1 - 12 рецепти од 33 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Плескавици од тиквички >
Сосотојки:
2 тиквички
2 јајца
брашно
млеко
маслиново масло
малку пециво
сол и црн пипер
Упатства:
Се прави хомогена смеса од јајцата, млекото, брашното, маслото и пецивото, исто како за палачинки, но малку погусто.Во таа смеса се додаваат ренданите тиквички, сол, црц бибер и вегета. Се пржат во тава за палачинки, со повеќе масло како плескавици. Во тавата се ставаат со голема лажица за да се добие облик на плескавица.
По приготвувањето може да се служат премачкани или полиени со павлака, топена зденка, фета, сирење или кашкавал.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнет модар домат >
Сосотојки:
2 модри домати
малку сол
1 лажица масло
1 поголем домат
Фил:
60 гр. ориз
1 лажица масло
30 гр. микс од интегрални снегулки
1/2 лажица масло
1/2 лажица бибер
1/2 лажица црвен бибер
1 лажица ајвар
1/2 лажица мелен сушен зеленчук
малку лук во прав
Упатства:
Модрите домати пресечете ги на половина и издлабете ги околу 0,5 cm. (средината оставете ја за фил). Посолете ги и оставете ги да постојат околу 15-20 минути. Измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исушат
Сварете го оризот, прелијте го со ладна вода и процедете го. На масло испржете го исецканиот лук, додадете го ситно исечканиот модар домат. Додадете го оризот, ајварот и останатите зачини
Половините од доматот наредете ги во тава за печење и наполнете ги со филот. Одозгора наредете кругови исечкани домати и ставете ги во рерна да се печат околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен ѓувеч со ориз >
Сосотојки:
1 гл.кромид стар
6 пар.зелени пиперки
1 тиквичка
3 пар. домати
3 моркови
пола килограм компири
1 чаша ориз
сол
црвен пипер
масло
магдонос пресен
Упатства:
Во тенџере на оган ставете ги исечканите кромид и пиперки и пржете додека кромисот не добие златеста боја. Ставете црвен пипер. Ставете ги тиквичките морковите и пржете додека не омекнат. Ставете ги ренданите домати и варете околу 10 минути. Ставете ги сечканите моркови и оризот. Ставете сол, бибер, зачини по желба, масло и вода и поклопете го тенџерето со капак. Оставете го да се вари околу 45 минути со повремено мешање.
Добар апетит
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Зачинети маринирани пиперки со крем сирење >
Сосотојки:
12-15 лути маринирани пиперки по избор
200 гр крем сирење или фета
неколку гранчиња копар
неколку стебленца власец
1 мелено чешне лук по желба
сол, бибер по вкус
Упатства:
Исчистете ги пиперките од стебленцата и семките. Во сад соединете ги зачините со сирењето, па секоја пиперка наполнете ја со добиената смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети печурки >
Сосотојки:
1 пакување печурки свежи
1 морков
1-2 чешне лук
1/2 главица кромид
црн домат
и друг зеленчук по желба, а и не мора
малку павлака
зачини
кашкавал
Упатства:
Печурките се мијат и дршките се отстрануваат, се сецкаат ситно и се пржат во маслиново масло заедно со зеленчукот исто така ситно исецкан, потоа се става павлаката и на крај се ставаат зачини по желба. Печурките се редат во огноотпорен сад со отворот нагоре и се полнат со смесата, најгоре се става по една коцка кашкавал и се печат во рерна 15-20 мин.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пица пиперки >
Сосотојки:
2 бабури
1 лажица кошер сол
1 лажица свежо мелен бибер
1 шолја рендано моцарела сирење
1/2 шолја фино сецкан власец
4 јајца
4 ленти сланина
1/2 шолја рендано чедар сирење
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Пресечете ги бабурите на половина, по должина. Отстранете ја дршката и семето, а во внатрешноста на секоја половина попрскајте сол и бибер. Печете околу 15-20 минути, додека пиперките малку омекнат.
Потоа посипете ја моцарелата и половина од власецот рамномерно по четирите преполовени бабури. Скршете по едно јајце во секоја од половините. Посипете сол, бибер, сланина, чедар и преостанатиот власец врз јајцата. Печете уште 15-20 минути, додека белките на јајцата се добро потпечени.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички со кисело млеко и лук >
Сосотојки:
2 средни тиквички
2 јајца
лук по желба колку сакате
брашно
сол
копар
масло за јадење
Упатства:
Две средни тиквички се сечат на кругчиња, се валкаат во брашно и јајца, па нормално си се пржат.
Откако ќе се испржат, се оставаат малку да се оладат. Потоа се сечкаат на средно големи парчиња.
Во сад се толчи лук со сол, се додава околу половина канче кисело млеко (по потреба и повеќе),
се меша со лукот и се додаваат исечените тиквички.
Се става малку масло за јадење, по желба може и малку копар.
Сето тоа убаво се меша и е спремно за јадење.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиперки полнети со урда >
Сосотојки:
300 грама Урда
малку Сол
500 грама Пиперки
60 милилитри Маслиново масло
1 Јајце
Упатства:
Пиперките треба да се со тенка лушпа, средно долги и не многу тенки. Исечете им ги рачките и извадете го семето од нив.
Изматете го јајцето и во него додадете ја урдата. Сето тоа убаво изматете го со вилушка.
Секоја пиперка, со мало лажиче наполнете ја со подготвената урда.
Во тавче ставете ги маслото и наредете ги пиперките да се пржат. Немојте да го покривате тавчето. Пржете додека малку не поруменат пиперките.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир на норвешки начин >
Сосотојки:
250 гр. сирење
50 гр. пармезан
1 кгр. компири
250 гр. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Компирот исчистете го, исечето го на кругови и сварете го во посолена вода.
Кога е до пола сварен, исцедете го, посолете го, па половина од него наредете го во огноотпорен сад, кој малку сте го премачкале со масло.
Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, па залејте со павлаката за готвење.
На крајот, изрендајте пармезан.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Потпечени компири со презла >
Сосотојки:
800 грама компири
50 грама презла
40 грама путер
цимет
сол
Упатства:
Компирите се лупат, мијат и сечкаат на коцки. Се стават во поголем сад им се тура две црпалки вода и се посолуваат. Потоа ги ставаме во рерна и печеме околу 8 минути да омекнат.
Путерот го растопуваме во поголема тава.Ја пропржуваме презлата внимателно да не загори.Ги додаваме компирите и мешаме додека не се прекријат со презлата.Посипуваме со сол и цимет( по желба) па сервираме.
Наместо да ги печеме може компирите да се сварат во зовриена вода.Се цедат и се додаваат на пржената презла.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени компири со павлака >
Сосотојки:
5-6 компири со средна големина
250 мл неутрална павлака ( хопла )
200 грама кашкавал
сол
вегета
и други зачини по желба
Упатства:
Компирите ги сечкаме на кругови колку може потенко.Редиме во намрсена тепсија или плех.Рендаме кашкавал па најгоре ставаме од павлаката.Зачините се ставаат по желба. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пиперки и компир >
Сосотојки:
- 400 гр компири
- 2 зелени и две црвени пиперки
- една главица кромид
- 2 јајца
- пармезан
- маслиново масло
- сол и црн пипер
Упатства:
Излупените компири ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме маслиново масло. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Круговите компири ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Пиперките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во тавата. Промешуваме. Кромидот го сечкаме на покрупни парчиња и го додаваме во тавата. Уште еднаш додаваме маслиново масло и промешуваме.
Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица за матење. Потоа јајцата ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш матиме со жицата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме изматените јајца. Откако јајцата ќе се испржат пиперките и компирите на италијански начин ги ставаме на чинија за послужување. Одозгора наросуваме пармезан.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот