1 - 12 рецепти од 270 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 23 |
Палачинки со ореви >
Сосотојки:
- 1 литар млеко
- 200 грама Ореви
- тесто за палачинки
- 150 грама Шеќер
Упатства:
Секоја палачинка се посипува со лажица мелени ореви, измешани со лажица шеќер. Се виткаат како ролати и се редат во огноотпорен сад. Одозгора се посипуваат со 3 лажици шеќер и литар млеко и се ставаат во рерна да се печат додека да се впие течноста.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Линцер срца >
Сосотојки:
Мера 1 чаша = 250 мл.
- 1 чаша мелени бадеми
- 2 чаши брашно
- 1/2 лаж. цимер
- 1/4 лаж. сол
- 2/3 чаша шеќер
- 1 чаша путер
- 2 жолчки
- кора од 1 лимон
- 1 лаж. природен екстрат од ванила
- шеќер во прав
- 1/2 чаша џем од јаготки
Упатства:
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во другиот садизмешајте путер и шеќер. Додајте ја жолчката, кората од лимон и ванилата.
Додајте ги сите состојки и добро соединете ги. Ставете го готовото тесто во целофан и ставете го во фрижидер да се излади. Да се исука и да се стави на хартија за печење. Со калапи да се исечат кекси во облик на срце и да се печат на температура од 177 C околу 10 минути, или додека не заруменат. Кога ќе се изладат да се премачкаат со мармалад и да се залепат како сендвичи. Да се чуваат во кутија.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1 пакетче прашок за пециво
1кг. jаболка
1 чаша растително масло
1 кафена чаша мелени ореви
1 лажица цимет
Упатства:
Тавата се мачка со малку од маслото. Рерната се загрева на 170 степени.
Првите 4 состојки се мешаат добро.
Половина од оваа мешавина се става во тавата. За да е рамномерно фатете ја тавата со двете раце и нежно навалете ја на едната, па на другарта страна.
Ренданите јаболка измешајте ги со циметот и оревите и распоредете ги врз првата смеса.
Врвот се покрива со втората половина од сувата смеса.
Се додава маслото со помош на лажичка.
Се измазнува и се пече додека да порумени (околу 20 минути).
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Целувки >
Сосотојки:
2 белки
150 гр. шеќер
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Во чист сад за матење ставете ги белките. Започнете со матење и додајте го сокот од лимон. Во текот на матењето постепено додавајте го шеќерот.
Матете со миксерот додека добиете цврст шлаг.
Тавата обложете ја со хартија за печење.
Со помош на готварски шприц формирајте целувки со форма по желба. Можете да ги направите кружни или правоаголни, изборот го оставаме на вас.
Целувките ставете ги да се печат во рерна на ниска температура од 130 степени за време од еден час. Печените целувки извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.Потоа послужете ги со омиленото кафе. На здравје!
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од Цедевита >
Сосотојки:
Цедевита и вода
Упатства:
Растворете Цедевита во вода, ставете го во калап за сладолед и потоа во замрзнувач... едноставно а вкусно за летните горештини.
Време потребно за подготовка: 7 минути
<< Сокриј го рецептот
Пудинг со чиа и манго >
Сосотојки:
400 мл кокосово млеко
4 лажици чија
1 големо манго, исечено на коцки
Свежо нане за декорација
Упатства:
Поделете го кокосовото млеко на 4 чаши. Распределете го чиа семето рамномерно во чашите. Мешајте. Ставете во фрижидер најмалку 3 часа додека чиата не набобри целосно. Можете да ја растворите целата количина чиа во целата количина кокосово млеко. Потоа изладете ја смесата во фрижидер 3 часа. Пред сервирање, украсете со свежо сецкано манго и нане.
Време потребно за подготовка: 8 минути
<< Сокриј го рецептот
Урбан колач од само 4 состојки >
Сосотојки:
100 гр. бисквити
100-120 гр. еурокрем
120 гр. путер
150 гр. бело чоколадо
Упатства:
За подлогата еурокремот истопете го на пареа со путерот и измешајте го со бисквитите. Постепено додавајте од бисквитите дури не добиете густа смеса(по потреба додадете уште малку бисквити). Натапкајте ја подлогата во мало плехче со хартија за печење. Одозгора прелијте го со бела чоколада исто така растопена на пареа. За поинтересен изглед јас одозгора го ишарав со црно чоколадо и со чачкалица направив разни шари дури не беше зацврстено белото чоколадо. Оставете сосем малку во фрижидер колку да се зацврсти чоколадото и може да го исечете и послужите колачот.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани во кокос >
Сосотојки:
банани
шлаг
кокос
Упатства:
Изматете шлаг и намачкајте ги излупените банани. Одозгора ставете им кокос и исечете ги на парчиња.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошен јогурт >
Сосотојки:
- 100 гр. јаготки
- 200 мл. јогурт
- 1 лажица шеќер
Упатства:
Јаготките се пасираат со вилушка и им се додава шеќер. Се оставаат да постојат 5 минути. Им се додава јогуртот и се меша.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана Сплит >
Сосотојки:
1 банана
3 топки сладолед
малку сецкани ореви
шлаг
чоколаден прелив
Упатства:
Бананата се расекува по должина и се става во долгманест сад. Во средината меѓу двете половинки се ставаат трите топчиња сладолед и се посипуваат со сецканите ореви. Одозгора се става шлаг и чоколаден прелив. Се украсува по желба.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени чоколадни топчиња >
Сосотојки:
100 г чоколадо
60 мл слатка павлака
1 лажица какао
Тесто:
1 јајце
160 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 мл млеко
1 прстофат сол
Плус:
масло за пржење
Упатства:
Искршете го чоколадото и заедно со павлаката загревајте да се поврзат состојките. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа од смесата правете топчиња со големина на орев и префрлете на еден час во фрижидер.
Од јајцето, млекото и брашното со печивото и малку сол изматете тесто за панирање, со густина како за колачи.
Во соодветен сад загрејте масло. Убаво стврднатите топчиња чоколадо вронувајте ги во смесата за панирање и пржете ги многу бргу во загреано масло, по 4 - 5 секунди од секоја страна. Бидете прзи во пржењето бидејќи чоколадото моѓе да се истопи.
Готовите топчиња со чоколадо извадете ги на кујнска хартија и сервирајте ги топли наросени со какао.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Крем банани со кокос >
Сосотојки:
2 банани
100 грама чоколадо
малку путер
1 лажица масло
Упатства:
Бананите ги сечкаме на кругови.
Чоколадото, путерот и маслото ги ставаме да се стопат.
Откако смесата ќе стане хомогена во неа ги ставаме бананите.Со виљушка ги превртуваме од двете страни убаво да се потопат во чоколадото.Потоа ги вадиме од тој сад и ги валкаме во кокос убаво од сите страни.Се послужуваат ладни.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот