25 - 33 рецепти од 33 | Страница: | 1 | 2 | 3 |
Плескавици од тиквички >
Сосотојки:
2 тиквички
2 јајца
брашно
млеко
маслиново масло
малку пециво
сол и црн пипер
Упатства:
Се прави хомогена смеса од јајцата, млекото, брашното, маслото и пецивото, исто како за палачинки, но малку погусто.Во таа смеса се додаваат ренданите тиквички, сол, црц бибер и вегета. Се пржат во тава за палачинки, со повеќе масло како плескавици. Во тавата се ставаат со голема лажица за да се добие облик на плескавица.
По приготвувањето може да се служат премачкани или полиени со павлака, топена зденка, фета, сирење или кашкавал.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни шницли >
Сосотојки:
1 кгр. спанаќ
300 грама ориз
сол, бибер, зејтин, магдонос и брашно
лебни трошки ( по потреба)
Упатства:
Спанаќот го чистиме и го миеме. Оризот го чистиме и го вариме. Откако е варен го цедиме. Во тенџере ставаме вода спанаќот го спуштаме во водата и го обаруваме и него го процедуваме па на даска за сецкање го сецкаме. Исецканиот спанаќ го ставаме во длабок сад му го додаваме и оризот потоа убаво промешуваме го додаваме и магданосот и зачинуваме по желба, убаво промешуваме. Ако е смесата ретка додаваме лебни трошки. Во друг подлабок сад ставаме брашно земаме од смесата правиме шницли и ги мацкаме во брашното. Така правиме со цело тесто. Во тава ставаме зејтин и тавата ја ставаме на рингла за да се затопли зејтинот. Откако е затоплен ги ставаме шницлите и ги пржиме од двете страни да бидат румени. Кога се готови ги ставаме во убав голем тањир и ги служиме.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Сарма од кисела зелка со ореви >
Сосотојки:
1 главица кисела зелка
4-5 главици кромид
1 чаша ориз
100 гр. ореви
масло
брашно
црвен пипер
сол
Упатства:
3елката разделете ја на листови. Во тава ставете го кромидот да се пржи. Кота ќе биде скоро испржен додајте го оризот и пржете го заедно со кромидот со постојано налевање вода за да не загори оризот. Кога оризот ќе омекне, пропржете го уште малку, потоа тргнете го од оган и додајте ги оревите претходно истолчени. Со оваа смеса виткајте ја сармата. Наредете ја во тенџере и облијте ја со вода. Припремете запршка на следниот начин:
Во тава ставете 2 лажици масло, загрејте го добро, додајте 2 лажичиња брашно и малку црвен пипер, па со запршката прелијте ја сармата. Ставете ја на слаб оган да крчка се додека не омекне зелката.
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот
Праз во рерна >
Сосотојки:
800 гр. праз
200 гр. овчо сирење
20 гр. масло
2 јајца
40 гр. брашно
црн пипер
1/4 литар млеко
сол
Упатства:
Празот исчистете гo, исечете го на парчиња долги 2 см., сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Половината од празот ставете го во подмачкана тава, преку празот ставете го сирењето претходно издробено и на крајот малку црн пипер. Ова прекријте го со другата половина од празот. Направете потоа глатка смеса од јајцата, бpaшното и млекото и прелијте го со неа празот. Печете го во рерна додека се зарумени. Служете со лут ајвар и туршија.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Спанаќ со јајца >
Сосотојки:
1 кгр. спанаќ
1 главица кромид
4 јајца
црвен пипер
сол
Упатства:
Исчистете го спанаќот и измијте го. Кромидот ситно сечкан испржете го и во него ставете малку црвен пипер, посолете по вкус. Оваа смеса ставете ја во тавче, долејте мапку вода и ставете да се пече. Кога ќе биде напола печено, преку спанаќот скршете ги јајцата. Претходно направете вдлабнатина во спанаќот за да може јајцата да останат цели. Вратете го тавчето во рерна и печете го уште десетина минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиперки и компир >
Сосотојки:
- 400 гр компири
- 2 зелени и две црвени пиперки
- една главица кромид
- 2 јајца
- пармезан
- маслиново масло
- сол и црн пипер
Упатства:
Излупените компири ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме маслиново масло. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Круговите компири ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Пиперките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во тавата. Промешуваме. Кромидот го сечкаме на покрупни парчиња и го додаваме во тавата. Уште еднаш додаваме маслиново масло и промешуваме.
Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица за матење. Потоа јајцата ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш матиме со жицата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме изматените јајца. Откако јајцата ќе се испржат пиперките и компирите на италијански начин ги ставаме на чинија за послужување. Одозгора наросуваме пармезан.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети со зеленчук >
Сосотојки:
300 г домати
1 краставица
2 чешниња лук
2 лажички рендана кора од лимон
2 лажици маслиново масло
1 лажичка босилек
8 интегрални мини земички
сол
бибер
Упатства:
Исечкајте го зеленчукот и измешајте го со кората од лимонот и маслиновото масло. Смесата зачинете ја со сол, бибер и ситно сечкан босилек. Исечете ги земичките на половина, потпечете ги во загреана рерна и врз нив распоредете ја смесата од зеленчукот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинески нудли со зеленчук >
Сосотојки:
1. 200гр нудли (или шпагети)
2. 1 мала главица кромид
3. 1 тиквица
4. 2-3 крупни печурки
5. 2-3 моркови
6. 1 пиперка
7. сол
8. црн пипер
9. 2 супени лажици соја сос
10. 1 супена лажица сенф
11. 1 супена лажица мед
12. малку иситнети кикиритки
Упатства:
Нудлите или шпагетите сварете ги според упатството на пакувањето.
Додека се варат, исечкајте го зеленчукот на тенки ленти, или на коцки, како сакате. Во подлабок сад (имајте во предвид дека во него после ќе ги измешате и нудлите) на оган ставете малку зејтин и пропржете го кромидот исечкан на кругови.
Откако ќе се испржи кромидот додадете го преостанатиот зеленчук.
Мешајте на јак оган додека да испари водата и зеленчукот не омекне. Но, немојте да претерате, треба да остане цел а не раскашавен.:)
Додадете зачини по вкус, соја сосот, медот и сенфот и сето тоа убаво измешајте го над тивок оган.
На крај додадете ги исцедените нудли, пржете ги заедно околу 1 минута и сервирајте.
Одозгора посипете ги со иситнетите кикиритки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кaша од карфиoл со ориз >
Сосотојки:
70 гр. карфиол,5 гр.ориз(1 мала лажица),5 гр масло,
Упатства:
Карфиолот се мие и се разделува на ситни парчиња (само цветот) и се става да се вари во врела вода. Кога ке омекне се додава измиениот ориз и се остава да повари на умерена температура поклопен. Штом ќе се свари се истура вишокот вода и се додава маслото и се вари уште 3 мин. За доенчиња со навршени 5 месеци..
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот