13 - 24 рецепти од 33 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Плескавици од тиквички >
Сосотојки:
2 средни тиквички
1 јајце
100 гр презла
Брашно
Сол
Нане
Оригано
Лук
Упатства:
Две средни тиквички се лупат, па се рендаат на широката страна на рендето, се посолуваат и се остaваат половина час да се цедат во голема цедалка. Потоа се стегаат за да излезе вишокот вода, па се додава презлата, јајцето и неколку лажици брашно(3-5). Смесата не треба да биде течна, затоа по потреба се додава презла или брашно. Се зачинува и од сместа се формираат плескавици. Се пржат на средна температура.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Mamma mia – зеленчук на ориз >
Сосотојки:
Состојки:
300 гр. ориз
50 + 30 гр. путер
1 главица кромид
1 коцка инстант супа
0,5 литри вода
малку сол
малку црвена мелена пиперка
1 јајце
50 гр. тврдо сирење
300-400 гр. тиквички
2 главици кромид
масло
2-3 домати
сол
Упатства:
Сварете ја коцката супа во врела вода. Главицата исецкан кромид испржете ја на 50 гр. путер
Ставете го оризот и мешајте. Додадете од супата, сол и мелена пиперка (внимавајте на солта, инстант супата е веќе солена). Често дотурајте вода и мешајте. Кога оризот ќе омекне тргнете го од оган. Разматете го преостанатиот путер, ренданото сирење и 1 јајце. Додадете го во оризот. Оставете да се излади.
Зеленчук: Тиквичките сечете ги на коцки, а кромидот малку запржете го на масло. Додадете ги тиквичките и динстајте. Кога малку ќе омекне додадете го исечениот домат. Посолете и додадете бибер.
Оризот ставете го во калап за торта. Одозгора ставете го зеленчукот и над него изрендајте сирење. Ставете го калапот во рерна околу 20 минути на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта од рендани тиквички >
Сосотојки:
За кори
2 х 1 тиквица
2 х 3 јајца
2 х 3 лажици брашно
сецкан першун
Фил
околу 600 гр. кисела павлака
Упатства:
Во два садови изрендајте по една голема исчистена тиквичка, посолете и оставете 20 минути додека да пушти вода.
Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете 3 јајца со миксер додадете ја тиквичката и 3 лажици брашно. Ако смесата е течна, додадете уште малку брашно сецкан першун.
Плехот (35 х 25) обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата без да додадете масло. Печете 20 минути.
За тоа време изматете ја и другата кора и печете ја во истиот плех откако ќе ја извадите првата.
Ќе добиете две кори кои се цврсти и меки во исто време, не се кинат и можат да се сечат по желба.
Секоја кора се премачкува со павлака, се додава по желба буковска пипер, магдонос и други додатоци. Се става во фрижидер и се служи.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет модар домат >
Сосотојки:
2 модри домати
малку сол
1 лажица масло
1 поголем домат
Фил:
60 гр. ориз
1 лажица масло
30 гр. микс од интегрални снегулки
1/2 лажица масло
1/2 лажица бибер
1/2 лажица црвен бибер
1 лажица ајвар
1/2 лажица мелен сушен зеленчук
малку лук во прав
Упатства:
Модрите домати пресечете ги на половина и издлабете ги околу 0,5 cm. (средината оставете ја за фил). Посолете ги и оставете ги да постојат околу 15-20 минути. Измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исушат
Сварете го оризот, прелијте го со ладна вода и процедете го. На масло испржете го исецканиот лук, додадете го ситно исечканиот модар домат. Додадете го оризот, ајварот и останатите зачини
Половините од доматот наредете ги во тава за печење и наполнете ги со филот. Одозгора наредете кругови исечкани домати и ставете ги во рерна да се печат околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна мусака со тиквички >
Сосотојки:
2 средни тиквички
200 грама соја трошки
50 грама ориз
1 морков
150 грама кашкавал посен
Упатства:
Сојата ја оставаме во ладна вода да откисне 20 минути. Потоа водата ја истураме и тураме нова, па ја ставаме сојата да зоврие.
Тиквичките ги сечкаме на тркалца.
Во тепсија редиме ред тиквички, ред соја ( низ која ставаме од оризот и морковот исечен на тркалца). Додаваме зачини по желба.
Ставаме да се пече во загреана рерна. Кога убаво ќе порумени го рендаме кашкавалот и враќаме уште малку во рерна за да се растопи.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиперки полнети со урда >
Сосотојки:
300 грама Урда
малку Сол
500 грама Пиперки
60 милилитри Маслиново масло
1 Јајце
Упатства:
Пиперките треба да се со тенка лушпа, средно долги и не многу тенки. Исечете им ги рачките и извадете го семето од нив.
Изматете го јајцето и во него додадете ја урдата. Сето тоа убаво изматете го со вилушка.
Секоја пиперка, со мало лажиче наполнете ја со подготвената урда.
Во тавче ставете ги маслото и наредете ги пиперките да се пржат. Немојте да го покривате тавчето. Пржете додека малку не поруменат пиперките.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички со кисело млеко и лук >
Сосотојки:
2 средни тиквички
2 јајца
лук по желба колку сакате
брашно
сол
копар
масло за јадење
Упатства:
Две средни тиквички се сечат на кругчиња, се валкаат во брашно и јајца, па нормално си се пржат.
Откако ќе се испржат, се оставаат малку да се оладат. Потоа се сечкаат на средно големи парчиња.
Во сад се толчи лук со сол, се додава околу половина канче кисело млеко (по потреба и повеќе),
се меша со лукот и се додаваат исечените тиквички.
Се става малку масло за јадење, по желба може и малку копар.
Сето тоа убаво се меша и е спремно за јадење.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта со цветови од тиквички >
Сосотојки:
4 тиквички
3 јајца
150 гр. фета сирење
1 дцл. млеко
2 лажици павлака
1 лажица брашно
сол и црн бибер
Упатства:
Измиените тиквички исечете ги по должина со нож за лупење компири, на танки ленти
На работната маса ставете една лента од тиквичка и на крајот ставете и фета сирење. Од половина продолжете со втора, па трета лента. Направете ролнички и водете грижа да не бидат стегнати.
Ставете ги цветовите во плех за печење премачкан со масло и ставете го во релна на 250 C околу 15-20 минути.
Јајцата, млекото, павлаката, солта, брашното и биберот измаете ги во посебен сад. Можете да додадете и рендано сирење по желба. Со оваа смеса прелијте ги цветовите од тиквички и печете додека солената торта не порумени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени компири со павлака >
Сосотојки:
5-6 компири со средна големина
250 мл неутрална павлака ( хопла )
200 грама кашкавал
сол
вегета
и други зачини по желба
Упатства:
Компирите ги сечкаме на кругови колку може потенко.Редиме во намрсена тепсија или плех.Рендаме кашкавал па најгоре ставаме од павлаката.Зачините се ставаат по желба. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Потпечени компири со презла >
Сосотојки:
800 грама компири
50 грама презла
40 грама путер
цимет
сол
Упатства:
Компирите се лупат, мијат и сечкаат на коцки. Се стават во поголем сад им се тура две црпалки вода и се посолуваат. Потоа ги ставаме во рерна и печеме околу 8 минути да омекнат.
Путерот го растопуваме во поголема тава.Ја пропржуваме презлата внимателно да не загори.Ги додаваме компирите и мешаме додека не се прекријат со презлата.Посипуваме со сол и цимет( по желба) па сервираме.
Наместо да ги печеме може компирите да се сварат во зовриена вода.Се цедат и се додаваат на пржената презла.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир на норвешки начин >
Сосотојки:
250 гр. сирење
50 гр. пармезан
1 кгр. компири
250 гр. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Компирот исчистете го, исечето го на кругови и сварете го во посолена вода.
Кога е до пола сварен, исцедете го, посолете го, па половина од него наредете го во огноотпорен сад, кој малку сте го премачкале со масло.
Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, па залејте со павлаката за готвење.
На крајот, изрендајте пармезан.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Печени тиквички >
Сосотојки:
Кромид - 1 главица
Маслиново масло - 2 лажици
Tиквички - 600 гр.
Оригано
2 Свежи домати
Конзервирана пченка - 200 гр.
Сол
Бибер
Безмасен јогурт - 200 мл.
Пармезан - 100 гр.
Упатства:
Излупете го кромидот и исецкајте го.
Загрејте го маслииновото масло во тава и запржете го кромидот.
Измијте ги тиквичките и исецкајте ги во коцкички. Додадете ги во тавата.
Додадете оригано. Гответе го 10 мин.
Измијте ги доматите и додадете ги во тавата.
Додадете ја пченката, солта и биберот.
Измешајте и додадете ги тиквичките во тава за печење. Прелијте го јогуртот врз нив и додадете пармезан.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот