1 - 12 рецепти од 26 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Грчка салата >
Сосотојки:
краставички на коцки,
домати на резанки,
пиперка на прстени,
исто и кромидот (со млад кромид е поубава),
црни маслинки,
маслиново масло,
оригано,
сирење
Упатства:
Состојките се сецкаат, се додава сол и масло и се меша. Одозгора се посолува со ориганo и се става рендано сирење.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Жилиен салата >
Сосотојки:
* Зелена салата (на резанци)
* рендан варен морков
* шунка на резанци
* рендан кравји кашкавал
* павлака
* мајонез
Упатства:
Состојките се мешаат
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијанска салата >
Сосотојки:
1 марула
3 врзулки рукола
300г краставици
200г шери домати
100г маслинки
150г свинска пршута
150г пармезан
Сос за зачинување
Упатства:
Искинете ги листовите од марулата и руколата на парчиња.
Излупете ги краставиците, отстранете ги семките и останатиот дел исечкајте го на полумесечини.
Исечете ги шери доматите на четири парчиња.
Исечете ги пршутата и пармезанот на многу тенки парчиња.
Во чинија, најдолу ставете ги парчињата марула и рукола, а потоа додајте ги краставиците и доматите. Прелијте го сосот за зачинување и одозгора наредете ги парчињата пршута и пармезан.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од блитва >
Сосотојки:
Блитва
2 јајца
сирење
кромид
маслиново масло
сол
балсамико
Упатства:
Сите состојки се мешаат.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденска салата со јајца >
Сосотојки:
7 јајца
1/2 чаша мајонез (можеби и повеќе)
4-5 лажици јогурт
1 чешне мелено лук
2 гранчиња свеж кромид
100 гр рендано сирење
сол, бибер
Упатства:
Варените јајца се лупат и се сечат на коцки. Ставете ги во сад и додајте ги мајонезот, ренданото сирење, издробениот лук и исечканиот кромид. Зачинете со црн пипер и сол и послужете со крцкав леб.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Туна салата >
Сосотојки:
1 павлака
500 гр мајонез
500 гр. фусили (макарони)
1 жолта пиперка 1 зелена 1 црвена
2 конзерви туна во парчиња
100 гр. фета сирење
Упатства:
На ситни парчиња(по желба) исечете ги пиперките и фета сирењето и додадете ги во претходно измешаните павлака, мајонез и туна, па заедно промешајте ги со изладените тестенини. Посолете и забиберете по сопствена желба. Салатата се служи ладна.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата >
Сосотојки:
1. 1 Марула.
2. Рукола.
3. 1 пилешки стек, испржен или на скара.
4. Пченки од конзерва или замрзнати.
5. Кубети
6. Малку сок од лимон.
7. 1 јајце.
8. Пармезан.
9. Мајонез, малку сок од портокал и бибер (доколку го правите сосот вие)
10. Vorcester sauce доколку се одлучите за готов сос, а можете да го најдете во поголемите маркети.
Упатства:
За подготовка на оваа салата потребно ви е марулата и руколата да ги исечкате ситно и да ги ставите во длабок сад. Потоа пилешкиот стек исечкајте го на ситни коцки и додадете го во садот. Истото направете го со јајцето. Додајте ги кубетите, пченката и сокот од лимун. Измешајте убаво и одозгора ставете го сосот и пармезанот.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Есенска салата со сланина >
Сосотојки:
1 мала зелена салата (марула)
10 ленти сланина
1 јаболко без семки и кора
3 супени лажици сушени брусница
1 мала главица црвен кромид
100 гр рендано фета сирење
4 лажици печени семки од тиква, излупени
За дресинг:
1/4 чаша маслиново масло
1-2 лажици јаболков оцет
1-2 лажици мед
1 лажиче сенф
сол и бибер по вкус
Упатства:
Подготовка:
Сланината печете ја лесно во нелеплива тава, па одвојте ја на кујнска хартија. Исечете ги останатите состојки и ставете ги во сад. Додајте ја сланината, подгответе го преливот и зачинете ја салатата. Добро измешајте и послужете.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Шопска салата >
Сосотојки:
500 гр. домати
3 главици кромид
1 зелена лута пиперка
200 гр. овчо сирење
2 краставици
масло
сол
Упатства:
Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешка салата >
Сосотојки:
-1/2 кг бело пилешко месо сварено
-3 глави цвекло (сварени)
-2 компира варени
-1 краставица
-1 помала главичка кромид
-1 китка магдонос
-250 мл мајонез
-сол и бибер.
Упатства:
Сите состојки се сечкаат на мали коцкички,се додава мајонезот, се зачинува и убаво се меша.Убаво е ако салатата отстои во фрижидер, во затворен сад 1-2 часа пред да се послужи.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Француска салата >
Сосотојки:
1 кгр. мјонез
1 кгр. кисели краставички
1 кгр моркови
1 кгр. компири
5 јајца
грашак од конзерва
першун
сол и бибер
Упатства:
Секој вид зеленчук да се свари одвоено и да се остави да се излади. Јајцата сварете ги и оставете ги да се зладат. Исечкајте ги на ситно. Сварениот зеленчук и јајцата измешајте ги со мајонезот, зачинете со першун посолете и забиберете по сопствена желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со макарони >
Сосотојки:
1 пак. макарони
300 гр. кисели краставички
300 гр. сирење
300 гр. шункарица
400 гр. кисела павлака
300 гр. мајонез
Сол
Упатства:
Макароните ги вариме и ги цедиме од водата. Краставичките, сирењето и шункарицата ситно ги сечкаме и ги ставаме во подлабок сад. Ги додаваме исцедените макарони, посолуваме, ги додаваме и киселата павлака и мајонезот и убаво промешуваме. По потреба додаваме уште мајонез или кисела павлака. Салатата ја сервираме во чинија за салата и ја декорираме со гранчиња магдонос.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот