13 - 24 рецепти од 270 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 23 |
Чизкејк во чаша >
Сосотојки:
– ? чаша млеко
– 2 чаша малини, јагоди (или некое друго овошје)
– 225 г. кремсир
– 1 чаша мелени бисквити
– кора од еден лимон
– 1 лажица мед
Упатства:
Помешајте го медот со кремсирот, додадете ја наренданата кора од лимон и млекото и добро измешајте. Ставете во тегла две лажици фил од сирење, потоа додадете 6-7 малини, и на крајот две лажици мелени бисквити, а потоа повторете ја постапката.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Фереро бомбици >
Сосотојки:
400 гр наполитанки
200 гр еурокрем
2 темни чоколади
малку мелени кикирики
Упатства:
Наполитанките ситно ги дробите со рака. Еурокремот и чоколадото ги топите заедно на пареа.
Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.
Ја месите смесата во топчиња, и потоа ги оставате да се стегнат во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен сладолед од банана со путер од кикирики >
Сосотојки:
2 банани со средна големина
? чаша путер од кикирики, природен или засладен по ваш избор
Кокос или чоколадо за посипување
Упатства:
Во садот на процесорот за храна, прво изгмечете ги бананите. Потоа додадете го путерот од кикирики и повторно матете додека не се изедначи. Добро е путерот од кикирики да остане на собна температура и да не биде премногу тврд и стегнат. Префрлете ја смесата во соодветен сад и замрзнете ја во замрзнувач неколку часа. Обликувајте топчиња со топка за сладолед. Украсете по ваш избор.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици a la Natuska85 >
Сосотојки:
600 грама ресана
150 грама мелени ореви
50 мл.млеко
пола коцка маргарин
Упатства:
Сето ова убаво се меша да дојде хомогена смеса, се прават бомбици и внатре може да се стави по една вишна или цреша од слатко од вишни или црешки.Се валкаат по желба во мрвици или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
200 грама Бисквити
100 грама Кокосово брашно
150 грама Лешник
200 грама Маргарин
100 милилитри Млеко
400 грама Шеќер во прав
Упатства:
Сите намирници се мешаат и се прават бомбици.
Во секоја од бомбиците се става по еден лешник.
Се валкаат во кокос и се шараат со чоколаден прелив (по желба).
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна салата >
Сосотојки:
Потребни состојки за 2 лица:
- 1/5 кг цреши
- 1/5 кг јагоди
- 2 праски
- 2 банани
- 1 портокал
- Шлаг пена
Упатства:
Добро измијте ги продуктите или излупете, а кај црешите извадете ги семките. Јагодите исечкајте ги на крупни парчиња како и праските. Бананите, на крукчиња, а портокалот разделете го. Црешите ставете ги цели, само без семки. Откако ќе го средите овошјето, наредете го во две високи чаши. Редењето може да биде и мешано овошје или ред, банани, ред цреши итн. По ваш избор. На крај, додадете шлаг пена, а врз неа една цела јаготка.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
100gr кокосово брашно
200gr бисквити
100ml млеко
200gr маргарин
400gr шеќер во прав
150gr лешници
Упатства:
Сите состојки се мешаат и рачно се прават бомбици. Во секоја од нив се става по еден лешник. Потоа, секоја бомбица посебно се валка во кокос.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта со јогурт >
Сосотојки:
500 мл јогурт
9 лажици шеќер
500 грама бисквити
смрзнато овошје (било какво)
шлаг
Упатства:
Се матат јогуртот и шеќерот додека се стопи шеќерот.Во таа смеса се кршат бисквитите , може по желба да се стави крембанани, се става и смрзнатото овошје.Се меси убаво за да може да се обликува.Се прави форма (круг, правоаголник како сакате) и одозгора се става шлаг, или рендано чоколадо.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизкејк од Нутела >
Сосотојки:
250 гр бисквити
100грама Путер
400 грама нутела
500 грама несолено сирење (како на пример Маскарпоне)
? чаша шеќер во прав
Упатства:
Во сад, измешајте го путерот исечен на коцки и една лажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка, само малку, колку да се растопат состојките.
Бисквитите сомелете ги, а потоа помешајте ја смесата од путер и Нутела.
Промешајте ги сите состојки и истурете ја во округол плех, кој претходно сте го намрсиле со путер.
Во посебен сад, изматете го крем сирењето со шеќер, а потоа додадете го остатокот од нутелата.
Изматете со миксер, за сe да се соедини убаво.
Истурете ја смесата врз смесата со бисквити, убаво оформете и ставете во фрижидер да се "стегне", пред да послужите.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од портокали >
Сосотојки:
300 мл слатка павлака
100 мл кисела павлака
5 портокали
150 грама шеќер во прав
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 лажичка ситно рендана кора од портокал
Упатства:
Во сад ставете ги слатката павлака, киселата павлака, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Потоа се заедно добро изматете со миксер, па додадете го сокот од исцедените портокали и ренданата кора од портокал.
Се заедно добро измешајте и ставете ја смесата во соодветен сад.
Сладоледот ставете го во ладилник за да стегне.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Најдобриот рецепт за бајадера >
Сосотојки:
9 лажици вода
20 дкг шеќер
15 дкг мелени ореви, бадеми или лешници
25 дкг Петит бисквити
17 дкг путер
10 дкг чоколадо
Малку рум
За прелив:
10 дкг чоколадо за готвење
Малку масло
Упатства:
Во тенџере додадете вода и шеќер и загрејте ја содржината на послаб оган додека шеќерот се стопи.
Додадете путер, тргнете го тенџерето од оган и мешајте се додека се стопи.
Кога путерот сосема ќе се стопи, додадете ореви и мелени бисквити и мешајте додека не добиете густа смеса.
Добиената смеса поделете ја на два дела.
Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во едната половина од смесата со оревите, а во другиот дел ставете рум.
На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата, оној со чоколадо и со раце оформете квадрат, а горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.
Врз него на ист начин ставете го другиот дел и обликувајте исто како претходно.
Остатокот од чоколадото се топи на пареа, додадете во тоа малку масло и посипете ја бајадерата со готовиот прелив.
Бајадерата се остава една ноќ да отстои во фрижидер за да се стегне, а следниот ден се сече на парчиња.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Јаболка во бел гроздов сируп >
Сосотојки:
1кг јаболка златен делишес
400мл гроздов сируп од бело грозје
200г ореви
150мл млеко
50г путер
2 кесички ванилин шеќер
2 лажици мед
Цимет
Упатства:
Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки листови.
Ставете ги во длабок сад и додајте гроздов сок и цимет.
Варете ги 15 минути, додека не добијат златно-жолтеникава боја и стаклест изглед.
Во посебен сад зовријте млеко со ванилин шеќер. Растопете го путерот во млекото и додајте ја смесата на претходно сомелените ореви.
Додајте мед и измешајте ја смесата за да добие кремаста структура.
Сервирајте ги јаболката во садови за сервирање и врз нив нанесете го кремот со помош на готварски шприц.
Во порцијата можете да додадете и сладолед од ванила со што ќе го подобрите вкусот на приготвениот десерт.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот