1 - 12 рецепти од 26 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Велигденска салата со јајца >
Сосотојки:
7 јајца
1/2 чаша мајонез (можеби и повеќе)
4-5 лажици јогурт
1 чешне мелено лук
2 гранчиња свеж кромид
100 гр рендано сирење
сол, бибер
Упатства:
Варените јајца се лупат и се сечат на коцки. Ставете ги во сад и додајте ги мајонезот, ренданото сирење, издробениот лук и исечканиот кромид. Зачинете со црн пипер и сол и послужете со крцкав леб.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Есенска салата со сланина >
Сосотојки:
1 мала зелена салата (марула)
10 ленти сланина
1 јаболко без семки и кора
3 супени лажици сушени брусница
1 мала главица црвен кромид
100 гр рендано фета сирење
4 лажици печени семки од тиква, излупени
За дресинг:
1/4 чаша маслиново масло
1-2 лажици јаболков оцет
1-2 лажици мед
1 лажиче сенф
сол и бибер по вкус
Упатства:
Подготовка:
Сланината печете ја лесно во нелеплива тава, па одвојте ја на кујнска хартија. Исечете ги останатите состојки и ставете ги во сад. Додајте ја сланината, подгответе го преливот и зачинете ја салатата. Добро измешајте и послужете.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата во домашни услови >
Сосотојки:
1-2 парчиња бело месо, печено или испржено
6-7 листови зелена салата
10-тина чери домати
Малечка краставица исечена на големи коцки
2 лажици кисело млеко
1 лажица павлака
Малку сенф
Маслиново масло
1 мала шолја кубети
Пармезан
Упатства:
Во длабока чинија ставете ги киселото млеко, павлаката, сенфот и доколку одберете неколку зачини како сол и бибер.
Сите останати состојки со исклучок на кубетите исечете ги, посолете ги и ставете им 2-3 лажици маслиново масло.
Промешајте и наредете во стаклен сад, па потоа прелијте со сосот од кисело млеко. Наросете ги кубетите.
Оладете ја салатата барем 1 час, па потоа послужете. Пред послужување посипете го пармезанот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Редена салата со шампињони >
Сосотојки:
500 g свежи печурки
50 g магдонос
200 g сварено месо (свинско, телешко или пилешко, по желба)
200 g моркови
200 g кашкавал
200 g компири
100 g кисели краставички
200 g мајонез
Упатства:
Потпечете ги печурките на хартија за печење околу 10-тина минути попрскани со малку масло за јадење и сол.
Во подлабок кружен сад, наредете ги со „капите“ надолу.
Ситно сечкaниот магдонос (или рукола, секако, по желба), посипете го врз печурките.
Сварените компири ситно исечкајте (или изрендајте) ги и додадете ги врз магдоносот.
Намачкајте дебел слој мајонез врз салата.
Исчекајте ги киселите краставички на коцки и додадете ги во салатата, со уште малку мајонез доколку е потребно.
Исечкајте го вареното месо на коцкички и додадете го како нареден слој во салатата.
Претпоследниот слој се варените моркови (може да ги исечете и нив на коцки или на долги тенки ленти). Додадете мајонез доколку салатата ви е премногу сува.
Последниот слој се состои од рендан кашкавал. Додадете го врз салатата и добро измазнете со лажица.
Завиткајте ја салатата и ставете ја во фрижидер 2 часа. Откако добро ќе се стегне, превртете ја во поголема чинија, поделете прибор и – уживајте.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена Мимоза торта >
Сосотојки:
300 g крекери
400 ml кисела павлака
300 ml мајонез
250 g фета сирење,
250 g шунка,
250 g рендан кашкавал,
5-6 кисели краставички
Упатства:
Изгмечете го сирењето со виљушка. Додадете го мајонезот во истиот сад. Додадете ја и киселата павлака, па добро промешајте.
Во една огноотпорна тава наредете слој крекери по желба.
Мешавината од сирење, мајонез и павлака поделете ја во 3 садови. Во едниот додадете ја шунката, во другиот кашкавалот, во третиот ситно сечканите краставички.
Редете ред крекери, па еден слој фил. Покријте со втор ред крекери, па додадете го вториот фил.
Филовите може да ги распоредите по желба, редоследот не е важен.
Оставете да се олади и зацврсти неколку часа во фрижидер, па потоа сечете коцки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Оброк салата >
Сосотојки:
350 гр. тестенини по избор
1 парче бело пилешко месо
1 мал врн домат
1 тиквичка
1 морков
1 мала главица кромид
2 чешне лук
1 лажица сусам
2 лажици маслиново масло
сол и бибер
Упатства:
Ставете го белото месо да се вари заедно со морковот. Кога ќе се свари исечете го на ленти.
Црниот домат и тиквичките исечете ги на парчиња. Во поголема тава загрејте масло и ставете ги тиквичките и доматот, па додадете ги белото месо и морковот. Додадете една чаша од супата во која се вареше белото месо. За тоа време сварете ги и исцедете ги макароните. Кога зеленчукот е готов исцедете го, измешајте го со макароните, додадете лук, една лажичка сусам и сол.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од блитва >
Сосотојки:
Блитва
2 јајца
сирење
кромид
маслиново масло
сол
балсамико
Упатства:
Сите состојки се мешаат.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Телешка салата со шампињони >
Сосотојки:
1/2 кг варено телешко месо
3 главици кромид
4 варени јајца
1 тегла кисели краставички
1 тегла сецкани шампињони
1 тегла мајонез
сол и црн бибер по вкус
Упатства:
Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од пилешко месо и макарони >
Сосотојки:
300 гр. пилешко месо
150 гр. моркови
50 гр. грашок
150 гр, пченка
100 гр, горгонзола
150 гр, макарони
1 лажица сенф
400 мл. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Вареното пилешко месо исечете го на коцки. Морковот исто така исечете го на коцки, па заедно со грашокот сварете ги во малку потсолена вода. На пилешкото месо додадете го зеленчукот, изрендана горгонзола,исцедената пченка и сварените и изладени макарони.
Измешајте го сенфот, павлаката и малку сол и прелијте над салатата од пилешко месо и макарони.
Уживајте!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијанска салата >
Сосотојки:
1 марула
3 врзулки рукола
300г краставици
200г шери домати
100г маслинки
150г свинска пршута
150г пармезан
Сос за зачинување
Упатства:
Искинете ги листовите од марулата и руколата на парчиња.
Излупете ги краставиците, отстранете ги семките и останатиот дел исечкајте го на полумесечини.
Исечете ги шери доматите на четири парчиња.
Исечете ги пршутата и пармезанот на многу тенки парчиња.
Во чинија, најдолу ставете ги парчињата марула и рукола, а потоа додајте ги краставиците и доматите. Прелијте го сосот за зачинување и одозгора наредете ги парчињата пршута и пармезан.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата >
Сосотојки:
2 марули
300г пилешко филе
300г свежи домати
100г двопек
120г маслинки
100г пармезан
Сос за зачинување направен од сенф, мајонез и сок од лимон
Упатства:
Испечете го пилешкото филе на грил тава или на скара и исечкајте го на ситни коцки.
Искинете ги листовите од марулата на парчиња.
Исечкајте ги доматите на мали коцки.
Искршете го двопекот на парчиња.
Обескостете ги маслинките и ситно исечкајте ги.
Состојките ставете ги во длабок сад и додајте го претходно приготвениот сос за зачинување. Промешајте.
Изрендајте го пармезанот на површината на салатата и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со макарони >
Сосотојки:
1 пак. макарони
300 гр. кисели краставички
300 гр. сирење
300 гр. шункарица
400 гр. кисела павлака
300 гр. мајонез
Сол
Упатства:
Макароните ги вариме и ги цедиме од водата. Краставичките, сирењето и шункарицата ситно ги сечкаме и ги ставаме во подлабок сад. Ги додаваме исцедените макарони, посолуваме, ги додаваме и киселата павлака и мајонезот и убаво промешуваме. По потреба додаваме уште мајонез или кисела павлака. Салатата ја сервираме во чинија за салата и ја декорираме со гранчиња магдонос.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот