13 - 21 рецепти од 21 | Страница: | | 1 | 2 |
Пирошки од стар леб >
Сосотојки:
# 500 г стоен леб
# 100 г кашкавал
# 100 г сувомесен производ
# 100 г лебни трошки
# 1 морков
# 3 кисели краставички
# 1 јајце
# зачини по вкус
# Плус:
# 150 г брашно
# 2 јајца
# лебни трошки
# маслo
Упатства:
Лебот натопете го во вода, потоа исцедете од одвишната течност и изронете. Кашкавалот изрендајте на крупно, краставичките и сувомесното ситно исечкајте ги, како и исчистениот морков, додајте јајце и лебни трошки. Убаво измесете, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни. Послужете ги топли.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет леб >
Сосотојки:
# Тесто:
# 350 г брашно
# 100 мл млеко
# 100 мл вода
# 30 г путер
# 1 кесичка сув квасец
# 2 лажички сол
# 1 лажичка шеќер
# За полнење:
# 1 јајце
# 200 г салама
# 100 г кашкавал
# За мачкање:
# 1 јајце
Упатства:
Тесто; квасецот ставете го да стасува со шеќерот, 1 лажичка брашно и водата. Во голем сад ставете го брашното, стасаниот квасец и останатите состојки па замесете меко и мазно тесто. Расукајте го во правоаголник со дебелина од 1 см. Намачкајте со изматеното јајце и нафрлајте ги ситно сечканата салама и кашкавал. Тестото исечете го на три ленти, почетокот оставете го цел и сплетете плетенка која ќе ја префрлите во правоаголен долг калап за печење колачи (25 х 10 см). Оставете го лебот да стасува. Рерната загрејте ја на 190 степени, а лебот намачкајте го со изматеното јајце. Печете 30 до 35 минути. Сервирајте топло.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Погача >
Сосотојки:
1 килограм брашно
2 сув квасец
500 грама јогурт
150 зејтин
1 лажиче сол
1 маргарин
Упатства:
Брашното го ставаме во подлабок сад и ги додаваме сувиот квасец, зејтинот, солта и со јогуртот го замесуваме брашното. Откако сме добиле убаво тесто го делиме на 7 дела. Секое делче се сука во мала кора и се премачкува со маргарин. Потоа расукуваме голема кора и пак ја премачкуваме со маргарин. Потоа кората ја виткаме како ролат и ја сечеме на кругчиња па ги редиме во предходно подмачкана тепсија во круг. Погачата ја оставаме половина час да стаса а потоа ја печеме во рерна на 250 до 200 степени 40 минути. Кога е готова ја вадиме од рерна и ја покриваме со крпа за да омекне. Кога е омекната ја вадиме од тепсијата и ја ставаме во голем тањир и ја служиме.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Наан - индиски леб >
Сосотојки:
500-600 гр брашно
1 кисечка сув квасец
2,5 дл топла вода
1 дл. топло млеко
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
0,75 дл. маслиново масло
1 лажица прашок за печиво
За премаз:
200 гр. густ јогурт
125 дл. маслиново масло
црн и бел сусам
Упатства:
Замесете тесто од состојките. Добро измесеното тесто поделете го на 8 делови. Фино направените топчиња од тесто покријте ги со чиста крпа и оставете ги дса стојат околу половина час. Кога ќе скиснат исучете ги во тркалезна форма и ставете ги во голем плех за печење обложен со хартија.
Јогуртот и маслиновото масло измешајте ги добро. На секое лепче ставете по една лажица од смесата и премачкајте. Одозгора ставете сусам.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Јајце во пита >
Сосотојки:
* Тесто:
* 300 г брашно
* 125 г маргарин
* 1 јајце
* сол
* по потреба вода
* Фил:
* 400 г мелено свинско месо
* 4 кришки чадена сланина
* 1 јајце
* 2 лажици лебни трошки
* сол, црн пипер
* каенски пипер
* варени јајца
Упатства:
Тесто: брашното и омекнатиот маргарин изронете ги, да добиете трошки и поврзете со јајцето, малку сол и вода по потреба, да добиете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка, завиткајте во прозирна фолија и префрлете половина час во фрижидер. Фил: сланината исечкајте ја на ситни коцки и пржете на средна температура. Додајте го меленото месо, пржете (месото да ја промени бојата) и тргнете го садот на страна. Во ладното месо додајте зачини по вкус, сол, црн пипер, каенски пипер, лебни трошки да добиете лесна и мека смеса. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте на дебелина од ? см. Со поголем округол калап сечете кругови и ставајте во длабоки калапи за тортички. Во секој калап ставете фил, втиснете излупено тврдо варено јајце, повторно фил, израмнете. Покријте со круг тесто. Сите пити намачкајте ги со изматено јајце. Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги питите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб што не се меси со рака >
Сосотојки:
450-500 г брашно
340-350 мл вода
1 квасец
1 – 1 ? лажиче шеќер
1 лажиче сол
50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)
Упатства:
Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.
Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана леб >
Сосотојки:
2-3 зрели банани
2 јајца
50 гр кафеав шеќер
ванилин шеќер
120 гр стопен путер
90 мл млеко
250 гр брашно
1/2 пакетче прашак за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
Прстофат сол
Упатства:
Ги блендираме бананите со вилушка, додаваме јајца, шеќер, путер и млеко и мешаме до хомогена смеса.
Во друг сад ги ставаме брашното, прашокот за пециво, содата и солта па ја додаваме и смесата со банани и промешуваме.
Смесата се истура на тавче обложено со хартија за печење и се печи 50 минути на 180 степени.
Слободно правете варијации на основниот рецепт. Некогаш комбинација од бело и интегрално брашно, некогаш само интегрално ( тогаш доволно е 180 грама), некогаш пола од бадеми /лешници/кокос, некогаш целосно од јатки.
Млекото може да е растително или јогурт/кисело млеко.
Шеќерот бел/мед/стевиа...
Може да се додаде зрнесто овошје, цимет, мускатно оревче,какао,чоколадо...
Каква и комбинација да направите,уживањето е загарантирано - и при готвење и при дегустација.
Follow me_mother_of_three on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана леб - еден од најпознатите десерти >
Сосотојки:
256 gr сенаменско брашно
55 gr кафеав шеќер
2 матени јајца
2 банани добро узреани
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
113 gr путер
Упатства:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Малку подмачкајте тавче со димензии 23x13 cm.
Во голема вангла, искомбинирајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Во поединечна вангла, спојте ги путерот и кафеафиот шеќер додека не бидат крем смеса. Истурете ги и јајцата и пасираните банани додека не се избленда добро. Истурете ја банана смесата во брашно смесата, измешајте да се намокри. Истурете ја целосната смеса во подготвено тавче за леб.
Печете во претходно загреана рерна 60 до 65 минути, додека чепкалката со која ќе проверите во центарот на лебот не излезе чиста. Оставете го лебот да се олади 10 минути, после свртете го на полица со жица.
Дополнителен совет
Може да користите алуминиумска фолија за да ја држите храната повлажна, да се испече еднакво и да си го олесните чистењето.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Индиски леб – Тава Наан >
Сосотојки:
900 г брашно
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 јајце
Упатства:
Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.
Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку.
Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот