црн и бел сусам
Упатства:
Замесете тесто од состојките. Добро измесеното тесто поделете го на 8 делови. Фино направените топчиња од тесто покријте ги со чиста крпа и оставете ги дса стојат околу половина час. Кога ќе скиснат исучете ги во тркалезна форма и ставете ги во голем плех за печење обложен со хартија.
Јогуртот и маслиновото масло измешајте ги добро. На секое лепче ставете по една лажица од смесата и премачкајте. Одозгора ставете сусам.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирошки од стар леб >
Сосотојки:
# 500 г стоен леб
# 100 г кашкавал
# 100 г сувомесен производ
# 100 г лебни трошки
# 1 морков
# 3 кисели краставички
# 1 јајце
# зачини по вкус
# Плус:
# 150 г брашно
# 2 јајца
# лебни трошки
# маслo
Упатства:
Лебот натопете го во вода, потоа исцедете од одвишната течност и изронете. Кашкавалот изрендајте на крупно, краставичките и сувомесното ситно исечкајте ги, како и исчистениот морков, додајте јајце и лебни трошки. Убаво измесете, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од стар леб >
Сосотојки:
700 г стар леб
500 мл млеко
200 г шунка
150 г сирење
2 јајца
малку масло за готвење
Упатства:
1.Лебот исечете го на коцки. Ставете го во подлабок сад. Одозгора налијте млако млеко. Оставете го лебот 10 минути убаво да впие од млекото и да омекне.
2.Изрендајте сирење, исечкајте шунка и заедно со две јајце ставете ги во смесата од леб и јајца. Убаво измесете. (по желба можете да посолите)
3.Тавчето за печење добро премачкајте го со масло. Истурете ја смесата и печете на 200 степени околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица лепчиња >
Сосотојки:
1 леб (ладен)
2 јајца
150 гр шунка
150 гр кашкавал
1 лажичка сенф
кечап
маргарин
Упатства:
Исечете го лебот на парчиња и наредете го лепчињата во плех премачкан со маргарин. Изматете две јајца и во нив додајте ја изренданата шунка и лажичка сенф. Лепчињата премачкајте ги прво со кечап, па со смесата од јајца. По желба може да ставите некоја печурка и одозгора ставете рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 250 степени, 10-тина минути.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Погача >
Сосотојки:
1 килограм брашно
2 сув квасец
500 грама јогурт
150 зејтин
1 лажиче сол
1 маргарин
Упатства:
Брашното го ставаме во подлабок сад и ги додаваме сувиот квасец, зејтинот, солта и со јогуртот го замесуваме брашното. Откако сме добиле убаво тесто го делиме на 7 дела. Секое делче се сука во мала кора и се премачкува со маргарин. Потоа расукуваме голема кора и пак ја премачкуваме со маргарин. Потоа кората ја виткаме како ролат и ја сечеме на кругчиња па ги редиме во предходно подмачкана тепсија во круг. Погачата ја оставаме половина час да стаса а потоа ја печеме во рерна на 250 до 200 степени 40 минути. Кога е готова ја вадиме од рерна и ја покриваме со крпа за да омекне. Кога е омекната ја вадиме од тепсијата и ја ставаме во голем тањир и ја служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Погачки >
Сосотојки:
# 300 г пилешки гради (или од мисирка)
# 200 г шампињони
# 2 - 3 чешниња лук
# сол, црн пипер
# сечкан магдонос
# 500 г листесто тесто
# 1 јајце, за мачкање
# рендан пармезан (или друго жолто сирење)
Упатства:
Пилешките гради исечкајте ги на што поситни коцки и испржете на малку масло. Извадете на чинија и во истото тавче пржете ги шампињоните, исечкани на тенки ливчиња. Кога од печурките ќе испари водата додајте пасиран или ситно сечкан лук и се уште малку пржете. Тргнете го тавчето од ринглата, оставете малку да се излади па додајте во месото, насолете, наросете со црн пипер, додајте сечкан магдонос и се повторно измешајте. Листестото тесто, двете кори, расукајте ги во правоаголник и исечете на квадрати (8 х 8 см). Белката изматете ја со вилушка и намачкајте ги рабовите од секој квадрат. На секое парче тесто ставајте по малку од филот, наросете со пармезан. Сите четири агли префрлете ги кон средината. Намачкајте со изматена жолчка (со неколку капки вода) и префрлете на тава покриена со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 220 степени и погачките печете ги 15 до 20 минути. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет леб >
Сосотојки:
# Тесто:
# 350 г брашно
# 100 мл млеко
# 100 мл вода
# 30 г путер
# 1 кесичка сув квасец
# 2 лажички сол
# 1 лажичка шеќер
# За полнење:
# 1 јајце
# 200 г салама
# 100 г кашкавал
# За мачкање:
# 1 јајце
Упатства:
Тесто; квасецот ставете го да стасува со шеќерот, 1 лажичка брашно и водата. Во голем сад ставете го брашното, стасаниот квасец и останатите состојки па замесете меко и мазно тесто. Расукајте го во правоаголник со дебелина од 1 см. Намачкајте со изматеното јајце и нафрлајте ги ситно сечканата салама и кашкавал. Тестото исечете го на три ленти, почетокот оставете го цел и сплетете плетенка која ќе ја префрлите во правоаголен долг калап за печење колачи (25 х 10 см). Оставете го лебот да стасува. Рерната загрејте ја на 190 степени, а лебот намачкајте го со изматеното јајце. Печете 30 до 35 минути. Сервирајте топло.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени стапчиња >
Сосотојки:
# 370 г урда или младо сирење
# 250 г маргарин
# 1 до 2 јајца
# 400 г брашно
# 1 кесичка прашок за печиво
# сол
# сусам или ким
Упатства:
Изматете го маргаринот, додајте го исцеденото и иситнето сирење и заедно малку матете. Додајте ги сите останати состојки и направете тесто. На работна површина наросена со брашно расукајте го тестото, намачкајте со изматеното јајце и наросете со сусам или ким. Исечете стапчиња и наредете ги во тава покриена со мрсна хартија. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги стапчињата. Наместо стапчиња можете да сечете, со разни модли, други облици.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот