25 - 33 рецепти од 33 | Страница: | 1 | 2 | 3 |
Запечени компири со павлака >
Сосотојки:
5-6 компири со средна големина
250 мл неутрална павлака ( хопла )
200 грама кашкавал
сол
вегета
и други зачини по желба
Упатства:
Компирите ги сечкаме на кругови колку може потенко.Редиме во намрсена тепсија или плех.Рендаме кашкавал па најгоре ставаме од павлаката.Зачините се ставаат по желба. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Zucchini pie(пита од тиквички) >
Сосотојки:
3 тиквички
2 домати
копар
една чаша брашно
овчи кашкавал
сол
бибер
мелен лук
3 јајца
Упатства:
Прво се рендаат тиквичките и се префрлаат во друг сад за да се тргне течноста. Се додава сол па се размешува. Потоа се додаваат три јајца заедно со бибер и мелениот лук. Убаво се меша целата смеса. Се става во плех за торти и се додаваат сецкани домати на кругчиња. Го рендаме кашкавалот и го редиме над питата. Се пече 25-30 мин на 180 степени.
Follow hranaireceptii na Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Mamma mia – зеленчук на ориз >
Сосотојки:
Состојки:
300 гр. ориз
50 + 30 гр. путер
1 главица кромид
1 коцка инстант супа
0,5 литри вода
малку сол
малку црвена мелена пиперка
1 јајце
50 гр. тврдо сирење
300-400 гр. тиквички
2 главици кромид
масло
2-3 домати
сол
Упатства:
Сварете ја коцката супа во врела вода. Главицата исецкан кромид испржете ја на 50 гр. путер
Ставете го оризот и мешајте. Додадете од супата, сол и мелена пиперка (внимавајте на солта, инстант супата е веќе солена). Често дотурајте вода и мешајте. Кога оризот ќе омекне тргнете го од оган. Разматете го преостанатиот путер, ренданото сирење и 1 јајце. Додадете го во оризот. Оставете да се излади.
Зеленчук: Тиквичките сечете ги на коцки, а кромидот малку запржете го на масло. Додадете ги тиквичките и динстајте. Кога малку ќе омекне додадете го исечениот домат. Посолете и додадете бибер.
Оризот ставете го во калап за торта. Одозгора ставете го зеленчукот и над него изрендајте сирење. Ставете го калапот во рерна околу 20 минути на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен ѓувеч со ориз >
Сосотојки:
1 гл.кромид стар
6 пар.зелени пиперки
1 тиквичка
3 пар. домати
3 моркови
пола килограм компири
1 чаша ориз
сол
црвен пипер
масло
магдонос пресен
Упатства:
Во тенџере на оган ставете ги исечканите кромид и пиперки и пржете додека кромисот не добие златеста боја. Ставете црвен пипер. Ставете ги тиквичките морковите и пржете додека не омекнат. Ставете ги ренданите домати и варете околу 10 минути. Ставете ги сечканите моркови и оризот. Ставете сол, бибер, зачини по желба, масло и вода и поклопете го тенџерето со капак. Оставете го да се вари околу 45 минути со повремено мешање.
Добар апетит
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Похован кромид >
Сосотојки:
2 јајца
750 мл млеко
0,5 кафена лажичка сол
Масло за пржење
375 мл пиво
240 гр брашно
3 главици кромид
Упатства:
Ги исипуваме брашното и солта во сад.
Правиме дупка во средината каде го исипуваме пивото. Ги додаваме јајцата едно по едно.
Мешаме бавно додека не се добие густа изедначена каша.
Оставаме смесата да одстои најмалку 30 минути.
Го лупиме кромидот и го сечеме на цели кругови со дебелина 1 см.
Кромидот го посипуваме со млеко и оставаме да одстои 1 час.
Во сад за пржење загреваме поголема количина масло.
Ги цедиме парчињата кромид и ги потопуваме во кашата од пиво.
Пржиме од двете страни околу 3 минути додека не добие златна боја.
Пржениот кромид го поставуваме врз хартија за да се исцеди вишокот масло. Сервираме веднаш.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир на норвешки начин >
Сосотојки:
250 гр. сирење
50 гр. пармезан
1 кгр. компири
250 гр. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Компирот исчистете го, исечето го на кругови и сварете го во посолена вода.
Кога е до пола сварен, исцедете го, посолете го, па половина од него наредете го во огноотпорен сад, кој малку сте го премачкале со масло.
Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, па залејте со павлаката за готвење.
На крајот, изрендајте пармезан.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет модар домат >
Сосотојки:
2 модри домати
малку сол
1 лажица масло
1 поголем домат
Фил:
60 гр. ориз
1 лажица масло
30 гр. микс од интегрални снегулки
1/2 лажица масло
1/2 лажица бибер
1/2 лажица црвен бибер
1 лажица ајвар
1/2 лажица мелен сушен зеленчук
малку лук во прав
Упатства:
Модрите домати пресечете ги на половина и издлабете ги околу 0,5 cm. (средината оставете ја за фил). Посолете ги и оставете ги да постојат околу 15-20 минути. Измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исушат
Сварете го оризот, прелијте го со ладна вода и процедете го. На масло испржете го исецканиот лук, додадете го ситно исечканиот модар домат. Додадете го оризот, ајварот и останатите зачини
Половините од доматот наредете ги во тава за печење и наполнете ги со филот. Одозгора наредете кругови исечкани домати и ставете ги во рерна да се печат околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Рецепт за сирова туршија >
Сосотојки:
Производи:
3 кг црвени пиперки
1 главица карфиол со средна големина
1 кг мали свежи моркови
1-2 кг мали зелени домати
1 главица бела зелка
4-5 чешниња лук
1 мал корен од рен
неколку зрна црн пипер
7-8 листа винова лоза
За саламура за 2 тегли од 3 литри:
7 лажички вода
5 лажички оцет
1 лажичка сол
Упатства:
Производите се мијат и се подготвуваат така што пиперките и зелката се сечат на големи парчиња. Морковите и ренот се рендаат и се сечат на кругови. Карфиолот се сече на цветови, а доматите се пробиваат на 2-3 места со игла за шиење. На дното на теглите се става 1 лозов лист (измиен и попарен) па производите се редат измешани и во секоја тегла се ставаат 2-3 чешниња лук и неколку зрна црн пипер.
Подгответе саламура од вода и сол, варете десет минути, а потоа додадете оцет. Саламурата повторно врие и се трга од оган. Откако ќе се излади, распоредете ги во двете тегли. Над зеленчукот се ставаат 2-3 измиени и попарени лозови листови. Покријте ги теглите со капаци и чувајте ги на ладно место.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма од кисела зелка со ореви >
Сосотојки:
1 главица кисела зелка
4-5 главици кромид
1 чаша ориз
100 гр. ореви
масло
брашно
црвен пипер
сол
Упатства:
3елката разделете ја на листови. Во тава ставете го кромидот да се пржи. Кота ќе биде скоро испржен додајте го оризот и пржете го заедно со кромидот со постојано налевање вода за да не загори оризот. Кога оризот ќе омекне, пропржете го уште малку, потоа тргнете го од оган и додајте ги оревите претходно истолчени. Со оваа смеса виткајте ја сармата. Наредете ја во тенџере и облијте ја со вода. Припремете запршка на следниот начин:
Во тава ставете 2 лажици масло, загрејте го добро, додајте 2 лажичиња брашно и малку црвен пипер, па со запршката прелијте ја сармата. Ставете ја на слаб оган да крчка се додека не омекне зелката.
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот