1 - 12 рецепти од 33 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Mamma mia – зеленчук на ориз >
Сосотојки:
Состојки:
300 гр. ориз
50 + 30 гр. путер
1 главица кромид
1 коцка инстант супа
0,5 литри вода
малку сол
малку црвена мелена пиперка
1 јајце
50 гр. тврдо сирење
300-400 гр. тиквички
2 главици кромид
масло
2-3 домати
сол
Упатства:
Сварете ја коцката супа во врела вода. Главицата исецкан кромид испржете ја на 50 гр. путер
Ставете го оризот и мешајте. Додадете од супата, сол и мелена пиперка (внимавајте на солта, инстант супата е веќе солена). Често дотурајте вода и мешајте. Кога оризот ќе омекне тргнете го од оган. Разматете го преостанатиот путер, ренданото сирење и 1 јајце. Додадете го во оризот. Оставете да се излади.
Зеленчук: Тиквичките сечете ги на коцки, а кромидот малку запржете го на масло. Додадете ги тиквичките и динстајте. Кога малку ќе омекне додадете го исечениот домат. Посолете и додадете бибер.
Оризот ставете го во калап за торта. Одозгора ставете го зеленчукот и над него изрендајте сирење. Ставете го калапот во рерна околу 20 минути на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Zucchini pie(пита од тиквички) >
Сосотојки:
3 тиквички
2 домати
копар
една чаша брашно
овчи кашкавал
сол
бибер
мелен лук
3 јајца
Упатства:
Прво се рендаат тиквичките и се префрлаат во друг сад за да се тргне течноста. Се додава сол па се размешува. Потоа се додаваат три јајца заедно со бибер и мелениот лук. Убаво се меша целата смеса. Се става во плех за торти и се додаваат сецкани домати на кругчиња. Го рендаме кашкавалот и го редиме над питата. Се пече 25-30 мин на 180 степени.
Follow hranaireceptii na Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети со зеленчук >
Сосотојки:
300 г домати
1 краставица
2 чешниња лук
2 лажички рендана кора од лимон
2 лажици маслиново масло
1 лажичка босилек
8 интегрални мини земички
сол
бибер
Упатства:
Исечкајте го зеленчукот и измешајте го со кората од лимонот и маслиновото масло. Смесата зачинете ја со сол, бибер и ситно сечкан босилек. Исечете ги земичките на половина, потпечете ги во загреана рерна и врз нив распоредете ја смесата од зеленчукот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Вкусни крцкави компири >
Сосотојки:
6 компири
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
кашкавал и павлака
сол
бибер
Упатства:
Загрејте ја рерната. Излупете ги и засечете ги компирите на парчиња, но не до крај.
Меѓу парчињата ставете малку лук, насолете ги компирите и ставете му бибер.
Печете околу 40 минути и пред крај одозгора ставете кашкавал.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчка вегетаријанска мусака >
Сосотојки:
3 модри патлиџани
2 лажици брашно
2 лажици маслиново масло
1 кромид, сецкан
2 чешниња лук, притиснат
1 пиперка, исчистена и исечкана
3 домати, сецкани
За прелив:
250 мл јогурт
2 лажици брашно
200 гр рендано сирење
Сол и бибер по вкус
? лажичка морско оревче
малку босилек, ситно исечкан
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ги модрите патлиџани во кругови. Посипете ги со сол и почекајте да го испуштат горчливиот сок. Исплакнете ги со вода. Исушете ги со хартија.
Извалајте ги тркалата на модар патлиџан во брашното. Загрејте маслиново масло во тава и пржете го модриот патлиџан 1-2 минути од секоја страна. Додадете кромид, лук и бибер. Гответе неколку минути. Додадете ги доматите и варете додека не омекнат. Додадете сол и бибер.
Во мал сад на средна температура, измешајте го млекото со две лажици брашно. Добро промешајте додека не се згусне. Додадете го сирењето и мешајте додека не се растопи. Наредете ги модрите патлиџани со останатите производи во плехот. Истурете го полнењето. Посипете со босилек.
Печете околу 30-40 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени компири со павлака >
Сосотојки:
5-6 компири со средна големина
250 мл неутрална павлака ( хопла )
200 грама кашкавал
сол
вегета
и други зачини по желба
Упатства:
Компирите ги сечкаме на кругови колку може потенко.Редиме во намрсена тепсија или плех.Рендаме кашкавал па најгоре ставаме од павлаката.Зачините се ставаат по желба. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Зачинети маринирани пиперки со крем сирење >
Сосотојки:
12-15 лути маринирани пиперки по избор
200 гр крем сирење или фета
неколку гранчиња копар
неколку стебленца власец
1 мелено чешне лук по желба
сол, бибер по вкус
Упатства:
Исчистете ги пиперките од стебленцата и семките. Во сад соединете ги зачините со сирењето, па секоја пиперка наполнете ја со добиената смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Кaша од карфиoл со ориз >
Сосотојки:
70 гр. карфиол,5 гр.ориз(1 мала лажица),5 гр масло,
Упатства:
Карфиолот се мие и се разделува на ситни парчиња (само цветот) и се става да се вари во врела вода. Кога ке омекне се додава измиениот ориз и се остава да повари на умерена температура поклопен. Штом ќе се свари се истура вишокот вода и се додава маслото и се вари уште 3 мин. За доенчиња со навршени 5 месеци..
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинески нудли со зеленчук >
Сосотојки:
1. 200гр нудли (или шпагети)
2. 1 мала главица кромид
3. 1 тиквица
4. 2-3 крупни печурки
5. 2-3 моркови
6. 1 пиперка
7. сол
8. црн пипер
9. 2 супени лажици соја сос
10. 1 супена лажица сенф
11. 1 супена лажица мед
12. малку иситнети кикиритки
Упатства:
Нудлите или шпагетите сварете ги според упатството на пакувањето.
Додека се варат, исечкајте го зеленчукот на тенки ленти, или на коцки, како сакате. Во подлабок сад (имајте во предвид дека во него после ќе ги измешате и нудлите) на оган ставете малку зејтин и пропржете го кромидот исечкан на кругови.
Откако ќе се испржи кромидот додадете го преостанатиот зеленчук.
Мешајте на јак оган додека да испари водата и зеленчукот не омекне. Но, немојте да претерате, треба да остане цел а не раскашавен.:)
Додадете зачини по вкус, соја сосот, медот и сенфот и сето тоа убаво измешајте го над тивок оган.
На крај додадете ги исцедените нудли, пржете ги заедно околу 1 минута и сервирајте.
Одозгора посипете ги со иситнетите кикиритки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир на норвешки начин >
Сосотојки:
250 гр. сирење
50 гр. пармезан
1 кгр. компири
250 гр. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Компирот исчистете го, исечето го на кругови и сварете го во посолена вода.
Кога е до пола сварен, исцедете го, посолете го, па половина од него наредете го во огноотпорен сад, кој малку сте го премачкале со масло.
Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, па залејте со павлаката за готвење.
На крајот, изрендајте пармезан.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Печен компир со сирење Грујер >
Сосотојки:
1 кг компир, излупен и рендан
1 јајце, скршено
300 гр рендано сирење Грујер
5 лажици брашно
2 чешниња лук
1 мал кромид, ситно сецкан
Сол и бибер по вкус
2 лажици масло
Упатства:
Измешајте ги сите производи во голема чинија. Зачинете со зачини и добро измешајте со рацете. Загрејте голема тава на висока топлина. Загрејте го маслото во неa. Префрлете ја смесата од компири во тавата, притискајќи ја така што рамномерно се распределува во тавата. Пржете околу 15 минути од едната страна. Свртете го печењето и пржете уште 15 минути од другата страна или додека не поруменат.
Ако ви е тешко да се справите со печењето како целина, поделете го на мали делови во неколку мали топчиња во тавата. Послужете топло.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Печени тиквички >
Сосотојки:
Кромид - 1 главица
Маслиново масло - 2 лажици
Tиквички - 600 гр.
Оригано
2 Свежи домати
Конзервирана пченка - 200 гр.
Сол
Бибер
Безмасен јогурт - 200 мл.
Пармезан - 100 гр.
Упатства:
Излупете го кромидот и исецкајте го.
Загрејте го маслииновото масло во тава и запржете го кромидот.
Измијте ги тиквичките и исецкајте ги во коцкички. Додадете ги во тавата.
Додадете оригано. Гответе го 10 мин.
Измијте ги доматите и додадете ги во тавата.
Додадете ја пченката, солта и биберот.
Измешајте и додадете ги тиквичките во тава за печење. Прелијте го јогуртот врз нив и додадете пармезан.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот