265 - 270 рецепти од 270 | Страница: | 1 | << | ... | 21 | 22 | 23 |
Слатко од кора од лубеница >
Сосотојки:
3 килограми кора од лубеница
2 филџани за кафе оцет
3 лимонтоси
100 грама суво грзоје
лимон
за шербет
750 грама вода
3 килограми шеќер
Упатства:
Корупките ги чистиме од зелената кора.Ги миеме и сечкаме на коцки.Ги ставаме да се варат во тенџере , им ставаме вода околу два прста над корупките.Се додаваат лимонтосите и оцетот.
Кога ќе се свари се цеди и се плакни 3 4 пати.
Во друга шерпа се спрема шербет, вариме 750 грама со 3 килограми шеќер околу 5 минути. Потоа ги тураме исцедените корупки и се варат додека се згусти шеќерот.
Кога ќе се извади од оган се става сувото грозје и лимон исечкан на парчиња.Се покрива со влажна крпа и се собира ладно во тегли.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач без месење >
Сосотојки:
5 јајца
250 гр путер
250 гр шеќер
250 гр урда
1 лажичка ванилин шеќер
екстракт од лимон
375 гр брашно
125 гр пченкарно брашно
2 лажички прашок за пециво
200 гр кора од лимон и портокал
100 гр суви црни рибизли
100 гр суво грозје
125 гр бланширани бадеми
125 гр цели лешници
125 гр ореви, крупно сецкани
1 лажица ракија
Масло за маснотии
За преливот:
1-2 лажици шеќер во прав
1 белка
? лажичка масло
Упатства:
Изматете ги јајцата и путерот заедно со шеќерот додека не се соединат. Додадете ја урдата, ванилата и есенцијата од лимон. Просејте го брашното заедно со пченкарното брашно и прашокот за пециво. Додадете лушпи од цитрус, црни рибизли, суво грозје, јаткасти плодови. Зачинете со ракија. На крај додадете ја смесата со јајцата и путерот. Промешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Издолжен сад за печење намачкајте со путер. Ставете го тестото во средината, израмнувајќи го малку со рацете одозгора. Печете на долната полица од рерната околу 2 часа. Откако колачот е готов, оставете го да се излади во калапот и дури потоа извадете го.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочни потпечени јаболка >
Сосотојки:
Јаболка по желба
? шолја овесни снегулки
? шолја кафеав шеќер
3 лажички цимет
1 лажичка каранфилче (по желба)
Коцка путер
Упатства:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки кои ги одбравте заедно со шеќерот и зачините.
Јаболката измијте ги и издлабете ги со лажица. Наполнете ги со мешавината од чинијата.
На врвот на јаболката ставете коцка путер.
Наредете ги во супер крчко тенџере или во тава, и истурете ? шолја вода.
Печете на тивко 3-4 часа.
Време потребно за подготовка: 200 минути
<< Сокриј го рецептот
Австралиски десерт со карамел и банани >
Сосотојки:
шеќер - 1 ч.ч.
скроб - 2 лажички
оцет - 1 лажиче
јајца - 4 парчиња (белки)
сол - 1 прстофат
ванила - 1 пак.
банани - 2 парчиња.
бонбони - 150 г препечен шеќер
павлака - 300 г
чоколадо - 50 г
Упатства:
Се меша шеќерот со нишестето. Белките се разбиваат со солта, ванила и се додава малку оцет, додека не се добие многу густа смеса. Се додаваат шеќерот и нишестето и се мати додека смесата не стане густа и сјајна.
Се стави на хартија за печење, ставена на задната страна на послужавник. Се оформува голема тркалезна торта од белки. Се измазнуваат со нож врвот и страните. Се стави во загреана на 180 степени рерна и веднаш се намалува на 150 степени.
Печете 2 часа до бледозлатеста боја. Рерната се исклучува и вратата се отвора сосема малку. По 2 часа тортата се вади. Се стави врз голема чинија и одозгора се ставаат парчиња банана.
Бонбоните од карамела се топат и во овој сос се потопуваат бананите. Слатката павлака се мати и се става одозгора. Чоколадото се ренда и со него се посипува десертот.
Време потребно за подготовка: 270 минути
<< Сокриј го рецептот
Бонбони од тиква >
Сосотојки:
1/4 тиква
1 чаша шеќер
1 чаша вода
екстракт од портокал
Упатства:
Тиквата се сечи на коцки и се става во варова вода да отстои неколку часа.
На оган се става 1 чаша вода и 1 чаша шеќер да зовријат. Се ставааат парченцата тиква во шербетот и се оставаат да вријат околу 30 минути.
Се вадат од шербетот и на нив се ставаат неколку капки екстракт од портокал. Се цедат и се валкаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 400 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од кафе и чоколадо >
Сосотојки:
- 8 жолчки
- 150 гр. смеѓ шеќер
- 600 мл. слатка павлака
- 2 лажици инстант кафе
- 2 лажици коњак
- 150 гр, темно чоколадо
- 1 лажица какао во прав
- Пластична кутија за сладолед
Упатства:
1. Во сад изматкајте ги жолчките ддека смесата не стане бледо жолта.
2. Во тенџере ставете ја слатката павлака, додадете го кафето и мешајте на тивок оган додека не зоврие.
3. Во павлаката почнете полека да ги додавате жолчките, со константно мешање.
4. Додадете го и коњакот и продлжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг.
5. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го какаото. Потполно растопеното чоколадо ставете го во кремот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да се излади.
6. Смесата ставете ја во пластична кутија и ставете ја во замрзнувач да стои најмалку 4 часа.
7. По четири часа извадете го сладоледот од замрзнувач и полузамрзнат измиксирајте го во блендер. Вратете го во садот и оставете го да замрзне уште 4 часа.
Време потребно за подготовка: 480 минути
<< Сокриј го рецептот