13 - 24 рецепти од 26 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Компир салата >
Сосотојки:
-4 компири
-2 главици цвекло,
-4 јајца,
-1/2 кг. кисели краставички,
-1 дцл. јогурт,
-100 гр. ореви,
-100 гр. црни маслинки,
-оцет, масло, црн пипер, сол.
Упатства:
Компирите сварете ги со лушпа. Сварете ги и јајцата. Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки и ставете во длабока чинија. Додадете го изренданото цвекло. Тврдо сварените јајца исечете ги исто на коцки и измешајте ги заедно со цвеклото и компирите. Додајте ги исечените краставички. Извадете ги семките од маслинките, исецкајте ги и ставете во чинија. Јогуртот измешајте го со сецканите ореви и ставете го во салатата. Додајте сол, масло, оцет и уште еднаш добро измешајте.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата во домашни услови >
Сосотојки:
1-2 парчиња бело месо, печено или испржено
6-7 листови зелена салата
10-тина чери домати
Малечка краставица исечена на големи коцки
2 лажици кисело млеко
1 лажица павлака
Малку сенф
Маслиново масло
1 мала шолја кубети
Пармезан
Упатства:
Во длабока чинија ставете ги киселото млеко, павлаката, сенфот и доколку одберете неколку зачини како сол и бибер.
Сите останати состојки со исклучок на кубетите исечете ги, посолете ги и ставете им 2-3 лажици маслиново масло.
Промешајте и наредете во стаклен сад, па потоа прелијте со сосот од кисело млеко. Наросете ги кубетите.
Оладете ја салатата барем 1 час, па потоа послужете. Пред послужување посипете го пармезанот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена Мимоза торта >
Сосотојки:
300 g крекери
400 ml кисела павлака
300 ml мајонез
250 g фета сирење,
250 g шунка,
250 g рендан кашкавал,
5-6 кисели краставички
Упатства:
Изгмечете го сирењето со виљушка. Додадете го мајонезот во истиот сад. Додадете ја и киселата павлака, па добро промешајте.
Во една огноотпорна тава наредете слој крекери по желба.
Мешавината од сирење, мајонез и павлака поделете ја во 3 садови. Во едниот додадете ја шунката, во другиот кашкавалот, во третиот ситно сечканите краставички.
Редете ред крекери, па еден слој фил. Покријте со втор ред крекери, па додадете го вториот фил.
Филовите може да ги распоредите по желба, редоследот не е важен.
Оставете да се олади и зацврсти неколку часа во фрижидер, па потоа сечете коцки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Мексиканска салата >
Сосотојки:
Марула, црвена зелка, кромид,(бабури, печурки, тиквица, модар патлиџан печени на скара),од конзерва мешавина за мексиканска салата (пченка, грашок и пиперка) и кашкавал.
Упатства:
Сите состојки убаво се мешаат и одозгора се ренда кашкавал.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир салата >
Сосотојки:
1кг компир
1 главица кромид
4-5 кисели краставички
3 големи лажици мајонез
1 голема лажичка сенф
3-4 големи лажици јаболков оцет
2-3 чешниња лук
бибер и сол по вкус
Упатства:
Се вари компирот се лупи и се сечи на покрупни парчиња во длабок сад, кромидот исто така се сече покрупно и се додава, на кругчиња се сечкаат и додаваат и киселите краставички се посолува и добро се промешува
Во помал сад се мешаат мајонезот, сенфот, оцетот, ситно сецканиот(може и да се изренда на најситно) лук и се наросува со бибер. Со така приготвениот сос се прелива смесата со компири и не се меша
За подобар вкус компирот лупете го и сечкајте го додека е топол не го мијте со ладна вода
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Руска салата >
Сосотојки:
1 кг. компири
1/2 кг. моркови
250 гр. грашок
1/2 кг. шунка
2-3 кисели крставички
100 гр. кашкавал
1 лажиче сенф
1 тегла мајонез
Упатства:
Сите состојки ситно се сецкаат на коцки или се рендаат, се додава мајонезот и салата е готова.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата >
Сосотојки:
2 марули
300г пилешко филе
300г свежи домати
100г двопек
120г маслинки
100г пармезан
Сос за зачинување направен од сенф, мајонез и сок од лимон
Упатства:
Испечете го пилешкото филе на грил тава или на скара и исечкајте го на ситни коцки.
Искинете ги листовите од марулата на парчиња.
Исечкајте ги доматите на мали коцки.
Искршете го двопекот на парчиња.
Обескостете ги маслинките и ситно исечкајте ги.
Состојките ставете ги во длабок сад и додајте го претходно приготвениот сос за зачинување. Промешајте.
Изрендајте го пармезанот на површината на салатата и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Рижото со печурки и сирење >
Сосотојки:
- 300гр. ориз
- 200гр. свежи шампињони
- 1 чешне лук
- 1 луто пиперче (не мора)
- 1 китка магдонос
- 1 мал црвен кромид
- путер
- 1 чаша суво бело вино
- 1 коцка за супа
- 50гр. горгонзола
- 3 лажици маслиново масло
- 20гр. пиноли (слично на индиско оревче)
- сол
Упатства:
1. Исецкајте ги шампињоните и динстајте ги околу 7 минути на малку масло со исецканиот лук и лутото пиперче исечено на кругови, па посолете ги и наросете ги со сецкан магдонос.
2. Во друг сад пропржете го оризот со 25гр. истопен путер и исецкан црвен кромид. Залејте го со вино, додадете врела супа. Варете околу 15 минути постепено додавајќи ја супата.
3. Тргнете го од оган, додадете го оризот, малку путер и 25гр. изронета горгонзола, печурките со зеленчук и оставете да отстои околу 5 минути. Потоа додадете ја преостанатата горгонзола со печените пиноли.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од пилешко месо и макарони >
Сосотојки:
300 гр. пилешко месо
150 гр. моркови
50 гр. грашок
150 гр, пченка
100 гр, горгонзола
150 гр, макарони
1 лажица сенф
400 мл. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Вареното пилешко месо исечете го на коцки. Морковот исто така исечете го на коцки, па заедно со грашокот сварете ги во малку потсолена вода. На пилешкото месо додадете го зеленчукот, изрендана горгонзола,исцедената пченка и сварените и изладени макарони.
Измешајте го сенфот, павлаката и малку сол и прелијте над салатата од пилешко месо и макарони.
Уживајте!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Оброк салата >
Сосотојки:
350 гр. тестенини по избор
1 парче бело пилешко месо
1 мал врн домат
1 тиквичка
1 морков
1 мала главица кромид
2 чешне лук
1 лажица сусам
2 лажици маслиново масло
сол и бибер
Упатства:
Ставете го белото месо да се вари заедно со морковот. Кога ќе се свари исечете го на ленти.
Црниот домат и тиквичките исечете ги на парчиња. Во поголема тава загрејте масло и ставете ги тиквичките и доматот, па додадете ги белото месо и морковот. Додадете една чаша од супата во која се вареше белото месо. За тоа време сварете ги и исцедете ги макароните. Кога зеленчукот е готов исцедете го, измешајте го со макароните, додадете лук, една лажичка сусам и сол.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешка салата со сусам >
Сосотојки:
2 парчиња пилешки гради
200 гр зрна конзервирана пченка
350 мл кисела павлака
200 гр мајонез
1 лажица сенф
100 гр сусам
Масло, сол, црн пипер
Упатства:
Ги ставаме пилешките гради да се сварат, потоа ги сецкаме на ситни парчиња. Сусамот го запекуваме, па во поголем сад ги мешаме сите состојки.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од модар патлиџан >
Сосотојки:
1 модар патлиџан
мајонез
сол
бибер
Упатства:
1.Модриот патлиџан се пече, се лупи и меле во машина за мелење месо.По желба се додава мајонез, сол и бибер и се сервира како салата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот