13 - 24 рецепти од 26 | Страница: | | 1 | 2 | 3 |
Рижото со печурки и сирење >
Сосотојки:
- 300гр. ориз
- 200гр. свежи шампињони
- 1 чешне лук
- 1 луто пиперче (не мора)
- 1 китка магдонос
- 1 мал црвен кромид
- путер
- 1 чаша суво бело вино
- 1 коцка за супа
- 50гр. горгонзола
- 3 лажици маслиново масло
- 20гр. пиноли (слично на индиско оревче)
- сол
Упатства:
1. Исецкајте ги шампињоните и динстајте ги околу 7 минути на малку масло со исецканиот лук и лутото пиперче исечено на кругови, па посолете ги и наросете ги со сецкан магдонос.
2. Во друг сад пропржете го оризот со 25гр. истопен путер и исецкан црвен кромид. Залејте го со вино, додадете врела супа. Варете околу 15 минути постепено додавајќи ја супата.
3. Тргнете го од оган, додадете го оризот, малку путер и 25гр. изронета горгонзола, печурките со зеленчук и оставете да отстои околу 5 минути. Потоа додадете ја преостанатата горгонзола со печените пиноли.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Руска салата >
Сосотојки:
1 кг. компири
1/2 кг. моркови
250 гр. грашок
1/2 кг. шунка
2-3 кисели крставички
100 гр. кашкавал
1 лажиче сенф
1 тегла мајонез
Упатства:
Сите состојки ситно се сецкаат на коцки или се рендаат, се додава мајонезот и салата е готова.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од блитва >
Сосотојки:
Блитва
2 јајца
сирење
кромид
маслиново масло
сол
балсамико
Упатства:
Сите состојки се мешаат.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од модар патлиџан >
Сосотојки:
1 модар патлиџан
мајонез
сол
бибер
Упатства:
1.Модриот патлиџан се пече, се лупи и меле во машина за мелење месо.По желба се додава мајонез, сол и бибер и се сервира како салата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата од пилешко месо и макарони >
Сосотојки:
300 гр. пилешко месо
150 гр. моркови
50 гр. грашок
150 гр, пченка
100 гр, горгонзола
150 гр, макарони
1 лажица сенф
400 мл. кисела павлака
малку сол
Упатства:
Вареното пилешко месо исечете го на коцки. Морковот исто така исечете го на коцки, па заедно со грашокот сварете ги во малку потсолена вода. На пилешкото месо додадете го зеленчукот, изрендана горгонзола,исцедената пченка и сварените и изладени макарони.
Измешајте го сенфот, павлаката и малку сол и прелијте над салатата од пилешко месо и макарони.
Уживајте!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со макарони >
Сосотојки:
1 пак. макарони
300 гр. кисели краставички
300 гр. сирење
300 гр. шункарица
400 гр. кисела павлака
300 гр. мајонез
Сол
Упатства:
Макароните ги вариме и ги цедиме од водата. Краставичките, сирењето и шункарицата ситно ги сечкаме и ги ставаме во подлабок сад. Ги додаваме исцедените макарони, посолуваме, ги додаваме и киселата павлака и мајонезот и убаво промешуваме. По потреба додаваме уште мајонез или кисела павлака. Салатата ја сервираме во чинија за салата и ја декорираме со гранчиња магдонос.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена Мимоза торта >
Сосотојки:
300 g крекери
400 ml кисела павлака
300 ml мајонез
250 g фета сирење,
250 g шунка,
250 g рендан кашкавал,
5-6 кисели краставички
Упатства:
Изгмечете го сирењето со виљушка. Додадете го мајонезот во истиот сад. Додадете ја и киселата павлака, па добро промешајте.
Во една огноотпорна тава наредете слој крекери по желба.
Мешавината од сирење, мајонез и павлака поделете ја во 3 садови. Во едниот додадете ја шунката, во другиот кашкавалот, во третиот ситно сечканите краставички.
Редете ред крекери, па еден слој фил. Покријте со втор ред крекери, па додадете го вториот фил.
Филовите може да ги распоредите по желба, редоследот не е важен.
Оставете да се олади и зацврсти неколку часа во фрижидер, па потоа сечете коцки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Телешка салата со шампињони >
Сосотојки:
1/2 кг варено телешко месо
3 главици кромид
4 варени јајца
1 тегла кисели краставички
1 тегла сецкани шампињони
1 тегла мајонез
сол и црн бибер по вкус
Упатства:
Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Туна салата >
Сосотојки:
1 павлака
500 гр мајонез
500 гр. фусили (макарони)
1 жолта пиперка 1 зелена 1 црвена
2 конзерви туна во парчиња
100 гр. фета сирење
Упатства:
На ситни парчиња(по желба) исечете ги пиперките и фета сирењето и додадете ги во претходно измешаните павлака, мајонез и туна, па заедно промешајте ги со изладените тестенини. Посолете и забиберете по сопствена желба. Салатата се служи ладна.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Француска салата >
Сосотојки:
1 кгр. мјонез
1 кгр. кисели краставички
1 кгр моркови
1 кгр. компири
5 јајца
грашак од конзерва
першун
сол и бибер
Упатства:
Секој вид зеленчук да се свари одвоено и да се остави да се излади. Јајцата сварете ги и оставете ги да се зладат. Исечкајте ги на ситно. Сварениот зеленчук и јајцата измешајте ги со мајонезот, зачинете со першун посолете и забиберете по сопствена желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата >
Сосотојки:
2 марули
300г пилешко филе
300г свежи домати
100г двопек
120г маслинки
100г пармезан
Сос за зачинување направен од сенф, мајонез и сок од лимон
Упатства:
Испечете го пилешкото филе на грил тава или на скара и исечкајте го на ситни коцки.
Искинете ги листовите од марулата на парчиња.
Исечкајте ги доматите на мали коцки.
Искршете го двопекот на парчиња.
Обескостете ги маслинките и ситно исечкајте ги.
Состојките ставете ги во длабок сад и додајте го претходно приготвениот сос за зачинување. Промешајте.
Изрендајте го пармезанот на површината на салатата и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Цезар салата >
Сосотојки:
1. 1 Марула.
2. Рукола.
3. 1 пилешки стек, испржен или на скара.
4. Пченки од конзерва или замрзнати.
5. Кубети
6. Малку сок од лимон.
7. 1 јајце.
8. Пармезан.
9. Мајонез, малку сок од портокал и бибер (доколку го правите сосот вие)
10. Vorcester sauce доколку се одлучите за готов сос, а можете да го најдете во поголемите маркети.
Упатства:
За подготовка на оваа салата потребно ви е марулата и руколата да ги исечкате ситно и да ги ставите во длабок сад. Потоа пилешкиот стек исечкајте го на ситни коцки и додадете го во садот. Истото направете го со јајцето. Додајте ги кубетите, пченката и сокот од лимун. Измешајте убаво и одозгора ставете го сосот и пармезанот.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот